Забава
Го положила писмениот дел од возачкиот по 950 обиди

Јужнокорејка скоро секојдневно се обидувала да го положи писмениот дел од возачкиот испит и конечно успеала на 950 обид.
Јужнокорејка скоро секојдневно се обидувала да го положи писмениот дел од возачкиот испит и конечно успеала на 950 обид.
Ча Са-сун (68), се обидувала да положи од април 2005 година, а само на обрасци за пријави потрошила близу три илјади евра.
Коментирајќи го случајот инструкторите на Са-сун, појаснуваат дека таа е пример дека упорноста се исплати.
На жената сега и останува уште да го положи практичнит дел од возачкиот испит. /крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Се породи Александра Пријовиќ

Српската пејачка, 29-годишната Александра Пријовиќ вчера роди девојче. Ова е првата ќерка во семејството Живојиновиќ по многу години, и затоа е со нетрпение очекувана.
Александра се породи во приватна клиника, а се поминало без проблеми, објавија српските медиуми.
Пејачката, заедно со нејзиниот сопруг, решија девојчето да се вика Ариа.
Ова е второ дете за Александра и Филип Живојиновиќ. Тие пред шест години го добија нивниот син Александар.
Забава
Планината станува сцена за млади креативци, Echoes in the Wild на 7 септември

На 7 септември (недела) во Ехлоец, село на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи Echoes in the Wild, настан кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.
Настанот ќе започне од 19 часот со филмска проекција во организација на EcoKult и Nightflix кои го отвораат настанот со идеја за заедничко доживување на интимноста на кино-искуството надвор од градските сали. По проекцијата, вечерта ќе продолжи со диџеј сетови на Ива Арифај (Србија), Aco Sound и Дарко Јованоски (Македонија) кои ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во ехлоечкото место познато како „На камен“.
Во разговорот со Дарко, член на Montparnasse и организатор, дознавме дека Echoes in the wild е настан преку кој сакаат да создадат нова навика кај младите, каде што уметноста и културните настани ќе бидат гледани како заеднички искуства што можат да се случат насекаде. Според него: „И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат“.
Настанот е во организација на Моntparnasse и е дел од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, што го спроведува Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка на Германското Министерство за надворешни работи.
Организаторите ги покануваат сите да дојдат уште од пладневните часови за подобро да ги доживеат Ехлоец и Стогово во нивната целосна убавина, но и да си понесат топла облека за во вечерните часови. Влезот за настанот е бесплатен.
Забава
Селма Хаек го прослави својот 59-ти роденден: „59 патувања околу сонцето и сè уште танцувам“

Актерката Селма Хаек го прослави својот 59-ти роденден. По тој повод таа објави фотографија во костим за капење на „Инстаграм“.
„59 патувања околу сонцето и сè уште танцувам. На здравје на сите и ви благодарам за љубовта“, напиша таа.
View this post on Instagram
Многумина ѝ го честитаа роденденот во коментарите, вклучувајќи го и актерот Ентони Хопкинс, кој напиша: „Среќен роденден, те сакаме“.
Селма често позира во бикини и без шминка покажувајќи го својот природен изглед. Неодамна ја сподели својата дневна рутина за нега на кожата и шминкање за „Вог“.
View this post on Instagram
„Мора да ги менувате вашата шминка и рутината за убавина како што стареете. Можеби она што функционирало порано, сега не функционира. Затоа е добро да бидете авантуристички настроени, креативни и да се обидете да се забавувате додека го правите тоа“, вели Хаек и додава дека ја научила оваа лекција од баба ѝ: „Имам голема среќа затоа што имав баба што беше опседната со убавината и знаеше секакви трикови“.