Контакт

Забава

Дожд од полноглавци

Објавено пред

Во јапонската покраина Ишикава луѓето неодамна биле во шок кога од небото започнал да врне дожд од полноглавци

Во јапонската покраина Ишикава луѓето неодамна биле во шок кога од небото започнал да врне дожд од полноглавци.

Во градот Нанао еден човек за малку ќе го удрел автомобилот кога по ветробранското стакло почнале да паѓаат полноглавци, а кога застанал и ги преброил, имало повеќе од 100. Два дена подоцна истото се случило и во градот Хакусан.

Дожд од полноглавци е редок метеоролошки феномен што од време на време се случува ширум светот. Научниците тој феномен го припишуваат на силните олујни ветрови што буквално ги усисуваат младите на жабата.

Такво објаснување, меѓутоа, не ги задоволило локалните жители, бидејќи во таа област долго време немало силни ветришта, а посебно не олујни.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

На денот на животната средина еколозите порачуваат: 15% од територијата на државата треба да бидат заштитено подрачје

Објавено пред

Светскиот ден на животната средина 5 јуни е значаен меѓународен ден за подигнување на свеста за зачувување на животната средина и се одбележува од 1974 година.

Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) како и многу невладини организации, заедници и влади во повеќе од 150 држави во светот годинава овој ден го одбележуваат со различни онлајн настани под мотото „Време е за природата“ (#ForNature), a домаќин на официјалната манифестација годинава е Колумбија во соработка со Германија.

Годинава во фокусот е биодиверзитетот којшто бара итна заштита но и е од витално значење за опстанокот на човекот.

Годинава сите случувања почнувајќи од масовните пожари во Австралија, Бразил и САД, па се до наездата со скакулци во Источна Африка, а сега и глобалната пандемија со Ковид-19 – ја истакнуваат поврзаноста на човекот со природата и природните циклуси.

Македонското еколошко друштво (МЕД) се придружува кон овие пораки и потсетува дека биодиверзитетот во делови од земјава е исклучително важен за зачувување не само од аспект на национално богатство туку и заради неговото европско и светско значење.

Мрежата на заштитени подрачја вклучува 86 подрачја, на површина од 230,083 хектари или околу 8,9% од територијата на државата.

Според Стратегијата за биолошка разновидност 2018-2023 земјава треба да ја зголеми површината на заштитени подрачја до 15% и да се обезбеди нивно функционално поврзување како еколошка мрежа и да се воспостави ефективно управување со заштитените подрачја во соработка со локалните заедници.

„Здрава планета е основа за здраво општество и треба да извлечеме поука од оваа криза. Вештините кои ги стекнавме изминатите месеци за новите начини на комуникација и спроведување на работните обврски и штедливото користење на ресурсите се надевам ќе внесат нов фокус на нашиот живот свртен кон природата. Време е да се тргнеме од линеарниот економски модел кој е неодржлив со преголемо користење на ресурси и создавање преголеми количини отпад, и преку иновативни зелени бизниси да се преориентираме кон циркуларната економија – ќе користиме помалку ресурси и енергија и со тоа ќе го заштитиме нашето природно богатство“, изјави по повод Денот на животната средина, извршната директорка на МЕД, Робертина Брајаноска.

Животниот стил и технологијата имаат сериозни последици врз животната средина, затоа треба да размислиме како може да ја зачуваме животната средина и да го намалиме отпадот.

Според експертските проценки, на годишно ниво светот губи 27.000 видови, а доколку овој тренд продолжи, во следните 30 години би загубиле 25% од живите организми, односно, една четвртина од сиот жив свет на Земјата.

Прикажи повеќе...

Забава

Кајли Миног во својот бизнис има проблем кој се вика Кајли

Објавено пред

Австралиската поп-пејачка Кајли Миног (52) пред десетина години лансира свој бренд. На нејзината страница може да се најде, како што велат, од игла до локомотива, а цените на артиклите се прифатливи, па дури и поевтини. Со текот на годините нејзината сметка растеше и денес има приближно 60 милиони долари.

Според странските медиуми, таа заработила повеќе од брендот отколку од пеењето.

На нејзината официјална веб-страница може да се најдат и капи, козметика, долна облека, торби, дуксери, па дури и алкохолни пијалаци што самата ги дизајнирала. Но, Кајли има еден проблем, кој се вика Кајли.

Пред три години реалната ѕвезда Кајли Џенер (23) се пријави да го заштити своето име како бренд. Правните застапници на австралиската пејачка веднаш реагираа и испратија писмо до американската Канцеларија за патенти и трговски марки, институција што заштитува интелектуална сопственост и авторско право, тврдејќи дека член на реалниот клан Кардашјан-Џенер не може да го заштити своето име затоа што Миног е меѓународно призната пејачка, хуманитарка и активистка за борба против ракот на дојката, позната во светот како Кајли, а Џенер е споредна реална и ТВ-личност.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Брус Спрингстин остро ја критикува Белата куќа поради слабиот одговор на полициското насилство

Објавено пред

Американскиот музичар Брус Спрингстин ја искористи можноста во радиоемисијата „Сириус XM“, во која беше гостин диџеј, остро да го критикува одговорот на Белата куќа на полициското насилство и пандемијата на коронавирусот.

Седумдесетгодишната рок-sвезда изјави дека САД се во оган и хаос по, како што рече, слабиот и бесчувствителен одговор за починатите од Ковид-19 и расната неправда, објави „Варајети“.

Спрингстин, чии познати хитови се Born To Run и Dancing In The Dark, го почна шоуто со својата протестна песна American Skin.

Песната е за убиството на невооружениот црнец Амаду Дијало, кој беше убиен од четворица бели полицајци со 41 куршум.

Спрингстин овој пат песната ја посвети на Џорџ Флојд, невооружениот црнец, кој почина минатата недела за време на насилното полициско апсење и чија смрт предизвика протести во САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа46 минути

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Свет1 час

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Меѓу...

Регион13 часа

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион14 часа

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија15 часа

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ17 часа

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија17 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија18 часа

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија20 часа

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион20 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија21 час

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија21 час

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ22 часа

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија22 часа

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион1 ден

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет1 ден

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет1 ден

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет1 ден

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија1 ден

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија2 дена

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Досие