Забава
Кучето му го изело пасошот

Еден тинејџер од Висконсин го пропуштил излетот со својот клас во Перу, бидејќи кучето му го изело пасошот!
Еден тинејџер од Висконсин го пропуштил излетот со својот клас во Перу, бидејќи кучето му го изело пасошот!
Имено, семејното куче, едногодишниот златен ретривер Саншајн, го изџвакал аголот на пасошот на 17 годишниот Џон Мејер, заедно со неколку броеви.
Властите на аеродромот О’Хара во Чикаго му кажале дека изедениот документ е во ред, но службениците на Мајами го одбиле и не му дале да се качи на авионот.
Мајер не можел да добие нов пасош за толку кус период, поради што морал да го откаже 12 дневниот излет со својот клас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Фустан на принцезата Дајана продаден за 280.000 долари

Принцезата Дајана носела посебно дизајниран фустан на вечера во 1985 година во Белата куќа, кога танцувала со американскиот актер Џон Траволта. Фустанот го купила фондацијата која се грижи за кралската палата, за 280.000 долари.
Фустанот кој го дизајнирал Виктор Еделстин, во темносина боја, со голи рамена, а кој го носела принцезата Дајана, аукциската куќа „Кери Тејлор Оушн“ го ставила на продажба. Вредноста на фустанот е проценета на цифра од 320.750 до 384.900 долари, но бидејќи не го достигнала тој износ, фондацијата понудила да го откупи по аукцијата.
Diana’s Victor Edelstein dress, as worn at the White House, has been acquired by @HRP_palaces for £264,000 and will now form part of their historic royal dress collection. They have many of her dresses and have long displayed an exhibition of her clothes at Kensington pic.twitter.com/9uuugo6GI3
— Victoria Howard (@TheRoyalExpert) December 11, 2019
„Продаден е по аукцијата по цена од 220.000 британски фунти. Продавачот е воодушевен и се надевал дека ќе остане во Британија“, навела аукциската куќа.
Фондацијата „Хисторик Ројал Палас“, која се грижи за палатата „Хемптон корт и Тауер оф Лондон“, како и јавните делови на Кесингтонската палата во која некогаш живееше принцезата Дајана, објави дека купила дел од историјата.
Historic Royal Palaces acquires Diana’s iconic ‘Travolta’ dress for royal dress collection https://t.co/0PUlIDjyl7 pic.twitter.com/HOEG8yGI5X
— The Crown Chronicles (@crownchronicles) December 11, 2019
„Не само што фустанот ‘Траволта’ е фантастичен пример на луксузно шиење, чија цел била да воодушеви за време на државните посети, туку претставува и клучен момент во приказната за кралската мода во 20 век“, рекла кустосот Елери Лин од „Хисторик Ројал“.
Забава
(Видео) Русите направија „бмв“ управувано од куче

Момците од рускиот јутјуб-канал „Гаража 54“ се познати по тоа што сакаат да сечат автомобили, да ги преправаат и од нив да прават буквално сè и сешто, како и да ги украсувааат со разни можни додатоци од сопствено производство.
Овој пат автомобилот не бил исечен однадвор, туку внатрешноста на едно старо „бмв серија 3“ ја преправиле така што воланот и другите команди ги преместиле од предното на задното лево седиште.
Кога се увериле дека конверзијата излегла како што ја замислиле, тие го ставиле германскиот овчар Самурај на предното седиште зад оригиналниот волан што не го поместиле, дале гас и се упатиле кон градот.
Забава
Полански го обвинува Вајнштајн дека прв го нарекол силувач на деца

Филмскиот режисер Роман Полански (86) првпат проговори кога уште една жена го обвини за силување и истакна дека медиумите сакаат да го направат чудовиште. За својата ситуација тој го обвини холивудскиот продуцент и сексуален предатор Харви Вајнштајн (67).
Полански во интервју за „Пари мач“ вели дека филмскиот магнат се обидел да го етикетира како силувач на деца за да спречи филмот „Пијанист“ да освои „Оскар“ во 2003 година.
Полански, кој бега од американската правда од 1978 година, по признавањето незаконски сексуален однос со малолетничка, ги отфрла новите обвинувања дека е силувач и ги нарекува апсурдни. Тој апсолутно негира дека во 1975 година ја силувал и претепал француската фотографка Валентин Моние (63) во својата планинска колиба во Швајцарија.
Моние, која тогаш била 18-годишна манекенка и актерка, излезе во јавноста минатиот месец во времето на премиерата на новиот филм на Роман Полански, „Офицер и шпион“.
Полански повеќепати во интервјуто во „Париз меч“ рече дека нејзините обвинувања се ненормални, а потоа го нападна Вајнштајн.
Тој тврди дека тогашниот почитуван продуцент почнал кампања против него за да ја саботира можноста за „Оскар“ за „Пијанистот“ бидејќи филмот претходно освоил шест награди „Бафта“, британски филмски награди. Вајнштајн го туркал својот филм „Чикаго“, кој на крајот освои шест „Оскари“, вклучително и за најдобар филм.
„Тој го ископа мојот случај со Саманта Гимер, тогаш стар 26 години, за кој веќе никој не се грижеше. Неговиот агент за медиуми беше првиот што ме нарече силувач на деца“, вели Полански.
Полански ги обвинува медиумите дека кон него се однесуваат неверојатно насилно.
Тој исто така тврди дека Саманта Гимер страдала повеќе од медиумите отколку од она што тој ѝ го направил.
„Таа и нејзиното семејство страдаа поради тоа што го направив, но тие и понатаму страдаат независно од мене“, рече тој.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија4 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми