Забава
Вирус е можната причина за повишениот крвен притисок

Научници од американскиот универзитет Харвард соопштија денеска дека еден обичен вирус можеби е одговорен за високиот крвен притисок
Научници од американскиот универзитет Харвард соопштија денеска дека еден обичен вирус можеби е одговорен за високиот крвен притисок.
Научниците досега спровеле испитувања врз лабораториски глувци, се наведува во соопштението каде се посочува дека инфекцијата CMV, која што без вообичаените симптоми е веројатно толку распространета што ќе биде тешко да се утврдат сите ефекти врз луѓето.
Тој вирус го имаат над половина Американци постари од 40 години. Инфекцијата е доживотна и најголем дел од луѓето дури и не знаат дека ја имаат.
Засега се претпоставува дека инфекцијата може да доведе до некои срцеви заболувања, како што е стеснување на артериите кај луѓето со поголема тежина.
Научникот Клајд Крампакер посочува дека е можно инфекцијата да ги погодува и крвните садови, што доведува до висок крвен притисок.
Експертите наведуваат дека се неопходно да се вршат долги истражувања врз луѓето и оти тоа ќе трае со години додека точно не се утврди дали можеби вирусот е причина за хипертензијата.
Третина Американци или околу 72 милиони луѓе и околу една милијарда ширум светот боледуваат од повишен крвен притисок. Крвниот притисок е еден од причинителите на срцевиот и мозочниот удар./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Експериментот не успеа? По сите критики, Кејт Мидлтон се врати на старата варијанта

Само неколку дена откако предизвика шок и јавни критики за нејзината руса коса, принцезата од Велс Кејт Мидлтон (43) одлучи да се врати „на старо“.
На трибините на Светското првенство во рагби за жени во саботата, Кејт блесна во елегантен комплет – сако, бела блуза и панталони кои ги комбинираше со дискретни обетки.
Kate Middleton seemingly reverts to her signature brown hair only days after debuting new blond ‘do https://t.co/QICYkGileA pic.twitter.com/c5cSubdojd
— Page Six (@PageSix) September 6, 2025
Сепак, токму нејзината коса привлече најголемо внимание. Принцезата од Велс не можеше да ги издржи бројните критики за нејзината нова фризура и се врати на својата оригинална кафеава боја.
Beaming Kate ties back her lighter locks as she cheers on England at the Women's Rugby World Cup https://t.co/DXT9mYN1Ux via https://t.co/ft5Jcq2hOb
— Jim Polk 🇺🇸 (@JimPolk) September 7, 2025
Се чини дека нејзиниот експеримент со новата боја не успеал и под притисок на јавноста морала да се врати на својот оригинален изглед.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/видео) Латино дивата има секси стајлинг за сите љубители на цветни принтови

Откако успешно ја заврши својата музичка турнеја „Up All Night“, пејачката Џенифер Лопез одлучи да се посвети на себе, на своето семејство и на својот општествен живот.
Неодамна таа присуствуваше на добротворната вечер „YES Scholars“ во Лос Анџелес, на која се собираат средства за образование на талентирани деца од сиромашни семејства.
За оваа пригода, латино дивата одлучи да носи долга розова тоалета украсена со цветни детали и длабоко деколте.
Фустанот е направен од лелеав материјал, што го прави идеален за летни вечери и гламурозни настани.
Се чини дека Џеј Ло го претворила овој нежен, цветен дезен во секси креација која никого не остава рамнодушен – покрај градите, таа ги истакна и своите раскошни облини.
Модното издание го комплетираше со права коса, златни додатоци, шминка во земјени тонови и пудра розова чанта.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Дури и по толку години, холивудскиот шармер не може да ја скрие својата страст кон неа

Актерот Метју Меконахи и неговата сакана Камила Алвеш се синоним за вистинска љубов, а нивните најнови фотографии ги топат срцата.
Ретко кој пар во светот на забавата успева да ја спаси својата врска од апсолутна пропаст. Сепак, некој храбро се спротивставува на трендот на развод и секогаш пали искри и буди восхит од публиката со своите појавувања.
Омилениот актер Метју Меконахи и неговата сакана Камила Алвеш се еден од тие парови. Вљубените неодамна присуствуваа на Филмскиот фестивал во Торонто.
И додека Метју, како вистински господин, носеше маслинесто дворедно одело, неговата сопруга одлучи да облече минималистички макси фустан кој слободно паѓа. Таа го надополни стајлингот со едвај забележливи додатоци, но и минимална количина шминка.
Ништо претенциозно, но сепак впечатливо, облеката на Камила привлече погледи и воздишки – особено од нејзиниот сакан Метју.
И токму неговата реакција, имено жешкиот бакнеж на црвениот тепих, го привлече вниманието на публиката. Се чини дека актерот не можел да ја сокрие својата страст и морал да ги покаже своите изливи на нежност.
Фотографиите од тој момент го обиколија светот.
фото: принтскрин