Контакт

Забава

Во Израел уапсен човек кој живеел со 17 жени

Објавено пред

Израелец кој живеел со 17 жени и со кои имал 10 деца е повикан на Суд со обвинение за сексуално злоставување, силување и чување во ропствo. Полицијата изјавила дека осомничениот Гоел Ракон има 60 години.

dobivaj vesti na viber

Израелец кој живеел со 17 жени и  со кои имал 10 деца е повикан на Суд со обвинение за сексуално злоставување, силување и чување во ропствo.

Полицијата изјавила дека осомничениот Гоел Ракон  има 60 години. Инаку Ракон има и свои следбеници кои сметаат дека треба да живеат како него и го сметаат за нивен учител, нарекувајќи го „спасител на универзумот“.

Шеесетгодишниот престапник бил тема на многу документарни телевизиски емисии во кои жените го опишувале како месија.

Според полицијата Ракон бил законски бил оженет со една жена, а  при претресот во неговата куќа биле пронајдени уште 17 жени, и 40 заробени деца./крај/ројтерс/ит



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Хороскопски знаци на кои им е тешко да најдат пријатели

Објавено пред

Пријателството е една од најскапоцените врски во животот, но додека стекнувањето пријатели е лесно и природно за некои, за други може да биде вистински предизвик.

dobivaj vesti na viber

Во светот на хороскопите, одредени знаци, поради нивните специфични карактеристики, честопати наидуваат на пречки кога станува збор за поврзување со другите, објавува Index.hr.

Без оглед на причината, без разлика дали станува збор за недоверба, резервираност или едноставно поинаков поглед на светот, пронаоѓањето на вистинските пријатели понекогаш е многу потешка задача за овие знаци.

Јарец
Јарците се познати по својата сериозност, амбиција и резервираност. Иако се исклучително сигурни и лојални, нивниот ладен и далечен прв впечаток честопати ги одбива потенцијалните пријатели.

Тие не влегуваат во врски лесно, им треба долго време за да стекнат доверба кај друга личност.

Покрај тоа, поради нивниот фокус на работата и целите, тие често ги занемаруваат социјалните аспекти на животот, што може да создаде впечаток дека нивните пријатели не се приоритет.

Само оние кои се доволно трпеливи да го пробијат тој заштитен оклоп ја откриваат својата топла, лојална страна.

Шкорпија
Шкорпиите се длабоки, интензивни и емоционално сложени. Нивната природна сомничавост и стравот од предавство честопати ги спречуваат брзо да се отворат кон другите. Тие бараат длабоки, искрени пријателства и не се грижат за површни врски.

Сепак, нивната тенденција да контролираат и повремено тајно однесување можат да создадат ѕид меѓу нив и потенцијалните пријатели.

Само кога ќе почувствуваат дека можат целосно да му веруваат на некого, Шкорпиите дозволуваат да се развие вистинско пријателство и тогаш се подготвени да направат сè за оние што ги сакаат.

Девица
Девиците се перфекционисти во секој аспект од животот, вклучувајќи ги и меѓучовечките односи.

Нивната тенденција да анализираат и критички да размислуваат честопати им отежнува да најдат пријатели кои ќе ги исполнат нивните стандарди.

Покрај тоа, Девиците можат да бидат резервирани и претпазливи, што понекогаш може да дејствува како емоционална дистанца.

Луѓето може да ги сметаат за премногу строги или резервирани, иако длабоко во себе копнеат по вистинска врска. Откако ќе прифатат некого, Девиците се исклучително грижливи и лојални пријатели.

Водолија
Водолиите се познати по својата оригиналност, независност и понекогаш ексцентричен начин на размислување. Иако се отворени и пријателски расположени, нивната емоционална дистанца и потребата за личен простор честопати им го отежнуваат длабокото поврзување.

Можеби имаат многу познаници, но вистинските, блиски пријатели се ретки.

Нивната склоност кон идеализам, а понекогаш и непредвидливо однесување, може да биде збунувачка за оние што бараат стабилност во врските. Сепак, оние кои ја прифаќаат својата единственост ќе бидат наградени со лојално пријателство.

Рак
Иако Раковите се многу емотивни и интуитивни, токму оваа емоционална длабочина често станува пречка за стекнување пријатели. Тие се плашат да не бидат повредени и предадени, па затоа градат заштитни ѕидови околу себе кои не се лесни за рушење.

Нивната чувствителност може да доведе до повлекување дури и при најмала закана.

Им треба долго време да се чувствуваат сигурно во врска, но откако ќе стекнат пријатели, Раковите се исклучително грижливи, сочувствителни и подготвени да дадат сè за оние што ги сакаат.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Само во Флорида: Босоног човек се бори со алигатор

Објавено пред

Од

Невообичаена глетка ги пречека возачите на Флорида вчера на раскрсница на автопат во јужен Џексонвил. Имено, тие можеа да видат бос човек како се бори со голем алигатор на тревата помеѓу сообраќајните ленти.

dobivaj vesti na viber

Видео објавено од канцеларијата на шерифот на округот Џексонвил го прикажува лиценцираниот ловец на диви животни Мајк Драгич како се бори со влекачот долг неколку метри.

