Забава
Витаминот Ц не штити од настинка

Витаминот Ц не штити од настинка, објави германскиот институт за квалитет на здравството IQWiG, повикувајќи се на истражување на Кочран Колаборејшн. Во истражувањето на таа меѓународна здравствена организација учествувале повеќе од 11 илјади луѓе. Дел од нив земале плацебо,
Витаминот Ц не штити од настинка, објави германскиот институт за квалитет на здравството IQWiG, повикувајќи се на истражување на Кочран Колаборејшн. Во истражувањето на таа меѓународна здравствена организација учествувале повеќе од 11 илјади луѓе. Дел од нив земале плацебо, а преостанатите земале најмалку 0,2 грамови витамин Ц дневно. Луѓето кои земале поголема доза од витаминот Ц откако настинале, не забележале никаква разлика во траењето и интензитетот на болеста. Оние, пак, кои земале витамин Ц пред да се разболат, траењето на болеста се намалило во просек за помалку од еден ден. IQWiG соопшти дека некои прехранбени препарати содржат и до еден грам витамин Ц, што е десет пати повеќе од препорачаната дневна доза. Бидејќи телото не може да апсорбира толку големи количини, поголемиот дел од витаминот Ц се излачува преку урината, неколку часови подоцна. Преголеми количества од овој витамин можат да предизвикаат и дијареа, предупредува IQWiG.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дали знаете дека ова е најлошиот знак во хороскопот: лош темперамент и уште полош карактер

Припадниците на овој знак се познати по нивната голема и моќна енергија, но и по нивната способност да го гледаат секој проблем од повеќе агли, да го анализираат и да донесуваат паметни одлуки.
Тие имаат голема желба за слобода, па затоа избегнуваат луѓе и ситуации што ги ограничуваат и пречат.
Станува збор за Водолија.
Луѓето родени помеѓу 21 јануари и 20 февруари се обично ладни, мирни и смирени, но можат да бидат многу сурови и да ја покажат својата друга страна ако некој ги повреди.
Водолијата е фиксен знак, што значи дека е многу стабилен, но во исто време и ограничен.
Многумина велат дека тие се всушност најлошиот знак во хороскопот.
Луѓето кои не ја познаваат добро личноста родена под овој хороскопски знак ќе го окарактеризираат нејзиното вообичаено однесување како грубо. Често ќе бидат нарекувани некултурна личност без манири, но вистината е дека тие се однесуваат според тоа како се чувствуваат во тој момент и Водолиите не гледаат ништо спорно во тоа.
Нема лоша намера зад работите што ги прават, но нивните постапки може да наидат на неодобрување од луѓе кои не ги познаваат.
Водолиите исто така можат да имаат лошо чувство за хумор. Тие често знаат да се шегуваат на туѓа сметка или да споменат чувствителна тема, поради што другите ги сметаат за навредливи.
Исто така, припадниците на овој знак го имаат Уран во својата натална карта, поради што имаат уникатни карактеристики – можат да бидат расположени и претерано чувствителни, но никогаш нема да го покажат тоа на другите.
Честопати им е тешко да постигнат длабоки и стабилни емоционални врски, бидејќи можат да бидат променливи, но и тврдоглави, што им го отежнува одржувањето на врската.
Забава
(Фото) Не се знае која е поубава – мајката или ќерката: очите не ве лажат, тие се исти

Таа е речиси копија на нејзината мајка, една од најуспешните модели на сите времиња и најубавите жени во светот, Синди Крофорд.
Легендарната манекенка Синди Крафорд ја доби својата вистинска наследничка на модните писти, нејзината ќерка Каја Гербер, која одамна докажа дека е слика на нејзината мајка и дека е родена за светот под рефлекторите.
Синди и Каја станаа заштитни лица на новата кампања на брендот Vuori за пролет/лето 2025 година, а во кампањата се појавија и Ренде Гербер, сопруг на Синди Крофорд, и нивниот син Пресли Гербер.
Брендот промовира сеопфатен стил на облекување, кој дамите, заедно со остатокот од семејството, го претставија во кампањата, а најголемо внимание привлекоа прекрасната Каја и неодоливата Синди, која изгледа одлично и на 60-годишна возраст.
Каја Гербер ја започна својата кариера како модел на само 10 години, кога се појави во кампања за тинејџерската линија на Версаче.
Оттогаш, таа постојано постигнува успеси, а колку повеќе расте, толку повеќе наликува на нејзината мајка, која некогаш беше меѓу најуспешните супермодели во светот.
Забава
„Нема ‘голи’ фустани на црвениот тепих“: Канскиот филмски фестивал воведува построги правила

Пред отворањето на Канскиот филмски фестивал организаторите одлучија да ги заострат правилата во врска со облекувањето на црвениот тепих, пишува „Дејли мејл3. Новите правила диктираат дека дамите ќе мора повнимателно да ги избираат своите свечени облеки.
Во последните години некои учеснички привлекоа големо внимание избирајќи ги таканаречените голи фустани. За да се обезбеди поголема пристојност, организаторите одлучија да забранат вакви облеки оваа година.
„Голотијата е забранета на црвениот тепих, како и во другите области во кои се одржува фестивалот“, се наведува во официјалната одлука објавена од странските медиуми.
Исто така, беше нагласено дека пристапот до фестивалот ќе му биде одбиен на секој што не ги почитува горенаведените правила.
Сè уште е непознато дали телевизиските станици што го емитуваа настанот имале какво било влијание врз оваа одлука.
За потсетување, 78. издание на фестивалот ќе се одржи од 13 до 24 мај.