Контакт

Забава

Обдукција:Дејвид Карадин од „Кил Бил“ не извршил самоубиство

Објавено пред

Семејството на ѕвездата на филмот „Кил Бил“ Дејвид Карадин, кој минатата недела беше пронајден мртов во хотелска соба на Тајланд, соопшти дека

Семејството на ѕвездата на филмот „Кил Бил“ Дејвид Карадин, кој минатата недела беше пронајден мртов во хотелска соба на Тајланд, соопшти дека актерот не извршил самоубиство.

Ова беше поткрепено со наодот на втората независна обдукција, платена од неговото семејство, а која ја изврши форензичарот Мајкл Баден.

„Наодот на обдукцијата и достапните докази покажуваат дека смртта на Карадин не е резултат на самоубиство“, рече Баден.

Целосните резултати од првата обдукција направена веднаш по пронаоѓањето на телото на Тајланд, сè уште не се објавени, а властите тврдат дека тоа ќе го направат за недела до две.

Според тајландските истражни органи, по првата обдукција не можела да се утврди точната причина за смртта.

„Не можеме да утврдиме дали извршил самоубиство, или починал од срцев удар при оргазам“, соопшти тогаш полициски претставник. /крај/ин/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Јапонска компанија нуди изнајмување пријатели и членови на семејство

Објавено пред

Јапонската компанија „Фемили романс“ нуди услуги на изнајмување пријатели и членови на семејство, а од неодамна може да изнајмите и помлада сестра.

Компанијата не изнајмува деца, но за помлада сестра може да понуди возрасна млада девојка за цена од 135 американски долари за три часа дружење, пренесува порталот „Сора њуз“.

Како дел од првичното барање од клиентите се бара да го наведат датумот на кој сакаат да ја изнајмат својата сестра, каде сакаат да се запознаат и на кои места ќе одат за време на терминот (забрането е отстапување од наведеното, како и барања за прекумерен физички контакт). Клиентите може да постават барање во врска со возраста, изгледот или личноста. „Фемили романс“ обично бара од клиентите да останат на јавни места со своите т.н. сестри.

Иако идејата е бизарна, „Фемили романс“ е само една во низата компании што се појавуваат во Јапонија, чија дејност е изнајмување луѓе за одредени семејни и пријателски улоги. Компаниите нудат сè, од состаноци за вечера до изнајмување посетители за погреб.

Прикажи повеќе...

Забава

 Крис Мартин бил преплашен, мислел дека е геј

Објавено пред

Крис Мартин бил преплашен затоа што мислел дека е хомосексуалец. Фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин (42), зборуваше за своите внатрешни борби што ги водел во тинејџерските денови. Тој имал проблеми да се вклопи со врсниците и ја преиспитувал сопствената сексуалност.

„Додека посетував интернат, потскокнував и одев чудно. Бев многу хомофобичен затоа што мислев дека сум геј. Бев преплашен“, рече тој во интервјуто за „Ролинг стоун“. Тој додаде дека неговите врсници со години му велеле дека, дефинитивно, е геј.

Тој израснал во религиозно семејство и поради што сметал дека е погрешно да се биде геј. Спасот од секојдневното задевање го нашол во музиката.

„Многумина од моите музички херои се геј или што и да е. Тоа навистина не е важно“, рече пејачот наведувајќи го Елтон Џон (72) како еден од своите идоли.

Од 11-годишниот брак со својата поранешна сопруга Гвинет Палтроу (46), Крис ги има ќерката Епл (14) и синот Мојсеј (13). Она што ги раздели во тоа време беше дека актерката отсекогаш сакала да биде во центарот на вниманието на медиумите и јавноста, а тоа на Мартин никогаш не му било важно.

По Гвинет, бил во врска со актерката Дакота Џонсон (29), но британските медиуми неодамна објавија дека Крис им потврдил на пријателите дека се разделиле и дека е повторно сам.

Прикажи повеќе...

Забава

Семејството на Џенифер Анистон: Aко бидеш актерка нема да заработиш ниту долар

Објавено пред

Џенифер Анистон за првпат открива дека нејзиното семејство ѝ рекло дека  никогаш нема да направи пари како актерка, a тогаш се појавил популарниот серијал „Пријатели“.

Таа направи богатство од глума – без разлика дали станува збор за хонорарите од еден милион американски долари од Friends  („Пријатели“) или за блокбастер филмовите како Marley & Me и Along Came Polly или хитот на Нетфликс Murder Mystery.

„На самиот почеток на актерската кариера мојата фамилија ми рече дека нема да заработам ништо, ниту долар“, педесетгодишната ѕвезда изјави во интервју за списанието People Of The Year.

„И тогаш дојдe ‘Пријатели’. Во моето семејство имало критичари или песимисти, ‘Ова никогаш нема… никогаш нема да направиш пара’. Само гледајте ме. Не  заканувајте ми се на тој начин.“

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет15 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија16 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија17 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија18 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија21 час

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура21 час

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион22 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет22 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија22 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет22 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт23 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа23 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет23 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет23 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион24 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија1 ден

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија2 дена

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија2 дена

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Досие