Забава
Бројот на заразените со СИДА намален за 17%

Околу 25 милиони лица починале од СИДА од појавата на заболувањето, а 60 милиони се заразиле, но бројот на новозаразените се намалил за 17% во последните осум години благодарение највеќе на превенцијата
Околу 25 милиони лица починале од СИДА од појавата на заболувањето, а 60 милиони се заразиле, но бројот на новозаразените се намалил за 17% во последните осум години благодарение највеќе на превенцијатаОва се наведува во извештај на Програмата на ООН за ХИВ/IСИДА UNAIDS”Од почетокот на епидемијата близу 60 милиони луѓе биле заразени со ХИВ, а 25 милиони лица починале заради причини, поврзани со ХИВ”, се наведува во годишниот извештај на организацијата на ООН, подготвен во соработка со Светската здравствена организација. „Добрата вест е дека имаме докази оти намалувањето на случаите на заразување, на што сме сведоци, се должи делумно на превенцијата”, изјави извршниот директор на UNAIDS Мајкл Сидибе/крај/б/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Досадните“ комбинации повторно во тренд

Можеби изгледаат како најосновни, па дури и малку досадни бои кога се носат одделно, но кога црно-белото ќе се спои – се случува вистинска модна магија.
Оваа вечна модна комбинација стана неопходен „дрес-код“ за сите љубители на тивкиот луксуз, кој владее на пистите, на „Инстаграм“ и во првите редови на модните ревии во целиот свет.
Она што ја прави црно-белата боја неодолива не е само контрастот, туку и чувството на ненаметлива елеганција што ја носи оваа палета. Постојат беспрекорни силуети, луксузни материјали и совршени кроеви, кои го подигнуваат дури и наједноставниот изглед на ниво на модна изјава.
Ако се прашувате од каде да почнете, одговорот е едноставен: изберете парчиња во црно-бела боја, кои имаат чисти линии и се изработени од квалитетни материјали.
Забава
Тивок убиец на модерниот човек

Замислете болест што полека го ослабува вашето срце, го забавува вашиот метаболизам, ги оптоварува вашите зглобови и го зголемува ризикот од прерана смрт – без дури и да го сфатите тоа.
Не предизвикува моментна болка, не дава јасни симптоми и затоа останува незабележана. Оваа болест се нарекува седечки начин на живеење и влијае на речиси секој современ човек.
Зошто седечкиот начин на живеење е толку опасен?
Кога седиме со часови, нашето тело влегува во состојба на биолошка пасивност:
Метаболизмот се забавува – телото согорува помалку енергија, што доведува до зголемување на телесната тежина и до инсулинска резистенција.
Атрофија на мускулите – нашата најважна алатка за стабилен ‘рбет и здрави зглобови ослабува.
Циркулацијата страда – крвта и кислородот стигнуваат до органите побавно зголемувајќи го ризикот од згрутчување на крвта и срцеви заболувања.
Хормонот на среќата се намалува – недостигот на движење влијае и на менталното здравје промовирајќи стрес и анксиозност.
Неодамнешните истражувања покажуваат дека 6+ часа седење дневно го зголемуваат ризикот од прерана смрт за дури 19 %, без оглед на тоа дали подоцна одите во сала за вежбање или не.
Зошто рекреацијата еднаш неделно не е доволна?
Еден од најголемите митови е дека седечката недела може да се избрише со еден тренинг. За жал, не може. Нашето тело реагира на вкупната количина движење секој ден, а не на еден голем настан. Ова значи дека здравјето не се одржува само со тренинг во сала за вежбање, туку и со сите мали навики помеѓу нив.
Мали промени, големи резултати
Добрата вест е дека почнувањето со решавање на проблемот не е комплицирано. Само треба да го вратите движењето во вашиот секојдневен живот:
Микропаузи – станувајте, одете, истегнете се најмалку двапати на ден.
Активен транспорт – одете или возете велосипед наместо да возите автомобил на кратки растојанија.
Работа во стоење – користете подигнати бироа или работете стоејќи барем дел од денот.
10 минути мобилност дневно – едноставни вежби за дишење, истегнување и стабилизација прават чуда за ‘рбетот.
Тренингот како лек
Најдобриот лек против седечкиот начин на живеење е, всушност, тренингот за сила и мобилност. Заедно со кардиовежбите, тренингот на сила гради мускули, а мускулите се метаболистички активно ткиво, кое го штити целото тело. Тие се нашиот лек против стареење, болка и метаболистички нарушувања.
Забава
Актерка од БиХ привлече внимание на црвениот тепих во Сараево, се појави – боса

Филмската и телевизиската актерка Мона Муратовиќ од БиХ привлече внимание на црвениот тепих на Сараевскиот филмски фестивал со необичен потег – наместо да носи чевли, се појави боса.
За оваа пригода таа избра долг елегантен бордо-фустан, но причината зошто одлучи да оди без чевли е непозната.
Муратовиќ се појави на фестивалот во придружба на својот сопруг, водителот Данко Делибашиќ, кој носеше класичен сив костум.
Во Босна и Херцеговина тие се познати како еден од најхармоничните парови, заедно имаат ќерка Ливија и син Виго, а Мона го има и синот Акин од претходниот брак.
Инаку, Мона Муратовиќ дипломирала глума на Академијата за сценски уметности во Сараево, а студирала и историја на уметност и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Сараево.