Забава
Свештеник на покер освоил 100 илјади долари

Католичкиот свештеник од Јужна Каролина, успеал на турнир во покер да освои 100 илјади долари, што ќе ги употреби во градењето на нова црква. Ендрју Трап објаснува дека се вклучил во турнирот Покер. Старс. Нет Милион долар Чаленџ, за да може да обезбеди барем дел од
Католичкиот свештеник од Јужна Каролина, успеал на турнир во покер да освои 100 илјади долари, што ќе ги употреби во градењето на нова црква. Ендрју Трап објаснува дека се вклучил во турнирот Покер. Старс. Нет Милион долар Чаленџ, за да може да обезбеди барем дел од потребните 5,5 милиони долари за изградба на новата црква. “Иако не успеав, се надевам дека им помогнав на луѓето да сватат дека и свештениците можат да се забавуваат и да бидат обични луѓе“, вели свештеникот. Првата награда на овој турнир ја освоил полицискиот детектив Мајк Косовки, а Трап, во полуфиналето освоил 100 илјади неоданочени долари. “Господ ме надари за карти, тоа ме интересира и е моето хоби. За среќа можев да го искористам за да помогнам во градењето на црквата“, вели Трап.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Утврдено е кој ќе управува со наследството на починатиот Лијам Пејн

Имотот на Лиам Пејн е назначен. Шерил, мајката на осумгодишниот Бер, син на покојниот член на One Direction, ќе управува со неговиот имот.
Според судските документи до кои дојде списанието „Пипл“, во тоа ќе биде заедно со адвокатот Ричард Марк Бреј, откако Пејн почина без тестамент. Според извештајот, вредноста на средствата на Пејн во Обединетото Кралство, по одбивањето на долговите и трошоците, е околу 32,2 милиони американски долари.
Сепак, според судските документи во кои увид имал Би-би-си, Шерил и Бреј засега имаат само ограничени овластувања да управуваат со парите додека не се издаде општ сертификат за наследување.
Во меѓувреме, на Шерил и адвокатот не им е дозволено да распределуваат ниту еден дел од имотот.
Пејн почина во октомври, на 31-годишна возраст, откако падна од балкон на третиот кат од хотел во Аргентина.
Забава
„Енергија без филтри, музика без маски и емоција без компромиси“, „Ареа“ најави специјален концерт на 𝟣𝟢. мај

Македонската рок група „Ареа“ која одбележува повеќе од децении од своето формирање, ќе одржи специјален концерт на 10. мај (сабота) во „Јавна Соба“ во Скопје, каде што публиката ќе има можност да доживее едно блиско и енергично музичко искуство со автентичниот звук што ја одбележа „Ареа“ низ годините.
„Да си свој е најгласниот звук што можеш да го свириш“, вели гитаристот Ивица Брчиоски, кој од почетокот е дел од ова музичко патување. Во интервју по повод јубилејот, Брчиоски се навраќа на скромните почетоци, снимањето на првиот албум во студиото на МРТ – „место каде што пред нас снимале легенди како ‘Леб и сол’ и ‘Бјело дугме’“ – и потенцира дека клучот на успехот е доследноста и искреноста.
И по седум издадени албуми и стотици настапи, „Ареа“ останува верна на својот стил и на директната комуникација со публиката. Брчиоски посочува дека денешната сцена е поинаква – доминираат бројките и алгоритмите, но суштината на музиката е да биде доживување, а не производ.
Концертот во „Јавна Соба“ ќе понуди токму тоа – енергија без филтери, музика без маски, и емоција без компромис. Публиката може да очекува избор од најдоброто од дискографијата на „Ареа“, во атмосфера што ја нагласува блискоста и искреноста на живиот настап.
Забава
Џастин Балдони направи изненадувачки потег: среде кавга со Лајвли, ја затвори својата фондација

Џастин Балдони направи неочекуван потег среде правна битка со Блејк Лајвли. Тој одлучи да ја затвори својата добротворна фондација, Wayfarer Foundation, која го дели името со неговото продуцентско студио.
Самата фондација ја потврди веста преку својот Инстаграм профил. „Со едногласна одлука на одборот на директори, денес го започнавме процесот на затворање на фондацијата. Ќе ги почитуваме сите постоечки обврски додека полека ги намалуваме операциите во текот на следните неколку недели“, напиша Стив Саровиц, коосновач на фондацијата.
Лајвли првпат ја поднесе тужбата во декември минатата година, тврдејќи дека Балдони започнал „клеветничка кампања“ против неа поради тензиите на снимањето на филмот „It Ends With Us“ и дека тој сексуално ја вознемирувал. Балдони возврати со контратужба за клевета од 400 милиони долари против Лајвли, Рејнолдс и „Њујорк тајмс“, кој објави обемна статија за нејзините тврдења.
Претходно, имаше информации дека Тејлор Свифт и Хју Џекмен ќе бидат повикани да сведочат на судењето меѓу Балдони и Лајвли, кое е закажано да започне на 9 јуни следната година. И Свифт и Џекмен претходно беа вклучени во драмата меѓу актерите, но сега наводно би можеле официјално да бидат повикани на суд.