Контакт

Забава

Сè повеќе дебели во САД

Објавено пред

Епидемијата на дебелина и кај возрасните и кај децата во САД продолжи да се шири и во 2008. година, покажува најновиот извештај на две големи

Епидемијата на дебелина и кај возрасните и кај децата во САД продолжи да се шири и во 2008. година, покажува најновиот извештај на две големи приватни здравствени здруженија.

Стапката на дебели надминува 25 отсто меѓу возрасните во 31 од 50-те американски сојузни држави, како и 20 отсто во 49 сојузни држави и Вашингтон.

Со други зборови, две третини од возрасните американци се дебели и страдаат од прекумерна тежина, покажуваат резултатите што секоја година ги обавуваат Trust for America’s Health и здружението Robert Wood Johnson.

Во 1991. година стапката на дебелина ниту во една држава на САД не била над 20 отсто, а во 1980. година само 15 отсто од возрасните Американци биле дебели.

Мисисипи, сиромашна држава на југот на САД, во 2008. имала најголема стапка на дебелина и претерана тежина меѓу децата од 10 до 17 години со 44, 4 отсто од вкупното население во таа животна доба.

Осум од десет американски сојузни држави со најголема стапка дебели или прекумерно тешки деца се наоѓаат на југот на САД.

Во САД стапката на дебели меѓу децата и адолесцентите е повеќе од тројно зголемена по 1980. година. /крај/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Карди Би позира за насловна на Вог

Објавено пред

Американската раперка Kарди Би позира со својата ќерка на насловната на Вог и вели дека „се молела и ангажирала свештеници“ да помогнат во обновата на нејзиниот брак со Офсет.

Таа ја возобнови љубовта со неверниот сопруг Офсет на почетокот на оваа година, откако во декември 2018 ја објави нивната разделба.

Карди Би во интервуто открива зошто решила да му даде уште една шанса на својот брак, и како таквата одлука наишла на многу омраза.

Во интервју за јануарското издание на Вог (2020), 27-годишната Карди објаснува дека не само што се молела, туку и дека во нивниот дом дошле свештеници за да ги научат како да простат и заборават.

Свештениците помогнале да го обнови бракот со сопругот Офсет откако ја изневерил.

Белкалис Марленис Алминзар, професионално позната како Карди Би, е американска раперка, текстописец, актерка и телевизиска личност. Родена е во Менхетен а израсната во Бронкс, Њујорк.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Мерил Стрип го собори сопствениот рекорд со 34. номинација за „Златен глобус“

Објавено пред

Мерил Стрип го продолжи својот рекорд во номинации на „Златен глобус“ освојувајќи ја 34-тата номинација за портретот на Мери Луис Рајт во втората сезона на „Големи мали лаги“, што се емитува на „Ејџ-би-о“.

Стрип е номинирана заедно со Хелена Бонам Картер (The Crown), Патриша Аркет (The Act ), Емили Вотсон (Chernobyl) и Тони Колет (Unbelievable) за најдобра актерка во телевизиска серија, лимитирана серија или филм.

Стрип претходно го собори сопствениот рекорд во 2018 година со 33. номинација за The Post.

Трикратната добитничка на „Оскар“ ја доби својата прва номинација за „Златен глобус“ во 1979 година за „Ловец на елени“ и продолжи да го освои својот прв трофеј „Златен глобус“ следната година за најдобра споредна улога во филмот „Крамер против Крамер“.

Таа доби уште два „Златни глобуса“ – за „Жената на францускиот полковник“ во 1982 година и Изборот на Софија“ во 1983 година.

По 20-годишна пауза, таа заработи шест номинации едноподруго од 1995 до 2000 година за филмови, вклучувајќи ги One True Thing, The Bridges of Madison County, Marvin’s Room и The River Wild.

„Големи мали лаги“ е трета телевизиска номинација за „Златен глобус“ до денес.

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

Мачор доби работа на Филозофскиот факултет во Осијек

Објавено пред

Мачорот Џиво доби работа на Филозофскиот факултет во Осијек. Тој се вработи во библиотеката на Филозофскиот факултет во Осијек и ќе ја добие својата плата во форма на сместување, храна и здравствено осигурување.

Во ноември 2017 година, Филозофскиот факултет во Осијек ширум ги отвори вратите за милениците, а неодамна и мачорот доби Џиво Гундулиќ доби работа во новоотворената библиотека, пренесува sib.hr.

На фејсбук страницата на библиотеката се објавени фотографии на нововработениот мачор, за кој се вели дека неговата работа е да пишува семинари со студентите, да брои книги, а за неговите услуги добива храна, стан, здравствено е осигуран, додека се уште не е синдикално организиран.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше се

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет”, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија31 минута

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработен во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус”, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија33 минути

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерка за одбрана Радмила Шекеринска оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија50 минути

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева го почна сведочењето за случајот “Рекет”. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет2 часа

Ардерн: Има прашања кои мора да бидат одговорени, размерите на трагедијава се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн истакна дека има прашања кои мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет2 часа

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет2 часа

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет3 часа

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија14 часа

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион18 часа

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ19 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија19 часа

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Македонија19 часа

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата...

Македонија23 часа

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени...

Регион23 часа

Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што...

Спорт24 часа

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на...

Свет1 ден

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулканот, секунди пред ерупцијата

Веб-камера открила најмалку десет туристи во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд, во момент пред ерупцијата, пренесуваат...

Македонија1 ден

Пронајдени 27 килограми марихуана, приведени две лица од Албанија 

Полицијата пронашла 27 килограми марихуана во автомобил кај селото Кажани-на патот за битолското село Ѓавато. Уапсени се две лица, возачот...

Свет1 ден

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Владејачката социјалдемократска партија на Финска ја избра новата премиерка 34-годишната министерка и пратеничка Сана Марин. Таа ќе биде најмладата претседателка...

Свет1 ден

Тежок понеделник во Франција, продолжува штрајкот и сообраќајните проблеми

И денеска продолжува штрајкот во Франција, а со тоа и хаосот во сообраќајот. Вчера, во четвртиот ден од штрајкот на...

Досие