Забава
Создаден најточниот часовник на светот
Научници го создадоа најточниот часовник на светот, кој нема да задоцни ни секунда во следните 300 милиони години
Научници го создадоа најточниот часовник на светот, кој нема да задоцни ни секунда во следните 300 милиони години.
Научниците соопштуваат дека тој нов автоматски часовник е двапати поточен од системите што се користат во моментот.
Автоматскиот часовник, изработен од стронциум, се заснова на контрола на природна вибрација на атомите, за да биде постојано во чекор со точното време.
Новитетот кај овој часовник, разработен од професори на универзитетот во Колорадо, е што тој го прави „ефектот на нишалото“ на атомите уште поритмичен, бидејќи ги лови со ласерски снопови, кои ги ладат атомите до температура при која секоја материја престанува да емитира звук.
„Еден атом се состои од јадро и електрони, кои кружат околу јадрото по точно определени орбити“, појаснува професорот Јан Томсен, физичар од универзитетот во Копенхаген, кој работел со колегите од Колорадо.
„Користејќи ласер, можеме да го контролираме движењето на електроните во точно определена насока меѓу орбитите и тоа претставува отчукувањето на атомскиот часовник“, тврдат научниците.
Тие имаат намера да стигнат уште подалеку, да создадат атомски часовник со перфектна точност. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Северина објави видео од нејзината мајка Ана во Арена Загреб: „Уште сум твоето мало девојче“
Северина објави видео од нејзината мајка Ана на еден од нејзините два концерта во Арена Загреб. Таа ја посвети песната „Далматинка“ на својата мајка, која пееше заедно со својата ќерка од трибините, заедно со еден пријател.
„[На мајка ми] јас бев твоето мало девојче… и сѐ уште сум“, напиша Северина покрај видеото.
„Толку сум среќна што синоќа го забележав овој момент на гордата мајка на Северина што не можам да ви опишам. Жената што роди легенда, не само музичка, туку и борец во приватниот живот, како и борец за вистината, правдата и човековите права, ја гледа својата ќерка во преполната Арена која неколку моменти претходно ѝ ја посвети оваа песна. Трогателен момент“, напиша претходно Ника Паиќ, авторката на снимката.
фото: принтскрин
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.
Забава
Влатко Лозаноски со мегашоу: „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“
Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.
„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.
Картите за настанот се веќе во продажба. Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.