Прикажи повеќе...

Забава

Диди ја одби спогодбата: му се заканува доживотен затвор

Објавено пред

Од

Судот во Њујорк потврди дека Шон „Диди“ Комбс го отфрлил договорот за признавање на вина од федералните обвинители, кој би му дал намалена затворска казна во замена за признавање на вината, објави ABC News. Одлуката е донесена само три дена пред почетокот на неговото судење, кое вклучува сериозни обвиненија за рекетирање, трговија со луѓе и организирање проституција.

dobivaj vesti na viber

Судијата Арун Субраманијан лично го праша музичарот дали ја одбил понудата на обвинителите. „Да, да, Ваша Чест“, одговори Комбс на сослушувањето.

Деталите за одбивањето не се објавени. Судењето започнува во понеделник со избор на порота, додека воведните зборови се закажани за 12 мај.

Комбс се соочува со доживотен затвор доколку биде прогласен за виновен по сите точки од обвинението.

Обвинителите тврдат дека познатиот продуцент со години принудувал жени на сексуални односи. Во обвинението се тврди дека тој водел криминална организација која систематски злоупотребувала повеќе жртви низ целата земја.

Еден од клучните сведоци ќе биде неговата поранешна партнерка, пејачката Кеси Вентура, која јавно го обвини за силување и долготрајна злоупотреба во 2023 година. Тој случај брзо беше решен надвор од судот, а деталите од спогодбата не се познати.

Адвокатите на Комбс најавуваат одбрана врз основа на тврдењето дека станува збор за „свингерски начин на живот“, што нивниот клиент не го сметал за проблематичен бидејќи, според адвокатот Марк Агнифил, тоа било „вообичаено и општествено прифатено во одредени кругови“.

За време на судењето се очекуваат исклучително шокантни сведоштва. Обвинителите најавија сведочења за „години физичко малтретирање, принудни сексуални маратони и повеќекратни силувања“.

Комбс е во притвор во Бруклин од неговото апсење во септември 2024 година. Тој беше уапсен откако властите ги претресоа неговите луксузни вили во Лос Анџелес и Мајами, каде што наводно беа пронајдени автоматски пушки АР-15 и илјадници шишиња лубрикант.

Се очекува судењето да трае помеѓу осум и десет недели.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет56 минути

Разузнавачки служби: Целите на Путин се променија

Нови разузнавачки информации споделени од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус...

Македонија2 часа

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“,...

Свет2 часа

Венс: Војната во Украина нема да заврши набргу

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши наскоро, додека американскиот државен...

Македонија3 часа

Субвенции за струја за ранливи домаќинства: обработени 745 апликации, следува исплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка...

Свет3 часа

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот...

Топ14 часа

Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип. Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој...

Топ14 часа

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во...

Свет14 часа

Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина. „Ова е првиот опиплив исход...

Македонија20 часа

Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките. Според Владата,...

Македонија22 часа

Сиљановска-Давкова: Работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот: Денеска го славиме 1 Мај – Меѓународниот...

Македонија23 часа

„Платите во Македонија се мизерни“ – синдикалците побараа минимална плата од 500 евра

Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори. Сојузот на синдикати на Македонија...

Македонија23 часа

(Видео) Власта за четири месеци потрошила 30.000 евра на јадење по ресторани, вели Кузеска од СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека во држава каде што работниците бројат денови до платата, министри од ВМРО-ДПМНЕ трошат...

Топ23 часа

Приведен полицаец од Струмица кој пукнал во канцеларија додека проверувал пиштол

Полицијата го приведе нејзиниот колега, А.Б.(52),  кој се сомничи за предизвикување опшгта опасност. На 30 април во службена просторија на...

Македонија1 ден

Работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во честитката за 1. Мај

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нови економски политики и подобрување на стандардот, работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од...

Свет1 ден

Шефот на Пентагон му се закани на Иран: Знаеме точно што правите, ќе се соочите со последици

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го предупреди Иран дека ќе се соочи со последици за поддршката на Хутите, група...

Свет1 ден

Америка и Украина го потпишаа долгоочекуваниот договор за минералите

Вашингтон и Киев го потпишаа долгоочекуваниот договор за природните ресурси на Украина по неколкумесечни напнати преговори. Иако деталите од договорот...

Македонија1 ден

Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата. Од АМСМ велат дека времето на...

Топ2 дена

По четири години поминати во бегство фатен затвореник од Идризово

Полицијата го приведе А.А. од Скопје, 54-годишен затвореник од Идризово, баран со централна и меѓународна потерница поради бегство од затворот....

Македонија2 дена

Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар...

Македонија2 дена

Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање...