Забава
Собрани милион долари од аукцијата на Медоф

Аукцијата од предмети кои му припаѓале на поранешниот финансиер Берни Медоф осуден на доживотен затвор за проневера се продадоа на аукција во Њујорк за милион долари.Парите кои беа собрани од аукцијата ќе бидат наменети за жртвите од неговата пирамидална измама, но тие
Аукцијата од предмети кои му припаѓале на поранешниот финансиер Берни Медоф осуден на доживотен затвор за проневера се продадоа на аукција во Њујорк за милион долари.Парите кои беа собрани од аукцијата ќе бидат наменети за жртвите од неговата пирамидална измама, но тие се само мал дел од 21 билион долари кои тој ги украде од своите клиенти. Меѓу предметите што се продадоа на аукцијата беа неговата бејзбол јакна и дијамантските обетки на неговата сопруга. Бејзбол јакната со името Медоф испишано се продаде за 14 илјади долари а дијамантските обетки на сопругата за 140 илјади долари, многу повеќе од планираната сума. Сепак, рачниот „Ролекс“ часовник се продаде за 65 илјади долари а седумте „Своч“ часовници за само 850 долари.Вкупно 200 предмети беа продадени на аукцијата во Њујорк. /крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Со MINT ништо не е црно-бело – сребрен спонзор на 46. ИФФК „Браќа Манаки“

Mint Fintech Group ја најави својата поддршка како сребрен спонзор на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што традиционално се одржува во Битола.
„Со MINT, ништо не е црно-бело“ е пораката со која компанијата се претставува на фестивалот, симболизирајќи ја својата визија за свет полн со нијанси, перспективи и иновации. Како што филмот не е само црно-бел, така и финансискиот свет што го гради MINT е исполнет со креативност, технологија и решенија кои носат нова динамика во секојдневието.
„Браќа Манаки“ е фестивал што повеќе од четири децении ја слави уметноста на филмската камера и визијата на најистакнатите кинематографери од светот. Поддршката на MINT претставува јасна порака дека компанијата е посветена на културата, заедницата и приказните што траат.
„За нас е голема чест што сме дел од еден од најзначајните фестивали во регионот. Вредностите што ги носи ‘Браќа Манаки’ – креативност, визија и континуитет … се вредности со кои и самите се идентификуваме. Веруваме дека вистинските приказни, било на филм или во бизнис, никогаш не се црно-бели – тие се полни со живот, со боја и со инспирација,“ – изјавија од Mint Fintech Group.
Со оваа соработка, Mint Fintech Group уште еднаш ја покажува својата определба да биде дел од најзначајните настани кои ја обликуваат културната сцена на Македонија и пошироко.
(ПР)
Забава
Нема да им биде лесно: знаци што ќе имаат тежок брак, според астролозите

На некои хороскопски знаци им е тешко да останат во брак од различни причини, затоа проверете дали сте на таа астролошка „избрана“ листа.
Некои парови едноставно не можат да успеат во бракот, без разлика колку се трудат. Партнерите во ваквите врски едноставно не се компатибилни во однос на романтичниот интерес. Според астрологијата, ова се хороскопските знаци кои би можеле да имаат тежок брак, пишува „Тајмс оф Индија“.
Овен
Овните имаат тврд темперамент и се лутат на најмала провокација. Многу е тешко да се одржи смирен Овен во тешки ситуации, особено за време на брачни расправии. Откако конечно ќе се смират, се обидуваат да се извинат, но тоа станува сè потешко за нивниот партнер да го поднесе.
Близнаци
Луѓето родени под овој знак не ја сакаат идејата да бидат само со една личност до крајот на животот. Освен што се зафатени со своите полни распореди, тие едвај наоѓаат време за својот сопружник, поради што се оддалечуваат еден од друг.
Девица
Девиците се исклучително фокусирани на постигнување совршенство во сите аспекти од нивниот живот, вклучувајќи ги врските и бракот. Ова предизвикува сериозни проблеми во нивниот брак, бидејќи нивниот партнер се чувствува фрустриран бидејќи мора да биде апсолутно совршен во сè.
Шкорпија
Тие не дозволуваат никој да им се приближи, дури ни нивниот сопружник, бидејќи се плашат да не бидат повредени. Но, откако ќе се посветат на некоја личност, не можат да се држат настрана, дури и ако тоа значи нарушување на нивната приватност и личен простор. Тие се оние кои сакаат да имаат моќ во врската.
Јарец
Јарците се огромни работохоличари кои мислат само на својата работа и кариера. Ова многу го фрустрира нивниот партнер кој сака да поминува квалитетно време со нив. Со Јарците може да биде многу тешко да се справите.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Џенифер Анистон го откри вистинското име на Рис Витерспун по 25 години пријателство

Џенифер Анистон и Рис Витерспун се пријателки и колешки со децении, но се чини дека сè уште има работи што не ги знаат една за друга. Анистон беше во целосен шок кога го дозна вистинското име на својата колешка за време на неодамнешно интервју.
Двете, кои играа сестри во култната серија „Пријатели“, а сега се колешки во популарното „Утринско шоу“, дадоа заедничко интервју за LADBible. Во еден момент Анистон доби задача да го каже средното име на Рис Витерспун, но наместо тоа, го научи нејзиното целосно име.
„Јас сум Лора Џин“, откри Витерспун. „Тоа е моето вистинско име, да“.
Реакцијата на Анистон беше непроценлива. „Лора?!“, извика таа со неверување, а Витерспун се расплака од смеа. „Која е Лора? Што! Која е, по ѓаволите, Лора?“, продолжи Анистон шокирана.
„Отсега нема да те викам така“, додаде ѕвездата на „Пријатели“. „Ајде, Лора Џин! Од каде е Рис?“
Витерспун потоа разјасни дека нејзиното целосно име е Лора Џин Рис и дека Рис е, всушност, нејзиното средно име, кое секогаш го користела. Потоа ја праша Анистон за нејзиното средно име, кое е Џоана.
Рис Витерспун не е единствената ѕвезда што ја изненади јавноста со своето вистинско име. Актерот Вил Ферел го откри своето целосно име уште во 2020 година за време на интервју со Џејмс Корден правилно предвидувајќи дека информацијата ќе стане вирална.
„Добро, еве го. Подгответе се. Вирален момент, токму тука“, објави тој тогаш. „Џон Вилијам Фарел. Тоа е она што го пишува на пасошот“, рече тој додавајќи дека татко му понекогаш го нарекува ЏВ.
Целосното име на Том Круз е Томас Круз Мапотер IV. Иако пократкото име звучи попаметно и посоодветно за Холивуд, главната причина за промената е многу лична и тажна. Круз сакаше да се дистанцира од својот татко кого го опиша во интервју за списанието Parade во 2006 година како насилник и извор на хаос.
фото: принтскрин