Контакт

Забава

Црногорски Ром ја освои Италија

Објавено пред

Ферди Бериша, дваесетидвегодишен Ром од Црна Гора победи во финалето на деветата сезона на италијанското реално шоу Големиот брат (Big Brother)

Ферди Бериша, дваесетидвегодишен Ром од Црна Гора победи во финалето на деветата сезона на италијанското реално шоу Големиот брат (Big Brother), освојувајќи награда од 300 илјади евра.

Неговата искрена и потресна исповед за тажното детство, минато во сиромаштија и далеку од семејството ја освои италијанската публика, која го следеше шоуто, емитувано на телевизијата Медиасет, сопственост на премиерот Силвио Берлускони.

Финалето на италијанскиот Голем брат го следеле осум милиони гледачи, од кои најголемиот дел го поддржувале Бериша.

Ферди Бериша дошол во Италија со својот татко, кога имал осум години. Тој раскажувал како татко му го терал да проси и краде. Полицијата ги раздвоила и го пратила Ферди во институтот Дон Орионе во гратчето Фано на јадранскиот брег, каде момчето можело да посетува училиште. По пет години минати во институтот Ферди минал две години кај едно италијанско семејство, а сега работи како помошник готвач во ресторан во Фано.

Италијанските медиуми со големо внимание го проследија неговиот триумф, а дел од насловите беа „Црногорски Ром ја освои Италија“, „Ферди Бериша, од имигрант до крал на куќата“./крај/фо/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Тамара Еклстон: Убаво е да се има брат во нашето семејство на девојчиња

Објавено пред

Тамара Еклстон (37) е пресреќна поради приновата во нивното семејство. Нејзиниот татко Берни Еклстон (89) и сопругата Фабијана Флоси (44) станаа родители на момчето Ас.

„Не можеме да бидеме посреќни, ова се посебни моменти. Убаво е да се има брат откако цело време бевме семејство на девојчиња“,  коментираше Тамара за „Дејли мејл“.

Берни и Фабијана во април објавија дека очекуваат бебе. Малиот Ас е 65 години помлад од првата ќерка на Берни, Дебора, која ја доби со својата прва сопруга Ајви Бамфорд.

„Беше лесно. Породувањето траеше 25 минути. Фала му на Бога“, рече Фабијана за германските медиуми. Берни додаде дека е горд.

Покрај Тамара и Дебора, Берни е татко и на ќерката Петра (31). Тамара и Петра ги доби во брак со хрватската манекенка Славица Радиќ (62).

Берни се запозна со Фабијана пред многу години, но на почетокот биле пријатели и имале професионална врска. Тие се венчаа во 2012 година.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Неверојатна сцена: Орел грабна ајкула

Објавено пред

Посетителите на плажа во Јужна Каролина присуствувале на речиси неверојатен настан – тие виделе орел што грабнал ајкула од океанот, а потоа без никаков проблем летнал со неа.

Видеото, кое се шири на социјалните мрежи, прикажува орел што се спушта на површината на океанот, ја зграпчува ајкулата со канџи и потоа лета преку плажата.

Жената која ја снимила сцената изјави дека ајкулата била голема околу два метра и дека орелот летал со неа без никаков проблем, како да е мала, златна рипка.

Капачите на популарната плажа во Јужна Каролина биле со часови во шок, пренесува порталот Б92.

Прикажи повеќе...

Забава

Џефри Раш доби најголема отштета за клевета во историјата на Австралија

Објавено пред

Холивудската sвезда Џефри Раш ја доби најголемата отштета за клевета досега платена во Австралија, откако австралискиот суд ја отфрли жалбата на весникот во сопственост на Руперт Мардок.

Оскаровецот ќе добие два милиони долари поради изгубената заработка и како надомест откако судот ја отфрли жалбата за намалување на трошоците и повторно судење.

Оваа одлука против Nationwide News, австралиската подружница на „Њуз корп.“, е последниот пресврт во правната битка помеѓу Раш и „Дејли телеграф“, кој го обвини за непримерно сексуално однесување кон актерките.

Во статијата на насловната страница објавена во 2017 година, „Дејли телеграф“ напиша дека Сиднејската театарска компанија добила поплака дека Раш непримерно ја допирал колешката за време на поставувањето на претставата „Кралот Лир“.

Судијата во Сиднеј ја опиша содржината на статијата како безобѕирен и неодговорен пример на сензационалистичко новинарство.

Локалните медиуми објавија дека сумата што Раш ќе ја добие е најголемата досега платена на поединец во Австралија, која има строги закони за клевета.

Раш освои Оскар за улогата во филмот „Блесок“ во 1996 година и е еден од малкутемина што освоија и Златен глобус, Еми и Тони.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ1 час

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија3 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија4 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ5 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа6 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет7 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет19 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија23 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа23 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион1 ден

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет1 ден

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет1 ден

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Досие