Забава
Замрзната коцка урина искршила кров
Брачната двојка од Австрија, Ханс и Ирена Шулер седеле во својот дом во местото Хартберг, кога слушнале како им се крши кровот
Брачната двојка од Австрија, Ханс и Ирена Шулер седеле во својот дом во местото Хартберг, кога слушнале како им се крши кровот.
Малку подоцна, во дневната соба паднала голема коцка мраз, која се распаднала. Кога мразот се стопил, се открило дека станува збор за урина, што била исфрлена од некој авион.
Двојката Шулер сега се обидуваат да откријат која компанија е сопственик на авионот од кој била исфрлена урината над населено место.
Тие побарале од контролата на летање да им кажат кој летал над нивната куќа во тој миг, но овие податоци ќе можат да ги добијат само ако тужат непознати починители, што тие имаат намера и да го направат за да добијат обештетување за куќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Со нив нема „само уште 5 минути“: хороскопски знаци што мразат доцнење
Постојат хороскопски знаци кои времето го сфаќаат многу сериозно. За нив доцнењето не е ситница, туку знак на неодговорност и непочитување.
Девица – исклучително организирана и точна. Доцнењето кај Девиците предизвикува фрустрација и ги тера да се прашаат колку сериозно можат да ве сфатат. Точноста за нив е основа на почитта.
Јарец – го цени времето како ресурс. Доцнењето го доживува како губење време и непрофесионалност. Не реагира бурно, но јасно покажува незадоволство и ретко заборава.
Овен – импулсивен и нетрпелив, не сака да чека. Очекува да бидете на време и доцнењето лесно го вади од такт, дури и ако тоа не го каже директно.
Забава
Започнува тридневната „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода
Вечерва почнува тридневната манифестација „Новогодишна приказна“ во паркот „Шопен“, во близина на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, во Кисела Вода.
Од 19:00 часот ќе настапи Ди Џеј Марио со труба, а од 21:30 часот следи музичкиот проект Пауза за ракија на Игор Димовски. Водител на настанот е Миро Кацаров.
Паркот е празнично уреден и збогатен со новогодишни куќарки со топли напитоци и празнична храна, а организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и да уживаат во предновогодишната атмосфера.
Настанот е отворен за јавноста.
Забава
Славен како дете, осамен како тинејџер: приказната на Меколи Калкин
Меколи Калкин откри дека на врвот на славата, како тинејџер, направил пауза од глумата бидејќи сакал да има што е можно понормално детство.
По огромниот успех на филмот Сам дома и неговото продолжение, како и улогата во Ричи Рич (1994), Калкин решил да се повлече затоа што се чувствувал изолирано и сакал да се дружи со врсниците, да излегува и да живее типичен тинејџерски живот.
Во интервју за емисијата Mythical Kitchen, тој објасни дека најчесто работел сам и ја спореди својата состојба со ликот на Том Хенкс во Cast Away. Калкин нагласи дека славата не ја барал свесно, туку „едноставно му се случила“.
По паузата што ја започнал на 14 години, тој се вратил на глумата во 2003 година со филмот Party Monster. Денес внимателно ги бира улогите и почесто работи на анимирани проекти. Во приватниот живот, со сопругата Бренда Сонг одгледува два сина.
depositphotos

