Забава
Ретко видео од петгодишната Бијонсе во емисијата на Елен

Домашно видео од петгодишната Бијонси беше прикажано во празничната емисија на Елен Деџенерис
Поп пејачката Бијонсе, на последното гостување во емисијата на Елен Деџенерис, беше пријатно изненадена која водителката и презентира видео од Бијонсе кога таа имала само 5 годиниВидеото беше дел од празничната емисија на Елен, по повод Денот на благодарноста, која беше емитувана вчера во САД.На видеото пејачката заедно со своја пријателка пее и игра во нејзиниот препознатлив стил по кој и сега дваесет години подоцна е позната.„На петгодишна возраст точно знаев што сакам да бидам, пејачка. Почнав да пеам во групата „Destiny’s child“ кога имав само девет години. Не бевме подготвени, но продолживме да вежбаме се додека не се појавивме на едно популарно ТВ шоу за барање таленти, но не победивме. Сепак добивме можност да потпишеме договор со Колумбиа рекордс во 1995 година а во 1997 година го издадовме првиот албум“ изјави Бијонсе во емисијата на Елен./крај/дм/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Ана Ивановиќ ги „крши“ правилата во смел фустан на Вимблдон

Ана Ивановиќ не престанува да објавува фотографии на социјалните мрежи, а во секоја изгледа сè поубаво.
Познатата тенисерка Ана Ивановиќ ужива во животот. Убавата Србинка никогаш не била толку активна на социјалните мрежи, но откако се појави веста за нејзиниот наводен развод од Бастијан Швајнштајгер, Ана сврти нов лист.
Таа веќе импресионираше со своите модни изданија неколку пати, и се чини дека ужива во поминувањето време со семејството и пријателите повеќе од кога било.
Како една од најдобрите тенисерки во светот во еден момент, Ана присуствуваше на женското финале на Вимблдон и уште еднаш воодушеви со своето модно издание.
Фустан со средна должина со цветни мотиви, но овој пат со малку посмело деколте, ја направи поранешната тенисерка една од најдобро облечените на турнирот.
Таа го комплетираше својот летен изглед со кафеави сандали со потпетици и беж шапка. Нејзината облека остана софистицирана и покрај тоа што отстапуваше од класичните правила на Вимблдон.
Не требаше долго време коментарите под нејзината објава да „експлодираат“, што стана редовна практика во последните месеци.
Забава
Можеби не се најубави, но… Неодоливите мажи се родени во неколку хороскопски знаци

Некои мажи дури и не мораат да зборуваат, тие само влегуваат во соба и сите очи се вперени во нив.
Не затоа што се нужно најубави, најсилни или најгласни, туку затоа што го поседуваат тоа нешто недостижно. Шарм. Таа комбинација од изглед, однесување, тон на гласот и внатрешна енергија што се задржува во умовите на луѓето долго откако ќе си отидат.
Кои се овие хороскопски знаци?
Вага
Мажот Вага не мора многу да зборува за да остави впечаток. Неговиот стил, дотеран изглед и нежно однесување ги освојуваат луѓето уште од првиот контакт. Вагите знаат како да слушаат, да ги гледаат луѓето во очи и имаат тој џентлменски пристап што ве тера да се чувствувате како да сте во сцена од стар црно-бел филм.
Нивниот шарм лежи во елеганцијата, внимателноста и природната способност да ја балансираат енергијата во општеството. Тие не се наметливи, туку секогаш се забележани. А комплимент од Вага? Тој секогаш доаѓа во вистинско време и звучи искрено.
Лав
Лавот не мора да се обидува да биде шармантен, тој едноставно е. Неговото однесување, самодоверба и топлина се магнетни. Лавот знае како да се претстави, знае кога да влезе во простор и знае што да каже за да остави впечаток. Но, неговиот вистински шарм лежи во неговата дарежливост и искрен интерес за другите.
Кога Лавот покажува внимание, тоа не е површно. Тој сака да ве импресионира, но сака и да ве заштити. Неговото присуство често носи чувство на сигурност и забава во исто време. И да, тој знае како да се насмевне на начин што е незаборавен.
Близнаци
Никогаш не е здодевно со маж Близнак. Неговиот шарм е брз, духовит и лесен. Може да води разговор за сè, секогаш има подготвено нешто и знае како да ги насмее сите околу него. Луѓето ја сакаат неговата веселост, неговата опуштена природа и неговата способност да создава забава во најобичните моменти.
Иако се чини дека постојано скока од тема на тема, токму оваа спонтаност и леснотија го прават неодолив. Никогаш не знаете што го чека, а тоа е шарм на кој е тешко да се одолее.
Риби
Мажите родени под знакот на Риби не привлекуваат внимание поради нивната гласност, туку поради нивната длабочина. Тие имаат поглед што како да ги чита вашите мисли и начин на зборување што звучи како да сте ги чекале цел ден. Рибите пленат со емоции, чувствителност и чувството дека некој навистина ве гледа.
Нивниот шарм е поетски. Тие знаат како да слушаат без да прекинуваат, знаат како да допираат со зборови без да наметнуваат. И иако често се чувствуваат непријатно кога се во центарот на вниманието, токму оваа скромност ги прави уште попривлечни.
Шкорпија
Шкорпијата не ве освојува со широка насмевка. Ве гледа како да знае сè за вас и не кажува многу бидејќи знае дека веќе направил доволно. Неговиот шарм не е за секого, но оние кои го чувствуваат знаат дека е тешко да се заборави. Шкорпијата делува самоуверено, длабоко и малку мистериозно. И токму оваа комбинација буди љубопитност.
Мажот Шкорпија знае што сака и не се плаши да покаже интерес. Но, секогаш умерено, секогаш во вистинско време. Неговата привлечност не е случајна, тоа е моќта на тивката самодоверба и емоционалната контрола.
Забава
(Видео) Џастин Бибер објави нов албум

Пејачот Џастин Бибер го издаде својот прв албум по четири години, насловен Swag. Седмиот албум со 21 песна беше неочекувано објавен денеска, а пејачот зборува за своите искуства како сопруг и татко, среде онлајн шпекулациите за неговиот брак со Хејли Бибер.
Бибер почна да објавува тизери на Инстаграм синоќа, а мистериозни билборди се поставени на локации низ целиот свет. Новиот албум е опишан како „едно од неговите најлични музички дела досега“.
Хејли, ќерка на американскиот актер Стивен Болдвин и сопруга на Бибер од 2018 година, за Vogue во мај изјави дека постпородилниот период бил „многу тежок“ и дека раѓањето на нивниот син Џек Блуз Бибер во август минатата година било „едно од најтешките нешта“ низ кои морала да помине.
Swag го следи албумот Justice од 2021 година.