Забава
Кампувал пред банкомат што му ги “украл“ парите
Господинот Мао, вратар кој работи во Шенжен, во јужниот дел на провинцијата Гуандонг, го “нахранил“ банкоматот со седум илјади јуани, но на крајот на
Господинот Мао, вратар кој работи во Шенжен, во јужниот дел на провинцијата Гуандонг, го “нахранил“ банкоматот со седум илјади јуани, но на крајот на операцијата, апаратот му покажал грешка и ги задржал парите.
Откако банкоматот пристојно ја вратил картичката, Мао отишол до следниот банкомат и открил дека износот не му е префрлен на сметката.
Тогаш Мао се јавил дома и побарал да му донесат кревет и столче. Имено, тој одлучил да ја преседи ноќта покрај “лошиот“ банкомат, за случај да не помине некој и со нова “грешка“ да ги собере неговите пари, што очигледно некаде заглавиле.
Наредното утро, вработените во банката го сервисирале автоматот и му ги вратиле парите на Мао.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.
Забава
Влатко Лозаноски со мегашоу: „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“
Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.
„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.
Картите за настанот се веќе во продажба. Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.
Забава
(Фото) Крие магија под капутот: една од најубавите жени во најкраткото фустанче досега
Актерката Ања Тејлор Џој се појави на настан во Њујорк организиран од „Тифани и ко.“ и ги потсети сите зошто баш таа е избрана за најубава жена на светот.
Русокосата убавица за овој настан избра краток бел фустан, со асиметричен топ и висока јака, што му даде на целиот моден изглед доза драма.

Но, и покрај сето тоа, нејзините долги нозе беа во преден план, па нема некој кој не ѝ обрна внимание на Ања кога се појави пред фотографите.

За дополнително да го нагласи својот изглед и шминката, Ања ја исправи косата и ја собра во пунџа, а белиот фустан го спои со едноставни потпетици во иста боја. Преку него носеше преголем капут, исто така во бела боја, кој од сите детали имаше само ремен за да ја нагласи половината.

И тоа беше доволно Ања Тејлор Џој да биде главна тема уште од првиот чекор.
фото: принтскрин

