Забава
Лисица украла 120 чевли

Во едно село во близина на градот Ферен во Германија, конечно е решена мистеријата со исчезнување на чевлите од домовите
Во едно село во близина на градот Ферен во Германија, конечно е решена мистеријата со исчезнување на чевлите од домовите.
Имено, во последните два месеци од куќите исчезнале повеќе од 120 чевли, а жителите и полицијата во селото биле збунето од тоа што најчесто недостигал само по еден чевел.
Мистеријата конечно ја решил локалниот шумар, кој во дувлото на една лисица нашол куп чевли, на кои можеле да се видат траги од заби.
Лисицата, која жителите ја нарекле Имелда Маркос, по сопругата на бившиот претседател на Филипините, која беше колекционер на чевли, обувките ги носела за да си играат нејзините млади.
“Во дувлото пронајдов 86 чевли, а малку подалеку, уште 32 со кои си играа младите од лисицата.“, изјавил шумарот кој ја решил мистеријата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дали знаете дека ова е најлошиот знак во хороскопот: лош темперамент и уште полош карактер

Припадниците на овој знак се познати по нивната голема и моќна енергија, но и по нивната способност да го гледаат секој проблем од повеќе агли, да го анализираат и да донесуваат паметни одлуки.
Тие имаат голема желба за слобода, па затоа избегнуваат луѓе и ситуации што ги ограничуваат и пречат.
Станува збор за Водолија.
Луѓето родени помеѓу 21 јануари и 20 февруари се обично ладни, мирни и смирени, но можат да бидат многу сурови и да ја покажат својата друга страна ако некој ги повреди.
Водолијата е фиксен знак, што значи дека е многу стабилен, но во исто време и ограничен.
Многумина велат дека тие се всушност најлошиот знак во хороскопот.
Луѓето кои не ја познаваат добро личноста родена под овој хороскопски знак ќе го окарактеризираат нејзиното вообичаено однесување како грубо. Често ќе бидат нарекувани некултурна личност без манири, но вистината е дека тие се однесуваат според тоа како се чувствуваат во тој момент и Водолиите не гледаат ништо спорно во тоа.
Нема лоша намера зад работите што ги прават, но нивните постапки може да наидат на неодобрување од луѓе кои не ги познаваат.
Водолиите исто така можат да имаат лошо чувство за хумор. Тие често знаат да се шегуваат на туѓа сметка или да споменат чувствителна тема, поради што другите ги сметаат за навредливи.
Исто така, припадниците на овој знак го имаат Уран во својата натална карта, поради што имаат уникатни карактеристики – можат да бидат расположени и претерано чувствителни, но никогаш нема да го покажат тоа на другите.
Честопати им е тешко да постигнат длабоки и стабилни емоционални врски, бидејќи можат да бидат променливи, но и тврдоглави, што им го отежнува одржувањето на врската.
Забава
(Фото) Не се знае која е поубава – мајката или ќерката: очите не ве лажат, тие се исти

Таа е речиси копија на нејзината мајка, една од најуспешните модели на сите времиња и најубавите жени во светот, Синди Крофорд.
Легендарната манекенка Синди Крафорд ја доби својата вистинска наследничка на модните писти, нејзината ќерка Каја Гербер, која одамна докажа дека е слика на нејзината мајка и дека е родена за светот под рефлекторите.
Синди и Каја станаа заштитни лица на новата кампања на брендот Vuori за пролет/лето 2025 година, а во кампањата се појавија и Ренде Гербер, сопруг на Синди Крофорд, и нивниот син Пресли Гербер.
Брендот промовира сеопфатен стил на облекување, кој дамите, заедно со остатокот од семејството, го претставија во кампањата, а најголемо внимание привлекоа прекрасната Каја и неодоливата Синди, која изгледа одлично и на 60-годишна возраст.
Каја Гербер ја започна својата кариера како модел на само 10 години, кога се појави во кампања за тинејџерската линија на Версаче.
Оттогаш, таа постојано постигнува успеси, а колку повеќе расте, толку повеќе наликува на нејзината мајка, која некогаш беше меѓу најуспешните супермодели во светот.
Забава
„Нема ‘голи’ фустани на црвениот тепих“: Канскиот филмски фестивал воведува построги правила

Пред отворањето на Канскиот филмски фестивал организаторите одлучија да ги заострат правилата во врска со облекувањето на црвениот тепих, пишува „Дејли мејл3. Новите правила диктираат дека дамите ќе мора повнимателно да ги избираат своите свечени облеки.
Во последните години некои учеснички привлекоа големо внимание избирајќи ги таканаречените голи фустани. За да се обезбеди поголема пристојност, организаторите одлучија да забранат вакви облеки оваа година.
„Голотијата е забранета на црвениот тепих, како и во другите области во кои се одржува фестивалот“, се наведува во официјалната одлука објавена од странските медиуми.
Исто така, беше нагласено дека пристапот до фестивалот ќе му биде одбиен на секој што не ги почитува горенаведените правила.
Сè уште е непознато дали телевизиските станици што го емитуваа настанот имале какво било влијание врз оваа одлука.
За потсетување, 78. издание на фестивалот ќе се одржи од 13 до 24 мај.