Контакт

Забава

Живеел со 100 игли во телото

Објавено пред

Четириесетишестгодишниот Кинез Лиу Лијан се јавил кај доктор поради остри болки по целото тело и кога по многуте анализи не било пронајдено ништо

Четириесетишестгодишниот Кинез Лиу Лијан се јавил кај доктор поради остри болки по целото тело и кога по многуте анализи не било пронајдено ништо, бил испратен на рентген.

Со снимките било утврдено дека во телото има повеќе од 100 игли. По деталното снимање, се испоставило дека човекот има игли буквално во секој дел од телото, со исклучок на главата.

На снимките се гледа дека само во стомакот сантиметар под кожата има 38 игли.

Хирурзите сега планираат десетина многу тешки зафати за да му ги извадат сите игли.

„Ни рече дека како дете најмногу сакал да си игра и да се боцка со игли, но не се сеќава дека ги пикал под кожа. Неверојатно е како сите овие години ниту еднаш не се инфицирал“, изјави претставник на болницата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Гледајќи „Гугл стрит“, случајно ја видел сопругата со љубовникот

Објавено пред

Разгледуваjќи ги  улиците на Лима во Перу на „Гугл стрит“,  еден човек открил дека сопругата го изневерува. На клупата покрај патот видел жена која седи и еден човек кој лежи со главата во нејзиниот скут.

Иако нивните лица биле заматени, со што „Гугл мапс“ ја заштитува приватноста на луѓето во јавноста, тој ја препознал својата сопруга и сфатил дека таа има љубовник.

Тоа е сцена снимена во 2013 година, а измамениот човек подоцна изјавил дека ја препознал сопругата по облеката што често ја носела, а и нејзината фризура била впечатлива.

Сопругата, наводно, ја признала аферата и двојката подоцна се развела, пренесува „Мирор“.

Прикажи повеќе...

Забава

Двејн Џонсон е најплатениот холивудски актер, според „Форбс“

Објавено пред

Двејн Џонсон, некогаш професионален борач а сега филмска ѕвезда, е на врвот на листата на најплатени актери во светот втора година по ред.

Магазинот Форбс во вторникот ја објави долгоочекуваната листа на најплатени машки актери за изминатата година, а предводник на листата е Џонсон со заработка од 87.5 милиони долари.

Џонсон, познат и по неговиот прекар од боречкиот ринг The Rock, заработил 87.5 милиони долари од 1 јуни 2019 до 1 јуни 2020 година, соопшти „Форбс“, вклучително и 23.5 милиони долари од „Нетфликс“, за да глуми во трилерот Red Notice.

Тој исто така има профит од неговата линија за фитнес облека Project Rock за компанијата Under Armor Inc.

Рајан Рејнолдс, кој глуми со Џонсон во Red Notice, се најде на второто место на ранг-листата на престижниот „Форбс’ на машки sвезди. За тој филм Рејнолдс заработил 20 милиони долари, плус уште 20 милиони долари за филмот на „Нетфликс“, Six Underground, тврди магазинот и додава дека тоа е дел од вкупно 71.5 милиони долари за период од една година (јуни 2019/јуни 2020).

Прикажи повеќе...

Екологија

Вишокот пиво кое останало поради пандемијата, Австралија го претвори во обновлива енергија

Објавено пред

Кога поради карантинот во Австралија беа затворени баровите и рестораните, пиварниците останаа со огромни резерви на пиво.

Но, наместо да го фрлаат, во сојузната држава Јужна Австралија, вишокот пиво добило нова намена – се користи за напојување на постројките за прочистување на вода.

Во пречистителната станица на отпадни води во Гленелг, западно од Аделаида, во последните месеци милиони литри неискористено пиво од локалните пиварници се претворени во обновлива енергија.

Во постројката се меша органски индустриски отпад со тињата од отпадните води, за производство на биогас, кој потоа се претвора во електрична енергија на која работи целиот објект.

Обично се генерира доволно биогас за да обезбеди околу 80 проценти од потребите за струја.

Сепак, резервите од пиво ја промениле ситуацијата и производството на енергија достигнало 654 мегавати за еден месец.

„Со додавање на околу 150.000 литри пиво неделно, во мај произведовме рекордни 355.200 кубни метри биогас и уште 320.000 кубни метри во јуни. Тоа е доволно за напојување на 1.200 домови“, рекла за Си-ен-ен, менаџерката Лиса Ханант.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ18 минути

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија40 минути

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет54 минути

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени со коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија2 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија2 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет3 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет3 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет3 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија4 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија19 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија19 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа19 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија19 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија20 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија22 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија22 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија22 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија24 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет1 ден

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија1 ден

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Досие