Забава
Пајо Паторот наполни 75 години
Јунакот на Дизни – Пајо Паторот денеска слави 75-ти роденден
Јунакот на Дизни – Пајо Паторот денеска слави 75-и роденден.
Идејата за него на познатиот илустратор Волт Дизни му се родила, кога сакал да создаде спротивност на љубезниот и весел Мики Маус. Судејќи по високата старост на Пајо Паторот тоа и му успеало.
Во својот 75-годишен живот Пајо работел повеќе од сто професии, но во ниту една не успеал. Секогаш без пари и од една авантура во друга, Пајо Паторот стана омилен, бидејќи и покрај сите неуспеси и понижувања никогаш не се откажува.
Пајо Паторот доби и своја ѕвезда на холивудскиот тротоар на славните, а се појавил во 128 филмови, односно цртани.
Паторот со оригинално име Доналд Дак (Donald Duck) во различни земји е познат под различно име.
Во Данска тој се вика Андерс Анд (Anders And) во Италија Паперино (Paperino), а во Индонезија Донал Бебек (Donal Bebek).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мила Кунис и Ештон Качер имаат едно важно правило за родителството
Глумењето и родителството бараат строги правила за да функционираат заедно.
Актерката Мила Кунис неодамна зборуваше за клучно правило што нејзиниот сопруг, колегата актер Ештон Качер, и таа го следат заради нивните деца, Вајат (11) и Димитри (8).
Во разговор за „Екстра“, Кунис рече:
„Еш и јас никогаш не работиме истовремено. Ниту еден од нас не работи кога децата се надвор од градот на училиште.“
Мила исто така рече дека снима филм еднаш годишно токму поради децата, но и затоа што има, како што вели, „луксуз“ да го прави тоа.
@extra_tv Mila Kunis explains how she and Ashton Kutcher schedule work so one can always be with their kids. ❤️ #milakunis #ashtonkutcher ♬ original sound – ExtraTV
„Ако се снима во Лос Анџелес, мојот следен проект е снимање во Лос Анџелес во јануари, тогаш тоа ќе го правам. Потоа следниот проект е снимање во лето, во друга земја.“
Мила рече дека, и покрај тоа што таа и Качер продолжуваат да глумат, тие се трудат да им бидат достапни на своите деца.
Таа исто така истакна дека е среќна што може да избира филмски улоги.
Забава
(Видео) Фаталната русокоса го сруши интернетот со своето жешко издание
Сидни Свини веќе некое време привлекува внимание од јавноста, но и воздишки со своите жешки изданија. Таа е често активна и на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен живот, а неодамна откри како го поминала Денот на благодарноста.
Судејќи според фотографиите, таа го поминала во друштво на пријатели со кои организирала „Friendsgiving“ (неформална вечера организирана од пријатели за време на празникот Ден на благодарноста).
Sydney Sweeney in ‘Shrek’-themed Friendsgiving.pic.twitter.com/mNq0UtXjG7
— JumpTrailers (@JumpTrailers) December 1, 2025
Се чини дека ова било повеќе од само дружење, бидејќи присутните на фотографиите биле маскирани, вклучувајќи ја и фаталната русокоса.
А токму нејзиниот костим на змеј од популарниот филм „Шрек“ предизвика лавина од коментари. Таа носеше црвен боди кое ја истакнуваше нејзината витка фигура, но и нејзините гради.
„Прекрасна си“, „Толку си секси“, „Те сакаме“, се само дел од коментарите…
Забава
(Видео) Дали имате спуштени очни капаци: со еден трик нема да имате проблем со нанесувањето шминка
Многу девојки со спуштени очни капаци честопати не сакаат да носат шминка, мислејќи дека нема да биде забележлива на нив.
Сепак, тоа не мора да биде случај, а триковите за шминкање можат да ви помогнат.
Ако ја нанесете шминката на очите на правилен начин, ќе ги истакнете уште повеќе, а никој нема да може да му одолее на вашиот поглед.
Сè што ви треба за да создадете „заводлив“ изглед на шминка е памукче. Да, добро прочитавте.
Превиткајте го памукчето на половина, потоа ставете ја „полукружната“ страна веднаш над очниот капак и нанесете потемна нијанса веднаш над работ. Иако нијансата е потемна, обидете се малку да ја изблендирате, а потоа повлечете потенка линија во продолжението.
Потоа, ставете ја другата, рамна страна од памукчето на аголот на окото, која ќе служи како линијар, така да се каже, и користете ја истата нијанса за да создадете линија што ќе ја поврзете со онаа нацртана погоре.
Наполнете ја внатрешноста со нешто смело, како светкава сенка за очи, додадете маскара и/или вештачки трепки и сте подготвени.
Знаеме дека во вакви ситуации, сликите зборуваат погласно од зборовите, затоа погледнете го видеото за да го видите целиот процес:

