Забава
И овците се “тренди“
Дивите овци се прилагодуваат на климатските промени и глобалното затоплување -дебелината на нивната волна во последните две десетлетија се намалила
Дивите овци се прилагодуваат на климатските промени и глобалното затоплување -дебелината на нивната волна во последните две десетлетија се намалила, а губат и на височина и тежина.
Научниците почнале да ги проучуваат овците на островот Хиртан, Шкотска, од 1985 година, од кога животните се намалиле за пет проценти – нозете им се скусувале, а им се намалила и телесната тежина.
“Островот е скоро природна лабораторија – само вегетација и овци“, вели шефот на истражувањето Тим Кулсон од лондонскиот Империјал Колеџ.
“Во минатото само големите и здрави овци можеа да ги преживеат острите зими на островот“, велат научниците.
Но, поради климатските промени, тревата, нужна за исхраната, достапна е во подолг временски период.
“Условите за преживување веќе не се толку тешки како што биле некогаш – дури и овците кои побавно се развиваат стануваат надмоќни во популацијата“, вели Кулсон.
“Следниот чекор во нашето истражување е врз основа на податоците за досегашните промени да го разработиме можното идно сценарио. Но, се уште е рано да се каже дали за сто години ќе имаме стада овци со големина на чиувави“, додава Кулсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Би-би-си објави листа од 20 најдобри дестинации за патување во 2026 година
Новинарите на Би-би-си, заедно со експерти за одржлив туризам, објавија листа од 20 најдобри места за патување во 2026 година – дестинации, кои, освен уникатни искуства, го користат туризмот за поддршка на локалните заедници, заштита на животната средина и зачувување на културното наследство.
На листата се најдоа разни светски региони – од Алжир, Црна Гора и Хебридите во Шкотска, до далечни дестинации како Ишикава во Јапонија, Комодо островите во Индонезија и Улуру во Австралија.
Како една од најдинамичните дестинации се издвојува Абу Даби, каде што во 2026 година се очекуваат значајни културни отворања, меѓу кои Националниот музеј „Зајед“, Природонаучниот музеј „Абу Даби“ и долго најавуваниот „Гугенхајм Абу Даби“.
Меѓу европските избори се најдоа и Гимараеш во Португалија, кој во 2026 година ќе ја носи титулата зелена престолнина на Европа, како и Оулу во Финска, кој ќе биде европска престолнина на културата.
Листата вклучува и дестинации што повикуваат на одговорно патување, како Ишикава во Јапонија, погодена од разорен земјотрес во 2024 година, каде што посетителите директно придонесуваат за обновата на локалните заедници.
Според Би-би-си, заедничко за сите избрани места е тоа што нудат автентични доживувања и можност патувањето да остави позитивен и одржлив траг.
Фото: Žabljak, Montenegro (Pexels)
Забава
Колку дена јадете руска салата? Последиците по здравјето се сериозни, предупредува докторка
За време на празниците се подготвуваат големи количини храна, но важно е да се знае дека несоодветната подготовка и чување може да доведат до сериозни последици по здравјето.
Руска салата, мимоза салата, сарми – се само дел од јадењата што ќе се најдат на новогодишната и божиќната трпеза во домовите.
Меѓутоа, доколку не се внимава, празничната гозба може да предизвика здравствени проблеми.
Како што изјави за „ТВ Прва“ д-р Аурора Белјин, специјалист по микробиологија со паразитологија, многу е важно како храната се подготвува и како се чува, за да не дојде до труење, односно внесување бактерии или вируси во организмот преку храната, пренесува „Б92“.
„Важно е да се одржува хигиената на рацете, облеката во која се подготвува храната, како и на садовите и приборот што се користат. Садовите не треба да имаат оштетувања, бидејќи на такви места можат да се задржат микроорганизми“, изјави Белјин.
Колку дена може да се јаде руска салата?
Таа наведе дека е важно и суровата храна правилно да се чува пред подготовката, за да не дојде до развој на микроорганизми.
„Храната мора добро да се распореди и чува. Суровата храна треба да стои на пониските полици во фрижидерот, бидејќи таму температурата е пониска. Максималната температура во фрижидерот треба да биде 5 степени. На горните полици може да се чува оригинално спакувана храна“, објасни таа.
Особено е важно, кога храната ќе се подготви, да се подели така што иста чинија со салата да не се изнесува и внесува повеќепати, односно истите парчиња храна да не се подгреваат повеќе пати.
„Станува збор главно за салати на база на мајонез. Препораката е тие што побрзо да се оладат и да се поделат во повеќе чинии, за да не се изнесува и враќа една иста во фрижидерот. Периодот на чување е најмногу два до три дена“, изјави д-р Белјин за „Тв Прва“,
Таа додаде дека не се препорачува подгревање на храната во микробранова печка.
„Микробрановата не постигнува еднаква температура во сите делови на храната и тоа е ризично од аспект на бактериите кои имаат тенденција да создаваат спори, а потоа можат да преминат во активна фаза и да лачат токсини што можат да предизвикаат сериозни тегоби“, истакна таа.
Д-р Белјин наведе кои симптоми можат да се појават при труење со храна и потсети дека е потребна лабораториска проверка за точно да се утврди причината и соодветно да се реагира. Во одредени случаи може да дојде и до хоспитализација, особено кај ризичните групи како што се деца, бремени жени и имунокомпромитирани лица.
Симптомите на труење со храна можат да бидат:
мачнина
повраќање
дијареја
понекогаш покачена телесна температура
Поради сето ова, потребно е да се внимава празниците да не се претворат во борба со здравствени проблеми. Уживајте во славењето и храната, но бидете внимателни.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Џеј Ло одговори на критиките: Да имавте ваков задник, и вие ќе бевте голи
Пејачката Џенифер Лопез јавно одговори на критиките за својот изглед за време на концерт во Лас Вегас, во рамки на турнејатал.Таа накратко го прекина настапот и, со доза хумор, ги коментираше забелешките дека нејзиниот стил не е „соодветен за годините“. На прашањето зошто често е „разголена“, Лопез одговори: „Да имавте ваков задник, и вие ќе бевте голи“, што беше пречекано со аплауз од публиката.
Нејзиниот настап и изјава станаа вирални, а на социјалните мрежи следеше бран поддршка, каде обожавателите истакнаа дека нејзиниот изглед и стил се нејзин личен избор.
Jennifer Lopez addresses people who criticize how she dresses:
“If you had this body, you’d be naked, too!” pic.twitter.com/VE1xb4zaLW
— Pop Crave (@PopCrave) December 31, 2025

