Забава
Мерилин Мансон заљубен во порно глумица со српско потекло
Контроверзниот американски шок рокер Мерилин Менсон има нова љубовница, 18 години помладата порно глумица од српско-шкотско порекло Стоја Дол
Контроверзниот американски шок рокер Мерилин Менсон има нова љубовница, 18 години помладата порно глумица од српско-шкотско порекло Стоја Дол, јавува лондоснки „Тајмс“.
Менсон, чие вистинско име е Брајан Варнер, познат е по својата гламурозна шминка, честото покирање на сцена, но и надвор од неа, а најмногу е критикуван поради антирелигиските испади и честите алузии на секс, дрога и насилство.
Менсон, во свој стил, раскажал како на 22-годишната Стоја на венериниот брег и креирал необична фризура во облик на кукаст крст
„Најпрво цртав со молив за очи, а потоа ја повикав рецепцијата на хотелот и побарав линеар, за да испадне совршено. Мислам дека беше околу шест часот наутро“, раскажува Мансон. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Винслет: Дел од моите први интимни искуства беа со жени
Славната актерка Кејт Винслет откри дека како тинејџерка имала интимни искуства и со жени, за што отворено зборуваше во подкастот „Team Deakins“. Таа се наврати на улогата во филмот Heavenly Creatures, кој ѝ ја лансираше кариерата и во кој толкува сложен однос меѓу две тинејџерки.
„Ќе споделам нешто што досега никогаш не сум го кажала – дел од моите први интимни искуства беа со девојки. Бев љубопитна и во таа фаза од животот тоа ми помогна подобро да се поврзам со ликот“, изјави Винслет.
Улогата во „Heavenly Creatures“ ѝ го отвори патот кон успешна кариера, која кулминираше со светска слава по филмот Titanic. Денес, таа зад себе има богато актерско портфолио, а неодамна го оствари и својот режисерски деби со филмот „Goodbye June“, достапен на Netflix.
Винслет е позната по тоа што внимателно го чува приватниот живот, но и по јавното залагање за правата на LGBTQ+ заедницата. Во претходни интервјуа таа зборуваше и за стравот што многу млади актери го чувствуваат во Холивуд доколку јавно ја откријат својата сексуалност, поради можни последици врз нивната кариера.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Црниот фустан на Кејт Хадсон е совршен за празничните вечери
Кога зборуваме за стајлингот на Кејт Хадсон, на ум паѓа само еден збор, а тоа е – елеганција.
Славната русокоса се смета за дама со стил и вкус, а тоа го докажала многу пати на големи настани, особено за време на бројните промоции на филмот „Song Sung Blue“.
Сега повторно покажа дека едноставноста и елеганцијата немаат замена, а за нејзиното појавување во емисијата „Watch What Happens Live“ носеше безвременско парче облека – црн фустан од Balmain. Станува збор за минималистички модел без прерамки што ја следи линијата на телото.
Златниот детаљ во горниот дел од креацијата беше исто така впечатлив, што му даде на аутфитот доза на луксуз. Стајлингот го надополни со златни додатоци, едноставна фризура и шминка во земјени тонови.
Стилистката Емили Санчез беше задолжена за беспрекорниот изглед на Кејт.
Забава
(Фото) Скопје во еден ритам: Махмут Орхан пред повеќе од 7.000 посетители
Светски познатиот диџеј приреди моќен арена-настап и незаборавна електронска вечер во арената „Борис Трајковски“.

Над 7.000 посетители ја исполнија арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што светски познатиот турски диџеј и продуцент Махмут Орхан приреди спектакуларен настап во рамките на The Arena Experience, во организација на Music Rituals.

Вечерта почна со програма на домашните изведувачи Anna Noodle и Danyel, Brancez и Lephonq и странските изведувачи Stasi Sanlin и People Like Us, кои со своите сетови ја подигнаа енергијата пред главниот настап.

Со врвна продукција, впечатливи визуелни ефекти и својот препознатлив мелодичен електронски звук Махмут Орхан ја донесе глобалната клупска енергија создавајќи силна атмосфера и незаборавно музичко доживување за публиката.

Настанот уште еднаш го потврди потенцијалот на Скопје како дестинација за големи меѓународни електронски музички продукции и постави нови стандарди за ваков тип на настани во регионот.


