Контакт

Забава

Наместо љубовницата, дошол нејзиниот маж

Објавено пред

Еден човек од Сплит, кој во автомобилот ја чекал својата љубовница, бил повеќе од шокиран кога во закажаното време се појавил нејзиниот сопруг

dobivaj vesti na viber

Еден човек од Сплит, кој во автомобилот ја чекал својата љубовница, бил повеќе од шокиран кога во закажаното време се појавил нејзиниот сопруг.

Ден претходно тој со жената разменувал смс пораки, но таа заборавила да ги избрише и додека била во тоалет, нејзиниот сопруг ги прочитал.

Љубовникот наредниот ден пристигнал на местото на состанокот и малку е да се каже дека останал без зборови кога врата од автомобилот ја отворил крупен маж, кој без зборови му задал неколку удари во главата.

Потоа го поместил на совозачкото место и уследило возење по градските улици. Што се случувало во автомобилот не е познато, а несреќниот љубовник успеал да излезе од автомобилот кога запреле на семафор.

Тој повикал полиција, каде било констатирано дека има повеќе хематоми на главата и фрактура на едно ребро. Полицијата соопшти дека го испитува случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Џенифер Лопез си ја удри главата за време на проба, морала на шиење: „Многу мраз и сум како нова“

Објавено пред

Латино дивата Џенифер Лопез доживеа несреќа среде пробата за нејзиниот претстоен настап на Американските музички награди (AMA). Судејќи според фотографиите, таа си ја удрила главата и си го исекла носот.

dobivaj vesti na viber

„Значи… Ова се случи“, напиша Џеј Ло во приказна на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која држи кеса со мраз на носот. После тоа, таа покажа како изгледа нејзиниот повреден нос на втора фотографија, а во трета објава му се заблагодари на докторот кој ја заши раната.

„Една недела подоцна и со еден куп мраз, сум како нова“, напиша таа.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Сите принцези на светот не се ни блиску до неа: фаталната Русинка ја покажа својата друга страна

Објавено пред

Прекрасната Русинка не ја пропушти можноста да биде видена на црвениот тепих, а за нејзината модна комбинација ќе се зборува долго време…

dobivaj vesti na viber

Моделот Ирина Шајк се појави на Канскиот филмски фестивал во 2025 година и може да се каже дека ги шармираше сите присутни со својот моден избор.

За разлика од скандалозната креација од минатата година, оваа година е олицетворение на чиста елеганција и женственост.

Убавата Русинка за оваа посебна пригода носеше црн фустан со пуфки, пуф-ракави и долги ракавици. Креацијата е од италијанската модна куќа Армани, а Ирина беше вистинска принцеза во оваа креација.

Својот стајлинг го надополни со впечатливи обетки, минимална шминка и необична фризура која ги истакна нејзините природни црти на лицето.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео/Фото) Каква глетка: таа покажа како позираат вистинските заводнички

Објавено пред

Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ има ново лице на насловната страница за 2025 година!

dobivaj vesti na viber

Ова е актерката Салма Хајек, која ја покажа целата своја женственост пред камерите, како и раскошните облини што ја красат со години.

Мексиканската убавица гордо позираше пред објективот на фотоапаратот во атрактивно зелено бикини, покажувајќи им на фотографите како позираат вистинските заводнички.

Таа објави фотографии и видеа од снимањето на едиторијалот на Инстаграм, а бројните обожаватели на Салма повторно добија можност да уживаат во рајската сцена.

Во оваа прилика, таа даде интервју за гореспоменатото списание.

„Се сеќавам кога бев мала. Секогаш се возбудував кога ќе видев издание за костими за капење во некое списание и си мислев: Кој ќе биде во ова издание? Секако, не изгледав како модел, па затоа никогаш не ми падна на памет дека еден ден ќе бидам во тоа“, рече Хајек, додавајќи:

„Да ми кажеше некој дека ќе бидам во ова на 58 години, ќе го испратев во ментална институција, но светот се промени и тоа е возбудливо. Можев да се пензионирам, но не сакам да го пропуштам ова време“, додаде убавата актерка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Најмалку 21 лице загина во страшна несреќа во Мексико

Најмалку 21 лице загинаа во среда во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, изјави...

Европа1 час

Трамп го откажа учеството на преговорите откако беше објавено дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер. Тој ја...

Европа1 час

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но...

Економија18 часа

Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања  

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не...

Економија19 часа

Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум...

Македонија19 часа

Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со „РЕК Битола“, Обвинителството бара нивно повторно замрзнување

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка –...

Македонија20 часа

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство иако...

Македонија20 часа

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија20 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...

Свет21 час

Макрон најавува можност за распоредување нуклеарно оружје во цела Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција е подготвена да разговара за можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во...

Европа21 час

(Видео) Путин: Идиоти, воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментира санкциите што ЕУ...

Свет21 час

Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС-пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“,...

Македонија22 часа

„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие...

Македонија23 часа

„Владата на Мицкоски со своето неодговорно однесување се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјата за членството во ЕУ“, велат од ДУИ

„Владата на Христијан Мицкоски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето...

Свет24 часа

Трамп: Само будала не би прифатила бесплатен авион од Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека има намера да го прифати авионот Боинг 747-8,...

Европа1 ден

(Видео) Кремљ: Нашата делегација ќе пристигне во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и...

Свет1 ден

(Видео) Пред 35 години ги убија родителите во САД: нивната казна беше намалена, сега може да бидат ослободени

Калифорниски судија го расчисти патот за условна слобода на браќата Менендез, познати во САД и низ целиот свет по убиството...

Европа1 ден

Мелони и Ердоган разговараа за претстојните руско-украински преговори во Истанбул

Италијанската премиерка Џорџа Мелони телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за преговорите за прекин на огнот во Украина,...

Регион1 ден

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди островот Крит во Грција во средата, објави ЕМСЦ. Според објавените информации, земјотресот...

Македонија1 ден

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки...