Забава
Краде поради бесплатниот ручек во затворот?

Еден невработен човек од Тајван, веднаш откако го пуштиле од затвор, украл пакетче хартиени марамчиња само за да биде повторно уапсен
Еден невработен човек од Тајван, веднаш откако го пуштиле од затвор, украл пакетче хартиени марамчиња само за да биде повторно уапсен, бидејќи не можел “од главата да го избрише вкусниот затворски ручек“.
Бездомникот од Тајпеи во неделата украл чифт чевли, по што бил уапсен, а потоа и пуштен, за наредниот ден да украде само за да си обезбеди бесплатно затворско сместување и храна.
Уште еден доказ дека Тајван е тешко погоден со глобалната рецесија е и мажот, невработен четири месеци, кој украл мопед и со него се одвезол во полициската станица да се пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Претставниците на Албанија на Евровизија ја освоија публиката

Албанија ги воодушеви гледачите на Евровизија со својот настап во првата полуфинална вечер, што се одржа синоќа во Базел.
Дуото „Шкодра електронике“ ја изведе песната „Зерм“ и се пласира во финалето. Тие моментно се на деветтото место за победа во обложувачниците за Евровизија.
Видеото од нивниот настап собра 144.000 прегледи на „Јутјуб“ за 10 часа од објавувањето, со позитивни коментари подолу.
„Шкодра електронике“ е италијанско-албанско фолктроничко дуо формирано во 2019 година во Скадар, град во северозападна Албанија, и го сочинуваат членовите Коле Лаца и Беатриче Ѓерѓи. Тие се албански имигранти, кои пораснале во Италија.
Музиката на „Шкодра електроник“ се карактеризира со фузија на жанрови, како што се електронска музика, поп и традиционална албанска музика. Нивните текстови често се занимаваат со теми, како што се љубовта и секојдневниот живот.
Забава
(Вознемирувачко видео) Објавена снимка од нападот на Диди врз поранешната девојка: Ја удира, ја клоца, ја влече по подот…

Се појави вознемирувачко видео од безбедносна камера на хотел во Лос Анџелес, на кое јасно се гледа како музичкиот могул Шон (Диди) Комбс брутално физички ја напаѓа својата тогашна девојка Кеси Вентура.
Снимката, која беше прикажана во целост пред поротата на судењето, ги прикажува морничавите моменти на насилство од 2016 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Сенчури Сити.
Во видеото Комбс бесно ја брка Кеси по ходникот, ја зграпчува за главата, ја турка на подот и ја клоца додека таа лежи неподвижна. Потоа ја влече по подот, а подоцна во видеото се појавува обезбедување, кое се обидува да интервенира. Видеото нема звук, но визуелната содржина е толку вознемирувачка, што ја остави судницата во целосна тишина.
Warning – disturbing video: This is the video where Diddy is seen physically assaulting Cassie Ventura in 2016 surveillance video obtained by CNN.
Exclusive reporting from @EWagmeister: pic.twitter.com/08UIcYgec1
— Omar Jimenez (@OmarJimenez) May 17, 2024
Обезбедувачот Израел Флорез, кој сега е полицаец, беше првиот сведок на судењето и сведочеше дека Комбс потоа се обидел да му понуди поткуп за да го прикрие инцидентот.
Кеси Вентура дала детален опис на годините физичко и психолошко малтретирање што ги претрпела за време на десетгодишната врска со Комбс. Таа тврди дека тој целосно ја контролирал, честопати ѝ упатувал закани и оставал оружје во куќата за да ја заплаши.
Најшокантните обвинувања се однесуваат на таканаречените забави Freak Off – повеќедневни сексуални оргии, во кои Комбс ја принудувал да учествува со платени мажи додека тој гледал и снимал.
„Во првата година од нашата врска тој ми предложи брак под изговор на воајеризам. На почетокот сакав да му угодам затоа што бев заљубена, но бргу сфатив дека тоа е нешто што не сакав да го правам. Немав избор. Се плашев – од него, од последиците, од уцената“, рече Кеси низ солзи.
Таа рече дека забавите траеле од 36 до 72 часа, понекогаш и подолго, и дека десетици шишиња бебешко масло биле користени во една сеанса.
Таа исто така откри дека Комбс редовно бил физички насилник.
„Ме удираше во главата, ме шутираше додека бев на подот, ме влечеше низ станот. Ме удираше толку силно што белките од очите ми поцрвенуваа“.
И покрај сè, Кеси стоеше со Комбс на црвениот тепих држејќи го за рака на премиерата на „Совршениот пар“ два дена по нападот во 2016 година. Кога ја прашале зошто останала, таа рекла дека се плашела – не само физички туку и психолошки.
„Ме увери дека може да ме уништи ако некогаш си заминам“.
Обвинителите тврдат дека Комбс водел криминална организација, која сексуално експлоатирала и заплашувала жени со децении, користејќи моќ, пари и слава за да ги контролира и замолчи.
Доколку биде осуден, тој се соочува со доживотен затвор.
Забава
Четири хороскопски знаци секогаш ги обвинуваат другите за своите проблеми

Сите од време на време бараме некого да го обвиниме за сопствените неуспеси, особено кога се наоѓаме во непријатна ситуација.
Сепак, некои хороскопски знаци имаат речиси вродена потреба да обвинат некој друг за секоја нивна грешка или неуспех во животот – без разлика дали станува збор за пријатели, партнери, колеги или самата судбина.
Наместо да се прашуваат што можат да научат од своите постапки, тие претпочитаат постојано да бараат надворешни причини за сопствените падови.
Иако секој знак има свои силни и слаби страни, овие четири се издвојуваат особено затоа што речиси никогаш не преземаат одговорност за она што им се случува.
Близнаци
Близнаците се познати по својата комуникативност и брза прилагодливост, но зад тој шармантен изглед честопати се крие неподготвеност да ги признаат сопствените грешки.
Кога работите тргнуваат наопаку, Близнаците вешто ќе ја свртат приказната и ќе ве убедат дека немаат никаква врска со тоа – дури и ако сите индикации укажуваат на спротивното.
Лав
Лавовите имаат силно его и силно чувство за достоинство, што често ги спречува да признаат дека погрешиле.
За нив, нивниот сопствен имиџ е исклучително важен, па затоа попрво ќе ги обвинуваат другите отколку да го оштетат својот углед. Кога нешто тргне наопаку, Лавовите прво ќе се запрашаат кој им ги уништил плановите, а дури потоа ќе го разгледаат сопствениот придонес во ситуацијата.
Стрелец
Иако изгледаат отворени и оптимистични, Стрелците не сакаат да преземат одговорност за своите зборови и постапки.
Нивната импулсивна природа и склоноста кон брзоплети одлуки честопати ги доведуваат во незгодни ситуации, но наместо да признаат дека згрешиле, Стрелците ќе тврдат дека едноставно ја следеле својата интуиција или дека околностите биле против нив.
Риби
Рибите се емотивни и чувствителни, но често бегаат од реалноста, особено кога треба да ја признаат сопствената одговорност. Наместо да се соочат со последиците од своите одлуки, Рибите претпочитаат да ја преземат улогата на жртва.
Ако ги соочите со фактите, тие ќе се повлечат во својот свет или ќе бидат преплавени од емоции, со што ќе го одвлечат вниманието од вистинскиот проблем.