Забава
Хакери украле информации за американски воен авион
Најскапиот проект на Пентагон, воениот авион Ф-35 вреден 300 милијарди долари, бил цел на напад на компјутерски шпиони кои неколку пати провалиле во
Најскапиот проект на Пентагон, воениот авион Ф-35 вреден 300 милијарди долари, бил цел на напад на компјутерски шпиони кои неколку пати провалиле во системот, објави Вол Стрит Журнал.
Информацијата била потврдена од бројни извори блиски до американската влада и Пентагон.
Хакерите ископирале информации „тешки“ неколку терабајти за дизајнот и електронскиот состав на авионот, кои што се важни информации, затоа што Ф-35 е дизајниран како воен авион чиј што труп ги одбива радарските зраци, што авионот го прави невидлив.
Не се знае точно кои податоци се украдени и колкава е штетата, затоа што хакерите користеле програма која што ставила енкрипција на сите податоци што ги украле. Сепак, се знае дека компјутерските шпиони не успеале да дојдат до клучните податоци, затоа што тие се чуваат во компјутери кои што немаат пристап до Интернет.
Напаѓачите влегле во системот преку компании кои работат на проектот, но и преку некои американски сојузници. Најмалку еден од упадите бил извршен во Турција, а уште еден во друга земја сојузник на САД.
Пентагон не сака да го коментира случајот, а американското воено воздухопловство потврди дека покренало истрага за упад во системот.
Пентагон, минатиот месец објави извештај за зајакнување на способноста на електронската шпионажа на кинеската војска. Извештајот посочува дека Кинезите на тој начин го компензираат недоволниот развој на воената технологија./крај/х/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.
Забава
Интензитет, страст и самодоверба: Кои хороскопски знаци имаат најсилно либидо
Според астрологијата, страста и сексуалната енергија се поврзани со инстинктот, самодовербата и односот кон емоциите и телото. Постојат хороскопски знаци кај кои либидото е поизразено и силно поврзано со личноста.
Шкорпија
Луѓето родени во овој знак се познати по силна сексуална енергија и длабока страст, поврзана со емоции и интензитет. Нивната привлечност често е мистериозна, а желбата долготрајна.
Овен
Кај Овните страста е импулсивна и директна. Либидото е поврзано со енергијата, натпреварувачкиот дух и потребата за освојување, што ги прави исклучително страсни.
Лав
Лавовите ја поврзуваат страста со чувството на посакуваност и самодоверба. Нивното силно либидо произлегува од харизмата и потребата да бидат ценети и обожавани.
pexels
Забава
Познато како треба да изгледа идеалната жена: Дуа Липа најблиску до неа
Кога се прашувате кои критериуми мора да ги исполни најсексапилната жена на светот за да биде на врвот на ваква листа, првото нешто што веројатно ви паѓа на ум не се карактеристиките, туку познатите жени, кои, според вас, се најсексапилни.
Идеалните стандарди за убавина често се тема и се многу подложни на промени како што трендовите доаѓаат и си одат, меѓутоа постојат некои параметри, кои се универзални и не треба да се менуваат.
Како што покажа истражувањето на PlayersTime, идеалната најсексапилна жена треба да има кафеави очи, долга кафеава коса и лице во облик на срце. Таа е висока приближно 172 сантиметри и вита, а многу е веројатно дека има барем една тетоважа на некој дел од телото. Според студијата, пластичната хирургија треба да испадне од оваа листа.
View this post on Instagram
Интересно е и тоа што таквите жени обично се веќе зафатени, повторно покажа студијата. Исто како и кога станува збор за теоријата за златниот пресек, ниедна дама не ги исполнува целосно сите овие критериуми, но има и такви што се најблиску до неа.
На врвот се Дуа Липа, Хејли Бибер, Емили Ратајковски, Шеј Мичел и Лили Олдриџ.
„Следејќи ги жените што се најдоа на листата на Maxim Hot 100 од 2016 до 2025 година, гледаме како се развива идеалот за модерна привлечност. Имињата може да се менуваат, трендовите може да се променат, но одредени особини остануваат: елеганција, раскошна коса, самоуверено присуство и онаа недостижна мешавина од младост и софистицираност“, објасни истражувањето од PlayersTime.
View this post on Instagram
Каде што има жени, има и мажи, па затоа беше невозможно да се спроведе ова истражување и да се изостават. Според ова истражување, идеалниот маж е висок најмалку 183 сантиметри, има кафеава коса, кафеави очи и уредна брада. Оваа година овие критериуми ги исполни Џонатан Бејли, кој многу се доближи до овие параметри.

