Контакт

Забава

Планинарски хепенинг на Матка

Објавено пред

Со чашка греано вино околу 300 планинари во саботата на Матка наздравија по повод 11-декември, меѓународниот ден на планината, што традиционално се одбележува во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Со чашка греано вино околу 300 планинари во саботата на Матка наздравија по повод 11-декември, меѓународниот ден на планината, што традиционално се одбележува во Македонија.

Настанот во земјава се организира од Федерацијата на планинарски спортови и е поделен во три целини: едукација, рекреација и спорт. Планинари и рекреативци денеска имаа можност да планинарат по рутата Скопје – врв на Водно – Матка, да бидат дел од рекреативната прошетка од манастирот Св. Богородица до Св. Недела или да ја посетат пештерата Врело во каноњот Матка. Активно учество на денешниот хепенинг имаше и дел од дипломатскиот кор.

Токму за рекреативнотото планинарење има најголем интерес кај граѓаните во Македонија, велат од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

“Интересот е голем, но можностите се друго. Ситуацијата во којашто во моментов се наоѓа државата има одраз и во самиот спорт и во планинарските спортови. Имаме многу љубители за рекреативно планинарење во рамки на државата, а потешко се реализира експедиционизмот поради недостакот на финанскиски средства“, вели Горан Тинтоски, менаџер на акцијата.

Во рамки на одбележување на овој ден се организира и натпреварот во спортско качување на вештачки карпи во Скопје.Меѓународниот ден на планината 11 декември се одбележува од 2003 година, по прогласувањето од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации./крај/ач

Натпревар во спортско качување во Скопје>>



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Жените родени под овие три знаци се драматични кралици: ранливи принцези и непоколебливи хероини

Објавено пред

Жените родени под овие хороскопски знаци имаат гласни, експресивни и секогаш искрени емоции. Кога се смеат, тоа е заразно. Кога плачат, тоа го допира дури и најстуденото срце. Кога се лутат… Па, да речеме само дека никој не би сакал да биде во чевлите на луѓето на кои се лути.

dobivaj vesti na viber

Три хороскопски знаци кои гордо ја носат титулата кралици на драмата. Проверете подолу за да видите дали сте една од нив.

Лав
Ако има знак кој знае како да направи сцена – но со допир на гламур – тоа е Лавот. Жената родена во овој знак не драматизира затоа што сака внимание, туку затоа што животот мора да биде спектакуларен за неа. Кога сака, ќе ве осветли како сонце.

Кога е разочарана, едноставно не може да го скрие тоа. Но, пет минути подоцна, таа ќе биде насмеана, со нова фризура и план повторно да го натера светот да се врти околу неа.

Лавицата не знае за просек – со неа, сè е или огномет или ништо.

Шкорпија
Ништо не е површно со Шкорпијата. Таа сè доживува интензивно. Кога сака, се предава на последната емоција; кога е повредена, се повлекува во својот мрачен универзум полн со мисли и интроспекција.

Нејзината драма не е плитка – тоа е внатрешно превирање. Кога вели дека не е ништо, всушност е сè. Иако нејзините реакции може да изгледаат претерани, тие секогаш се искрени. Шкорпијата го чувствува светот како малкумина други и токму затоа е незаменлива.

Рак
Раковите се емоционални епицентри на секое општество. Ако треба да плачете – тие ќе бидат првите. Ако треба да прегрнете – тие веќе ги отвориле рацете. Нивната драма не е театарска, туку нежна и срдечна.

Таа знае како да го претвори најмалиот момент во филмска сцена, но не затоа што сака внимание – туку затоа што искрено живее сè што чувствува. Никогаш не е здодевно со нив: еден ден се ранливи принцези, следниот ден се непоколебливи хероини.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) „Новото лице“ на познатата актерка ја засени целата нејзина елеганција

Објавено пред

Актерката Ема Стоун не престанува да привлекува внимание поради својот изглед и „ново лице“ за кое сите коментираат, прашувајќи се повторно: „Што ѝ направи на таа природна убавина?“.

dobivaj vesti na viber

На црвениот тепих во Лондон, на премиерата на нејзиниот нов филм „Bugonia“, таа се појави во долг жолт фустан кој го надополни со марама префрлена преку рацете, а покрај деталите во форма на чанта и сандали од Луј Витон, таа беше во центарот на вниманието и поради нејзиниот физички изглед.

Многумина коментираат дека се подложила на козметички процедури, и дека сега има различни веѓи, но и изглед како на мачка, меѓутоа, сè уште не е познато дали шминката направила голем дел од работата во оваа промена или, можеби, естетските хирурзи.

Таа го истакна своето „ново лице“ со нежна, минимална шминка и носеше една од најпопуларните фризури оваа сезона – познатата боб фризура со едната страна префрлена преку увото, а другата слободно паѓаше преку лицето, а ѝ стоеше совршено.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Јасмин влезе во историјата: Таа е првата трудница која ја отвори ревијата на „Викторија сикрет“

Објавено пред

Од

Манекенката Јасмин Тукс (34) синоќа беше ѕвездата на вечерта на ревијата на „Викторија сикрет“. Таа самоуверено одеше по пистата и ја отвори ревијата, гордо покажувајќи го својот труднички стомак, пишува People.

dobivaj vesti na viber

Тукс, која во јули објави дека го очекува своето второ дете со сопругот Хуан Дејвид Бореро, блескаше на пистата во Бруклин. Во класичен стил на „Викторија сикрет“, таа носеше луксузни златни ангелски крилја украсени со светкави детали и светла. Крилјата совршено се вклопуваа со мрежестиот фустан што го истакнуваше нејзиниот стомак. Додека одеше по пистата, моделот нежно го држеше нејзиниот стомак.

Јасмин Тукс влезе во историјата како втора црна жена и прва трудница што ја отвори ревијата на „Викторија сикрет“.

Второ бебе на пат
Бремената манекенка и нејзиниот сопруг Бореро очекуваат машко бебе. Таа ја сподели среќната вест на Инстаграм ова лето со серија фотографии. „Уште една мала душа за љубов“, напиша таа покрај објавата.

Во разговор за Vogue, моделот откри дека нејзината втора бременост дошла како изненадување. „Јас сум голем планер“, рече таа. „Да имам уште едно дете беше нешто што мојот сопруг и јас отсекогаш го сакавме. Беше само прашање на време и кога ќе има смисла – кога двајцата нема да патуваме толку многу.“

Јасмин ја има ќерката Миа Викторија.

Долгогодишна соработка со брендот
Јасмин Тукс го имаше своето деби на ревијата на „Викторија сикрет“ во 2012 година, а три години подоцна, во 2015 година, таа стана официјален ангел на брендот. Оттогаш е постојана на нивните ревии.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп: Хамас копа низ урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа2 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа2 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет2 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не можат да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија10 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија13 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија14 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија15 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија16 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија21 час

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија21 час

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија22 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија23 часа

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија23 часа

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија23 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија23 часа

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија24 часа

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет1 ден

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...

Европа1 ден

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...