Контакт

Забава

Момчињата со „воинствен ген“ наклонети кон банди, насилство…

Објавено пред

Момчињата кои во себе носат одредена варијација на генот моноамин оксидаза А (МАОА), или популарно наречен „воинствен ген“ се наклонети кон

Момчињата кои во себе носат одредена варијација на генот моноамин оксидаза А (МАОА), или популарно наречен „воинствен ген“ се наклонети кон приклучување на улични банди и употреба на оружје.

Ова го покажува новата студија на научници од државниот Универзитет во Флорида.

Научниците за прв пат ја потврдиле поврзаноста на генот МАОА со насилство, со приклучување на машките адолесценти во улични банди и со афинитетот за ракување со оружје.

Резултатите од истражувањето, исклучиво се однесуваат на машката популација. Женската популација покажала отпорност на неговото дејствување, покажува истата студија, објавена во месечникот „Comprehensive Psychiatry“.

Научниците, истражувањето го спровеле врз над 2.500 лица, проучувајќи го нивното ДНК и информациите за нивниот животен стил.

Студијата фрли ново светло врз начинот на кој што доаѓа до интеракција меѓу генетиката и околината, во која што се појавуваат најекстремните насилни криминалци.

„Досега уличните банди се набљудуваа како социолошки феномен, нашето истражување покажува дека варијантата на специфичниот МАОА ген, во таа смисла игра значајна улога“, изјави криминологот Кевин М. Бивер од Универзитетот во Флорида./крај/дн/амп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ѓоковиќ го продаде луксузниот стан во Мајами за шест милиони долари

Објавено пред

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го продаде својот стан на плажата Мајами за шест милиони долари.

Станот е со површина од 225 квадратни метри, има три спални, три бањи и еден тоалет.

Исто така, има тераса која го опкружува станот од 159 квадратни метри, спа центар, библиотека, приватна градина, бар и базен со кабини.

Прикажи повеќе...

Забава

Две вредни слики од 17. век најдени во контејнери на паркинг во Германија

Објавено пред

Едно лице пронашло две многу вредни масла на платно, стари 350 години, во контејнери на паркинг во Германија.

„Сликите се пронајдени на постојка за одмор на патот А7, во близина на јужниот град Нирнберг“, објави германската полиција.

Човекот ги однел сликите во полицијата во Келн.

Првичните експертски проценки сугерираат дека и двете слики може да бидат оригинални.

Една од сликите може да биде „Портрет на момче“ од Самуел ван Хогстратен, холандски сликар од 17. век, кој бил ученик на Рембрант.

Втората е најверојатно „Автопортрет на уметник“ од италијанскиот сликар Пјетро Белоти од истиот век.

Властите сега се обидуваат да откријат како овие два дела завршиле во отпад.

Полицијата ги објави сликите на Интернет, прашувајќи: „Кој ги препознава овие слики и кој знае како завршиле во отпад?“

Прикажи повеќе...

Забава

Џиновски праисториски носорог бил најголемиот цицач што некогаш одел по Земјата

Објавено пред

Во северозападна Кина е откриен нов вид на праисториски гигантски носорог, еден од најголемите цицачи што чекорел по Земјата, објавија научниците.

Видот чиј латински назив е Paraceratherium linxiaense живеел пред приближно 26,5 милиони години и тежел 21 тон, колку четири големи африкански слонови.

Со главата можел да достигне висина од седум метри и да јаде од дрвјата, што го прави повисок од жирафа.

Овие заклучоци се направени врз основа на фосили откриени во северната кинеска провинција Гансу.

Во студија објавена во четвртокот во списанието Communications Biology, истражувачите пишуваат дека анализата на фосилите, откриени во 2015 година, покажала дека тие припаѓаат на нов вид, различен од досега познатите џиновски носорози.

Целосно сочуваниот череп и вилица покажуваат сличност со денешниот тапир, е заклучокот на студијата предводена од Денг Тао од Палеонтолошкиот институт во Пекинг.

Новиот вид е поврзан со гигантските носорози кои некогаш живееле во Пакистан, што сугерира дека тие се движеле низ Централна Азија.

Носорозите слободно се движеле помеѓу северозападна Кина и индо-пакистанскиот потконтинент, што значи дека тибетската висорамнина во тоа време имала низински области, велат научниците.

„Тропските услови дозволиле огромниот носорог да се враќа на север во Централна Азија, што имплицира дека Тибет сè уште не бил високо плато“, вели Денг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

За шест часа, казнети 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

Полицијата за шест часа казни 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, соопшти Министерството за внатрешни...

Спорт12 часа

„Гранде“ Пандев потврди дека утре го игра последниот меч за Македонија!

Легендарниот македонски капитен Горан Пандев, потврди дека утре против Холандија ќе го одигра својот последен меч за македонската репрезентација, заминувајќи...

Регион15 часа

Џамбаски: Македонија е бугарска, од двете страни на границата Деве Баир живее една нација

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова го напиша бугарскиот европратеник, Ангел...

Македонија16 часа

Нови осум заболени од Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3,...

Свет16 часа

(Видео) Петмина градежни работници загинаа при уривање на училиште во Белгија

Најмалку пет лица загинаа а девет се повредени кога училишна зграда во белгискиот град Антверпен се сруши за време на...

Македонија16 часа

Николоски: Нема да дозволиме избори без евидентирање на граѓаните со отисок од прст

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи локални избори без евидентирање на граѓаните со отисок од...

Топ18 часа

Австралијка приведена на скопскиот аеродром

Државјанка на Австралија ноќеска била приведена на скопскиот аеродром, откако при извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било...

Регион19 часа

(Видео) Тројца работници повредени во експлозијата во фабриката во Чачак

Тројца работници се полесно повредени, а еден е задржан на одделение за интензивна нега на лекување, по вчерашните низа експлозии...

Свет19 часа

(Видео) Незапаметени поплави на Крим, еден загинат и 24 повредени

Едно лице загина, две се исчезнати, а 24 се повредени по поплавите предизвикани од поројните дождови во близина на Јалта...

Свет20 часа

(Видео) Пукање на роденденска забава во Торонто, повредени три деца и еден маж

Три деца и еден маж се повредени во пукање на роденденска забава на отворено, што се случи во западниот дел...

Свет20 часа

(Видео) Камион прегази двајца учесници на Парадата на гордоста во Мајами, едниот почина

Камион прегази двајца учесници на вчерашната Парада на гордоста во Мајами, при што едниот почина а другиот е тешко повреден,...

Топ20 часа

Над 200 возачи санкционирани во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

Македонија1 ден

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол...

Топ2 дена

Починат затвореник пронајден во кумановскиот затвор

Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од с.Старо Нагоричане. „ На 19.06.2021 во 02.45 часот...

Македонија2 дена

Еден починат и четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти...

Македонија2 дена

Филипче: Не е вистина дека пациенти не се оперираат и дека скопските клиники се во колапс

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колапс, тврди министерот за здравство,...

Спорт2 дена

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет2 дена

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија2 дена

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион2 дена

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Досие