Забава
“Тивкиот“ инфаркт е многу почест
“Тивкиот“ инфаркт на срцевиот мускул, кога изостануваат вистинските симптоми, е почест отколку што се мислеше, покажа едно испитување базирано врз
“Тивкиот“ инфаркт на срцевиот мускул, кога изостануваат вистинските симптоми, е почест отколку што се мислеше, покажа едно испитување базирано врз нова технологија за снимање на срцето.
Скоро 200 илјади луѓе во САД секоја година доживуваат срцев удар, а за тоа не знаат, бидејќи не чувствуваат болка, или чувствуваат болка но ја припишуваат на други причини, вели Хан Ким, кардиолог на медицинскиот факултет при универзитетот Дјук, во Северна Каролина.
Таквите прикриени инфаркти не можат да се утврдат со ЕКГ. Новата постапка за снимање на срцето со високо резолуциска или таканаречена забавена магнетна резонанца (ДЕ-ЦМР) се чини соодветна за откривање на оштетувањата предизвикани од тие незабележливи инфаркти, бидејќи системот овозможува откривање на разликата меѓу здравото и оштетеното ткиво.
Научниците во текот на истражувањето со оваа постапка прегледале 185 пациенти кои имале предиспозиции за срцеви болести, но не доживеале срцев удар.
Кај 35 проценти од испитаниците тие откриле знаци на “тивок“ инфаркт. Станува збор за инфаркт при кој изостанува бранот Q, кој, пак, на ЕКГ ги прикажува оштетувањата на срцевиот мускул.
Тие инфаркти се три пати почести од видливите и биле потипични за испитаниците со потешки срцеви тегоби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Винслет: Дел од моите први интимни искуства беа со жени
Славната актерка Кејт Винслет откри дека како тинејџерка имала интимни искуства и со жени, за што отворено зборуваше во подкастот „Team Deakins“. Таа се наврати на улогата во филмот Heavenly Creatures, кој ѝ ја лансираше кариерата и во кој толкува сложен однос меѓу две тинејџерки.
„Ќе споделам нешто што досега никогаш не сум го кажала – дел од моите први интимни искуства беа со девојки. Бев љубопитна и во таа фаза од животот тоа ми помогна подобро да се поврзам со ликот“, изјави Винслет.
Улогата во „Heavenly Creatures“ ѝ го отвори патот кон успешна кариера, која кулминираше со светска слава по филмот Titanic. Денес, таа зад себе има богато актерско портфолио, а неодамна го оствари и својот режисерски деби со филмот „Goodbye June“, достапен на Netflix.
Винслет е позната по тоа што внимателно го чува приватниот живот, но и по јавното залагање за правата на LGBTQ+ заедницата. Во претходни интервјуа таа зборуваше и за стравот што многу млади актери го чувствуваат во Холивуд доколку јавно ја откријат својата сексуалност, поради можни последици врз нивната кариера.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Црниот фустан на Кејт Хадсон е совршен за празничните вечери
Кога зборуваме за стајлингот на Кејт Хадсон, на ум паѓа само еден збор, а тоа е – елеганција.
Славната русокоса се смета за дама со стил и вкус, а тоа го докажала многу пати на големи настани, особено за време на бројните промоции на филмот „Song Sung Blue“.
Сега повторно покажа дека едноставноста и елеганцијата немаат замена, а за нејзиното појавување во емисијата „Watch What Happens Live“ носеше безвременско парче облека – црн фустан од Balmain. Станува збор за минималистички модел без прерамки што ја следи линијата на телото.
Златниот детаљ во горниот дел од креацијата беше исто така впечатлив, што му даде на аутфитот доза на луксуз. Стајлингот го надополни со златни додатоци, едноставна фризура и шминка во земјени тонови.
Стилистката Емили Санчез беше задолжена за беспрекорниот изглед на Кејт.
Забава
(Фото) Скопје во еден ритам: Махмут Орхан пред повеќе од 7.000 посетители
Светски познатиот DJ приреди моќен арена настап и незаборавна електронска вечер во Арената „Борис Трајковски“.

Над 7.000 посетители ја исполнија арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што светски познатиот турски DJ и продуцент Махмут Орхан приреди спектакуларен настап во рамки на „The Arena Experience“, во организација на Music Rituals.

Вечерта започна со програма на домашни изведувачи Anna Noodle и Danyel, Brancez и Lephonq, и странски изведувачи Stasi Sanlin и People Like Us, кои со своите сетови ја подигнаа енергијата пред главниот настап.

Со врвна продукција, впечатливи визуелни ефекти и својот препознатлив мелодичен електронски звук, Махмут Орхан ја донесе глобалната клубска енергија создавајќи силна атмосфера и незаборавно музичко доживување за публиката.

Настанот уште еднаш го потврди потенцијалот на Скопје како дестинација за големи меѓународни електронски музички продукции и постави нови стандарди за ваков тип на настани во регионот.


