Контакт

Забава

Десет години затвор за свингери

Објавено пред

Брачна двојка од Египет е осудена на вкупно десет години затвор поради тоа што организирале свингерски забави

Брачна двојка од Египет е осудена на вкупно десет години затвор поради тоа што организирале свингерски забави. Сопругот (48), државен службеник, доби седум години, а неговата девет години помлада сопруга, учителка, три години затвор.

Судот вели дека го направиле едно од најтешките и најодвратни кривични дела, за што не постојат олеснувачки околности.

Нивните адвокати ќе се жалат бидејќи во Египет е забранет вонбрачниот секс, а во овој случај сите учесници на оргиите биле во брак.

Полицијата ги уапсила свингерите кога на интернет поставиле оглас во кој барале брачни двојки заинтересирани за секси забави и ги обвини за проституција, иако не станува збор за платен секс.

Осудените сопружници пред судот изјавиле дека биле во врска со уште три брачни двојки и оти одбиле 40 пара кои не биле венчани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Објавено пред

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се огласи за првпат од почетокот на епидемијата кон крајот на декември.

Начините за пренесување на новиот вирус сè уште не се целосно мапирани и изворот на вирусот не е познат, се вели во соопштението на комисијата.
        
Во соопштението се додава дека следењето на вирусот ќе биде засилено за време на кинеската Нова Година кога голем дел од кинеската популација ќе патува за да го прослави овој празник следната недела.
        
Седумнаесет нови случаи на пневмонија предизвикани од нов коронавирус, од кои двајца веќе починале, се пријавени во централна Кина. Досега се откриени 62 случаи на новооткриениот вирус во градот Вухан, потврдија официјалните лица, потсетувајќи дека двајца починале додека осум пациенти се во критична состојба.
        
Азиските земји, како и трите аеродроми во САД, воведоа специјален преглед на патници кои пристигнуваат до авиокомпании од централна Кина од страв од можно ширење на вирусот. Меѓу овие земји се Тајланд и Јапонија, кои веќе пријавиле три случаи кај луѓе кои дошле од Вухан.
        
Светската здравствена организација предупреди за можно ширење на вирусот, како и за ограничен пренос од човек до човек.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Двајца мексикански актери загинале при снимање на серија

Објавено пред

Мексиканските актери Хорхе Наваро Санчез и Луис Герардо Ривера загинале при проба на сцени за снимање на серија.

Станува збор за серијата „Без страв од вистината“ на мексиканската ТВ продукција „Телевиса“, која во краткото соопштение извести дека Санчез и Ривера починале ноќта меѓу четврток и петок, но не пренесе други детали.

Сепак, според последните извештаи, до инцидентот дошло кога двајцата актери трчале по мост специјално изработен за сцената. Тие се сопнале и паднале од висина од пет метри.

Во извештајот се додадва дека продукцијата е во контакт со мексиканските власти, како и дека телевизијата жали поради несреќата и испраќа сочувство до семејствата на загинатите актери, пренесе агенцијата АП.

 

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Презентерката што ја исмеваше вродената мана на Хоакин Феникс се извини

Објавено пред

Презентерката Венди Вилијамс (55), една од најпопуларните радио и телевизиски ѕвезди во Америка, ги налути гледачите со своето однесување во своето ток-шоу The Wendy Williams Show, кое се емитува од 2008 година. Таа се исмевала со вродената мана на актерот Хоакин Феникс (45).

„Неговите продорни очи го прават привлечен, но во исто време тој изгледа многу чудно со таа лузна на горната усна. Како се вика тоа? Дали е тоа зајачка уста, расцеп на устата и непцето?“, праша Вилијамс. Притоа таа направила гримаса покажувајќи го тоа на себе.

Прв реагирал Адам Бигил (31), играч на американски фудбал, кој и самиот се родил со т.н. зајачка уста, а поради оваа вродена малформација морал да се оперира и неговиот мал син Бију.

„Нејзините постапки се грозни, неприфатливи и навредливи и јавно повикуваат на малтретирање“, напиша спортистот на „Твитер“, а набргу потоа и пејачката Шер (73) ја нападна Венди Вилијамс.

„Венди, засрами се! Која си ти воопшто? Треба да бидеш отпуштена“, рече Шер, која со години волонтира во Американското здружение за нега на деца со краниофацијални нарушувања.

Вилијамс на крајот се извини на „Твитер“ за суровите коментари што ги дала на сметка на Хоакин Феникс.

Таа исто така вети дека ќе донира пари за операции за да им помогне на семејствата што се борат со такви состојби.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет5 часа

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава6 часа

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион9 часа

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет9 часа

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија13 часа

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Европа14 часа

Осум мртви во Чешка, се запалил дом за лица со попреченост

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Чешка, кој денеска избувнал во дом за лица со инвалидитет. Повредени се околу...

Македонија15 часа

Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

Петар Рупески, 30-годишник од Варош, беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро...

Македонија16 часа

Пендаровски: Богојавление е потсетник материјалните предизвици да не нè оттргнат од духовните вредности

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква –...

Европа1 ден

Хари и Меган останаа без кралските титули

Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, нема да ги користат титулите...

Македонија1 ден

Шилегов: Тргнати се основите за панорамското тркало, добивме мост без барокни елементи

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на „Фејсбук“ објави фотографии од кои се гледа дека јавните служби од коритото на реката Вардар...

Македонија1 ден

Емил Јакимовски кој им се закануваше на две новинарки доби осумдневен притвор

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар. „Осумдневниот притвор му...

Македонија1 ден

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Свет1 ден

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад...

Топ1 ден

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел...

Економија2 дена

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет2 дена

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура2 дена

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија2 дена

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија2 дена

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Досие