Забава
Пијани милиционери возат џип на Црвениот плоштад

Тројца пијани руски милиционери беа уапсени како се возат со автомобил на Црвениот плоштад
Тројца пијани руски милиционери беа уапсени како се возат со автомобил на Црвениот плоштад
Тројцата биле во униформи, иако не биле на служба за време на пијаната забава. Тие се појавиле на Црвениот плоштад, кој што е пешачка зона, забранета за автомобили, во раните часови на денот. Се возеле во приватниот џип на едниот од нив. Милиционерите биле уапсени од командоси на ФСБ (руската Федерална служба за безбедност) по дојава од граѓаните.
Тестовите на крвта покажале дека тројцата милиционери испиле сериозни количества алкохол. Тие се отстранети од работа, им следи глоба, а ќе бидат подигнати обвиненија за нарушување на јавниот ред./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Илјадници риби со необичен облик преплавија плажа во Калифорнија

Низата зимски бури што ја зафатија Калифорнија предизвикаа плажата северно од Сан Франциско да биде преплавена со необични суштества. Тие многу личат на машкиот полов орган и затоа добиле прекар пенис-риби.
Според списанието Bay Nature, овие суштества се всушност морски црви. Најмногу се наоѓаат под песокот и далеку од плажите, но неодамнешните бури ги извадија на површина.
Како што се гледа на фотографиите, изложени на плажа, пенис-рибите се лесен плен за птиците.
Инаку, овие суштества се деликатес во Јужна Кореја.
Забава
Фустан на принцезата Дајана продаден за 280.000 долари

Принцезата Дајана носела посебно дизајниран фустан на вечера во 1985 година во Белата куќа, кога танцувала со американскиот актер Џон Траволта. Фустанот го купила фондацијата која се грижи за кралската палата, за 280.000 долари.
Фустанот кој го дизајнирал Виктор Еделстин, во темносина боја, со голи рамена, а кој го носела принцезата Дајана, аукциската куќа „Кери Тејлор Оушн“ го ставила на продажба. Вредноста на фустанот е проценета на цифра од 320.750 до 384.900 долари, но бидејќи не го достигнала тој износ, фондацијата понудила да го откупи по аукцијата.
Diana’s Victor Edelstein dress, as worn at the White House, has been acquired by @HRP_palaces for £264,000 and will now form part of their historic royal dress collection. They have many of her dresses and have long displayed an exhibition of her clothes at Kensington pic.twitter.com/9uuugo6GI3
— Victoria Howard (@TheRoyalExpert) December 11, 2019
„Продаден е по аукцијата по цена од 220.000 британски фунти. Продавачот е воодушевен и се надевал дека ќе остане во Британија“, навела аукциската куќа.
Фондацијата „Хисторик Ројал Палас“, која се грижи за палатата „Хемптон корт и Тауер оф Лондон“, како и јавните делови на Кесингтонската палата во која некогаш живееше принцезата Дајана, објави дека купила дел од историјата.
Historic Royal Palaces acquires Diana’s iconic ‘Travolta’ dress for royal dress collection https://t.co/0PUlIDjyl7 pic.twitter.com/HOEG8yGI5X
— The Crown Chronicles (@crownchronicles) December 11, 2019
„Не само што фустанот ‘Траволта’ е фантастичен пример на луксузно шиење, чија цел била да воодушеви за време на државните посети, туку претставува и клучен момент во приказната за кралската мода во 20 век“, рекла кустосот Елери Лин од „Хисторик Ројал“.
Забава
(Видео) Русите направија „бмв“ управувано од куче

Момците од рускиот јутјуб-канал „Гаража 54“ се познати по тоа што сакаат да сечат автомобили, да ги преправаат и од нив да прават буквално сè и сешто, како и да ги украсувааат со разни можни додатоци од сопствено производство.
Овој пат автомобилот не бил исечен однадвор, туку внатрешноста на едно старо „бмв серија 3“ ја преправиле така што воланот и другите команди ги преместиле од предното на задното лево седиште.
Кога се увериле дека конверзијата излегла како што ја замислиле, тие го ставиле германскиот овчар Самурај на предното седиште зад оригиналниот волан што не го поместиле, дале гас и се упатиле кон градот.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми