Забава
Три сценарија за ширење на грипот
Сценарија за ширење на вирусот на мексиканскиот свински грип се разгледани на меѓународниот собир на епидемиолозите, што се одржува во Франција
Сценарија за ширење на вирусот на мексиканскиот свински грип се разгледани на меѓународниот собир на епидемиолозите, што се одржува во Франција, а бил закажан пред појавата на новиот вирус, со тема можности за пандемија на птичјиот грип.
Според првото сценарио, можно е вирусот ограничено да се шири извесно време, потоа да го изгуби потенцијалот и мистериозно да исчезне, како што се случило во 1976 година во Америка.
Од друга страна, постои и најлошата варијанта – вирусот да има многу висок потенцијал за ширење меѓу луѓето.
Според третата варијанта, која според мислењето на стручњаците е многу веројатна, станува збор за вирус со умерен потенцијал, кој постепено ќе се зголемува и со текот на времето ќе добие способност за подобро пренесување меѓу луѓето.
Во овој случај сериозниот пандемиски бран може да се очекува наесен или следната година.
За вакво сценарио постојат и историски примери: 1918 година пандемијата прво се разгорела во Канзас, потоа се смирила, за наесен да се појави во Шпанија, а слична зараза во претходните две години, со ограничено ширење се појавила во Франција.
Американскиот Онлајн Журнал објави дека двајца новинари од угледни локални весникци, еден од Мексико, друг од Џаката, по разговор со високи претставници на ОН и Светската здравствена организација (СЗО) “се убедени дена новиот вид вирус е резултат на вештачки произведен патоген, што може да доведе до пандемија“.
“Вирусот А-H1N1 има одредени трансмисиски вектори што упатуваат на тоа дека новиот вирус на грип е генетски модификуван како биолошко оружје“, изјавил неименуван врвен научник при ОН, кој смета дека смртоносната ебола, вирусот на ХИВ и актуелниот вирус на свински грип А-H1N1 се биолошко оружје.
Како доказ за своето тврдење неименуваниот научник при ОН навел дека меѓу свињите нема регистрирани случаи на инфекција со вирусот А-H1N1, иако вирусот од свињитте се пренел на човекот и натаму се ширел меѓу луѓето.
Центрите за контрола на болестите и превенција наведуваат дека вирусот А-H1N1 се состои од сегменти на гени на северноамериканските свињи, дел од вирусот на човечкиот и птичјиот грип и сегменти од евроазиски свински грип.
Според медиумите, официјалните претставници на СЗО се уплашени од присутноста на генетскиот материјал на -H5N1 во вирусот на свинскиот грип А-H1N1, што би можело да значи дека новиот вирус е генериран за да преминува од еден вид на друг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

