Забава
Симон Ковел го напушта „Американскиот Идол“

Судијата на „Американскиот идол“ Симон Ковел реши да го напушти популарното ТВ шоу кога неговиот договор ќе заврши во 2010, пишува британскиот таблоид The Sun, што може да биде погубно за Fox ТВ мрежата.
Судијата на „Американскиот идол“ Симон Ковел реши да го напушти популарното ТВ шоу кога неговиот договор ќе заврши во 2010, пишува британскиот таблоид The Sun, што може да биде погубно за Fox ТВ мрежата. Ковел (50), беше дел од мега шоуто од самиот почеток во 2002, но неговиот договор истекува на крајот на деветтата сезона, која започнува во јануари а завршува во мај 2010. Во минатото тој на неколку наврати даваше до сознание дека веќе му е здодевна неговата улога во „Американскиот идол“. Навредите на Ковел за неталентираните пејачи беа еден од клучните фактори поради кој многу од гледачите го гледаа шоуто со огромен интерес. Според Ројтерс, оваа сезона од шоуто си заминува уште еден популарен судија- Пола Абдул. Братот на Ковел, Тони, кој е радио водител на едно неделно шоу наречено „Ковел Факторот“, во неговата емисија рече дека Симон се подготвува за неговата последна сезона на „Идол“. „Се подготвува изјава за медиумите која ќе го потврди она што сите го очекуваа- Симон ќе го напушти ‘Идол’ на крајот на 2010 година за да се концентрира на организирањето на Американската верзија на ‘X Фактор’ на US TV во 2011,“ изјави Тони. Иако сеуште е најгледаното ТВ шоу во Америка, гледаноста на „Идол“ се намали во 2009 на 26.3 милиони, од 30.8 милиони во 2006.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Убавата студентка по право ќе ја претставува Македонија на „Мис на светот“

Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20), ќе ја претставува Северна Македонија на најпрестижниот избор на убавина – „Мис на светот“ во Телангана, Индија.
Изборот ќе трае до 31 мај.
„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот за мис на светот 2025 година во Телангана, Индија, од 7 до 31 мај 2025 година – ‘Убавина со цел’. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата „Мис Северна Македонија“ да ги претставам прекрасната култура и наследството на Северна Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.
View this post on Instagram
Во декември 2023 Навзати победи на ораторската вечер „Иво Пухан“, која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на тема „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“.
View this post on Instagram
Забава
Утврдено кој ќе управува со наследството на починатиот Лијам Пејн

Имотот на Лијам Пејн е назначен. Шерил, мајката на осумгодишниот Бер, син на покојниот член на „Уан дајрекшн“, ќе управува со неговиот имот.
Според судските документи до кои дојде списанието „Пипл“, во тоа ќе биде заедно со адвокатот Ричард Марк Бреј бидејќи Пејн почина без тестамент. Според извештајот, вредноста на средствата на Пејн во Обединетото Кралство, по одбивањето на долговите и трошоците, е приближно 32,2 милиона американски долари.
Сепак, според судските документи во кои увид имал Би-би-си, Шерил и Бреј засега имаат само ограничени овластувања да управуваат со парите додека не се издаде општ сертификат за наследување.
Во меѓувреме, на Шерил и адвокатот не им е дозволено да распределуваат ниеден дел од имотот.
Пејн почина во октомври, на 31-годишна возраст, при падна од балкон од третиот кат во хотел во Аргентина.
Забава
„Енергија без филтри, музика без маски и емоција без компромиси“, „Ареа“ најави специјален концерт на 𝟣𝟢. мај

Македонската рок група „Ареа“ која одбележува повеќе од децении од своето формирање, ќе одржи специјален концерт на 10. мај (сабота) во „Јавна Соба“ во Скопје, каде што публиката ќе има можност да доживее едно блиско и енергично музичко искуство со автентичниот звук што ја одбележа „Ареа“ низ годините.
„Да си свој е најгласниот звук што можеш да го свириш“, вели гитаристот Ивица Брчиоски, кој од почетокот е дел од ова музичко патување. Во интервју по повод јубилејот, Брчиоски се навраќа на скромните почетоци, снимањето на првиот албум во студиото на МРТ – „место каде што пред нас снимале легенди како ‘Леб и сол’ и ‘Бјело дугме’“ – и потенцира дека клучот на успехот е доследноста и искреноста.
И по седум издадени албуми и стотици настапи, „Ареа“ останува верна на својот стил и на директната комуникација со публиката. Брчиоски посочува дека денешната сцена е поинаква – доминираат бројките и алгоритмите, но суштината на музиката е да биде доживување, а не производ.
Концертот во „Јавна Соба“ ќе понуди токму тоа – енергија без филтери, музика без маски, и емоција без компромис. Публиката може да очекува избор од најдоброто од дискографијата на „Ареа“, во атмосфера што ја нагласува блискоста и искреноста на живиот настап.