Забава
Називот “свински грип“ – несоодветен
Називот “свински грип“, што се употребува за епидемијата од Мексико не е соодветен, бидејќи вирусот што го предизвика не е пронајден кај животните
Називот “свински грип“, што се употребува за епидемијата од Мексико не е соодветен, бидејќи вирусот што го предизвика не е пронајден кај животните, соопшти во понеделникот Светската организација за здравје на животните (ОИЕ).
“До денес вирусот не е изолиран кај животните. Не е оправдано таа болест да се нарече свински грип“, оценува организацијата.
Називот “свински грип“ од петокот го користи Светската здравствена организација (СЗО) за болеста од која во Мексико починаа околу 150 луѓе.
Главниот директор на ОИЕ, Бернар Валат изјавил во понеделникот дека за тоа преговараат со СЗО.
Во минатото неколку епидемии со животинско потекло се наречени според земјата од која потекнале, на пример шпански грип (1918 – 1919) или азиски грип (1957 – 58), поради што би било разбирливо овој грип да се нарече северноамерикански, смета ОИЕ, организација со седиште во Париз, а во која членуваат 174 земји.
Нема докази за пренесување на вирусот преку храна, тврди ОИЕ, која ги смета несоодветни ограничувањата во трговијата што ги воведоа некои земји, како на пример Кина.
Само резултатите кои би го докажале движењето на вирусот меѓу свињите во подрачјата каде има заразени луѓе би ги оправдало трговските мерки за увоз на свинско месо од тие земји, се вели во соопштението на ОИЕ.
Не станува збор за класичен вирус на човечки грип, кој го нарекуваат и сезонски грип, од кој секоја година заболуваат неколку милиони луѓе во светот, туку за вирус со карактеристики на свински, птичји и човечки грип, се додава во текстот. /хи/мб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашијан, како нејзина мајка, трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – „тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува“.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тикток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокираше сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација што ја комбинираше со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следеше лавина од коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тикток“, додека друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, искоментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

