Контакт

Забава

Бандерас мора да врати дел од имотот на градот Марбела

Објавено пред

Шпанскиот актер Антонио Бандерас ќе мора на градскиот совет да врати дел од земјата од својот имот во монденското летувалиште Марбела

Шпанскиот актер Антонио Бандерас ќе мора на градскиот совет да врати дел од земјата од својот имот во монденското летувалиште Марбела, бидејќи претходниот сопственик градежната дозвола ја добил илегално, објавија во средата шпанските весници.

Бандерас во Марбела во 1997 купил вила со базен, сместена веднаш до морето. Подоцна се открило дека таа делумно била изградена на заштитена земја, а градежната дозвола била илегална.

Бандерас не е единствениот со вакви проблеми. Бившиот градоначалник Јесус Гил у Гил од 1991 до 2001 година издал 18 илјади нелегални градежни дозволи. Тој починал во 2004 година не дочекувајќи го судењето за бројните обвиненија за корупција.

Според новиот урбанистички план, Бандерас на градот мора да врати дел од својот имот од вкупно 1.250 квадратни метри, бидејќи го спречува приодот на јавната плажа.

Бандерас со сопругата, американската актерка Мелани Грифит, често одмараат во Марбела.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Двејн Џонсон е најплатениот холивудски актер, според „Форбс“

Објавено пред

Двејн Џонсон, некогаш професионален борач а сега филмска ѕвезда, е на врвот на листата на најплатени актери во светот втора година по ред.

Магазинот Форбс во вторникот ја објави долгоочекуваната листа на најплатени машки актери за изминатата година, а предводник на листата е Џонсон со заработка од 87.5 милиони долари.

Џонсон, познат и по неговиот прекар од боречкиот ринг The Rock, заработил 87.5 милиони долари од 1 јуни 2019 до 1 јуни 2020 година, соопшти „Форбс“, вклучително и 23.5 милиони долари од „Нетфликс“, за да глуми во трилерот Red Notice.

Тој исто така има профит од неговата линија за фитнес облека Project Rock за компанијата Under Armor Inc.

Рајан Рејнолдс, кој глуми со Џонсон во Red Notice, се најде на второто место на ранг-листата на престижниот „Форбс’ на машки sвезди. За тој филм Рејнолдс заработил 20 милиони долари, плус уште 20 милиони долари за филмот на „Нетфликс“, Six Underground, тврди магазинот и додава дека тоа е дел од вкупно 71.5 милиони долари за период од една година (јуни 2019/јуни 2020).

Прикажи повеќе...

Екологија

Вишокот пиво кое останало поради пандемијата, Австралија го претвори во обновлива енергија

Објавено пред

Кога поради карантинот во Австралија беа затворени баровите и рестораните, пиварниците останаа со огромни резерви на пиво.

Но, наместо да го фрлаат, во сојузната држава Јужна Австралија, вишокот пиво добило нова намена – се користи за напојување на постројките за прочистување на вода.

Во пречистителната станица на отпадни води во Гленелг, западно од Аделаида, во последните месеци милиони литри неискористено пиво од локалните пиварници се претворени во обновлива енергија.

Во постројката се меша органски индустриски отпад со тињата од отпадните води, за производство на биогас, кој потоа се претвора во електрична енергија на која работи целиот објект.

Обично се генерира доволно биогас за да обезбеди околу 80 проценти од потребите за струја.

Сепак, резервите од пиво ја промениле ситуацијата и производството на енергија достигнало 654 мегавати за еден месец.

„Со додавање на околу 150.000 литри пиво неделно, во мај произведовме рекордни 355.200 кубни метри биогас и уште 320.000 кубни метри во јуни. Тоа е доволно за напојување на 1.200 домови“, рекла за Си-ен-ен, менаџерката Лиса Ханант.

Прикажи повеќе...

Забава

Конери ги победи Креjг и Броснан како најдобар Џејмс Бонд

Објавено пред

Харизматичниот Шон Конери е изгласан за најдобриот Џејмс Бонд досега, оставајќи ги зад себе петте други актери кои се справуваа со улогата на најголемиот агент во светот со дозвола за убиства.

Фановите на иконскиот серијал гласаа за својата омилена верзија на британскиот таен агент 007. Над 14.000 фанови се изјаснија на кого најдобро му прилега црниот смокинг додека пие мартини, па дури и познатата фраза со која го нарачува својот пијалок:  А martini. Shaken, not stirred (протресен, неизмешан).

Според анкетата на „Радио-тајмс“ (RadioTimes.com.) Конери се искачи на врвот со неверојатни 56 проценти од гласовите во првиот круг. Шкотскиот актер (89) беше првиот Бонд, а своето деби го направи во „Доктор не“ во 1962 година, кога 007 беше испратен во Јамајка да го испита исчезнувањето на свој колега. Овој филм беше голем боксофис хит кој го постави камен-темелникот за најуспешниот серијал во историјата.

Авторот Јан Флеминг – човекот кој го создаде ликот Бонд во своите романи – првично не бил заинтересиран за Конери и во потесен избор влегле неколку други актери, меѓу кои и Кери Грант.

Но, јасно, Конери со својот раскошен шарм и лежерна софистицираност бил вистинскиот избор.

Тој беше 007 во седум филмови: „Доктор Но“, „Се живее само два пати“, „Од Русија со љубов“, „Тандербол“, „Дијамантите се вечни“, „Голдфингер“ и „Никогаш не вели никогаш“.

Во првиот круг гласање, Конери го победи Даниел Крејг кој не е само актуелен Бонд, туку и најдолго го игра легендарниот лик. Крејг (52) го започна мандатот како Бонд во „Казино Ројал“ во 2006 година.

Резултатите од првиот круг ги оставија Конери, Далтон и Броснан да се натпреваруваат во последниот круг, при што првиот Бонд ја освои победата со 44 проценти, а другите двајца добија 32% и 23% од гласовите.

Третиот круг донесе мало изненадување со тоа што починатиот Сер Роџер Мур не влезе во финишот на натпреварот за разлика од неговиот наследник Тимоти Далтон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет29 минути

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени со коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија1 час

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија2 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет2 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет3 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет3 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија3 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија18 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија18 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа19 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија19 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија19 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија21 час

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија22 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија22 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија23 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет1 ден

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија1 ден

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ1 ден

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Досие