Контакт

Забава

Берлин без сонце веќе 12 дена

Објавено пред

Жителите на Берлин веќе 12 дена не виделе сонце, со што урнаа уште еден метереолошки рекорд од почетокот на годинава, јавија во понеделник германските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Жителите на Берлин веќе 12 дена не виделе сонце, со што урнаа уште еден метереолошки рекорд од почетокот на годинава, јавија во понеделник германските медиуми.

Како што соопштија метереолошките служби, најдолгиот период во кој сонцето не се пробило низ облаците е забележан во 1965 година, кога германскиот главен град цели 11 дена останал без сонце.

Синоптичарите  највавуваат дека над Берлин, кој инаку е окован во дебела снежна покривка и во кој веќе три недели се бележат температури под нулата, првите сончеви зраци се очекуваат да се пробијат веќе во средина на неделава.

Истражувањата покажуваат дека секој четвртти германски граѓанин има промена во расположението и здравствени проблеми кои настануваат поради недостаток од светлина.

Синдромот познат како “зимска депресија” зафати околу пет отсто од германците , особено жените во средните години./крај/тн/вм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Таа е разведена 4 пати – и повторно носи веренички прстен

Објавено пред

Латино дивата Џенифер Лопез носела дури шест веренички прстени во целиот свој живот, а сега тој број ќе се зголеми откако Џеј Ло стана заштитно лице на компанија за накит, па ќе има многу повеќе накит на нејзината рака.

dobivaj vesti na viber

Пејачката не бира средства кога станува збор за внимание, па по луксузната индиска свадба каде што таа беше главна тема, сега сè „разбранува“ уште повеќе.

Според Page Six, станува збор за турски бренд, а Џенифер ќе добие 10 милиони долари за самата промоција. Се прашувал дали тоа е воопшто ниска цена со оглед на тоа за кого станува збор.

„Порано склучуваше многу поголеми зделки. Лесно добиваше 20, 30, па дури и 50 милиони за вакви промоции, па бев само шокиран. Тоа е малку за Џеј Ло“, рекол изворот.

Сепак, како што понатаму тврди изворот, фокусот тука не се парите и, всушност, латино дивата воопшто не е заинтересирана за тоа. Суштината е сосема поинаква.

Сепак, тоа е помалку важно кога ќе сфатите дека фотографијата на Џеј Ло како позира во венчаница и со прстен на прстот брзо стана вирална, па рекламата беше повеќе од успешна.

„Таа сака да остане во центарот на вниманието, бркајќи ја младоста. Таа не е од оние луѓе кои очајно бараат пари. Мислам дека Џеј Ло е во фаза каде што прави сè за да остане релевантна“, додаде извор на Page Six.

Џенифер Лопез се мажела четири пати, а моментално е слободна, но ужива во тоа. Нејзиниот последен брак беше со Бен Афлек, а вереничкиот прстен што тој ѝ го даде наводно вредел до 10 милиони долари. Пред него, Џеј Ло беше верена со Алекс Родригез, а беше и во брак со Марк Ентони, со кого имаше близнаци.

Нејзината турбулентна љубовна историја вклучува и кратки бракови со Крис Џуд и Охана Ноа.

фото: епа

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Ќерката на Синди Крафорд има добитна комбинација за вечерно излегување

Објавено пред

Каја Гербер, наследничката на легендарната Синди Крафорд, неодамна беше фотографирана на вечерно излегување во Беверли Хилс.

dobivaj vesti na viber

За таа пригода, убавицата одлучи да облече едноставна комбинација која многу кажува – за почеток, дека црниот фустан е секогаш во тренд.

Како што можете да видите, Каја го избра претходно споменатиот мини фустан кој ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината витка фигура, но и нозете.

На својот стајлинг додаде и крзнено палто во индиго сина боја од брендот „Манго“, кое го „разби“ ова монохроматско издание и му даде драматичност на нејзиниот изглед.

Целото издание го заокружи со минималистичка шминка во голи тонови, но и со брановидна коса што ѝ паѓаше по рамената.

фото: епа

Прикажи повеќе...

Забава

Најсуровите луѓе се родени под три хороскопски знаци

Објавено пред

Нивното однесување не мора да значи дека се лоши луѓе, но честопати оставаат впечаток на личност која не сака длабоко да се вложи во разговори.

dobivaj vesti na viber

Понекогаш среќаваме луѓе кои изгледаат ладни или имаат емоционална дистанца од другите луѓе. Нивното однесување не мора да значи дека се лоши луѓе, но честопати оставаат впечаток дека е тешко да се трогнат или омекнат нивните срца.

Ваквите луѓе знаат како остро да реагираат, да донесуваат тешки одлуки и да дејствуваат без многу емоции. Нивната сила лежи во фактот дека ретко покажуваат слабост, но токму затоа оние околу нив ги перцепираат како најсурови.

Според астрологијата, овие хороскопски знаци ги поседуваат овие карактеристики.

Шкорпија
Шкорпиите се интензивни, непоколебливи и познати по длабоките емоции што ги кријат зад студената фасада. Кога се чувствуваат повредени или предадени, нивната реакција може да биде сурова и немилосрдна.

Тие не забораваат лесно и имаат способност да погодат каде најмногу боли. И покрај ова, нивниот став произлегува од силната потреба да ги заштитат своите граници. Луѓето често ги перцепираат како поопасни отколку што се навистина затоа што не се откажуваат од своите верувања.

Јарец
Јарците се чини дека не се способни да имаат емоции бидејќи ретко покажуваат чувства и ги мерат вредностите преку резултати.

Во ситуации што бараат ладна глава, тие лесно донесуваат тешки одлуки без многу преиспитување. Поради ова, оние околу нив ги сметаат за строги, па дури и сурови, иако тие само сакаат да одржуваат ред и стабилност. Сепак, зад нивниот цврст став лежи силен фокус на долгорочни цели.

Овен
Овните се импулсивни, директни и не штедат зборови кога се вознемирени или под притисок. Нивната брзина на реакција може да изгледа сурова бидејќи често кажуваат работи што другите никогаш не би ги кажале гласно.

Тие знаат како да дејствуваат без размислување и затоа оставаат впечаток на личност на која ѝ недостасува трпение или разбирање. Нивната искреност е сурова, што ги прави особено интензивни во конфликтите. Сепак, зад нивната експлозивност обично постои потреба проблемот веднаш да се реши.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

(Видео) Најмалку 44 мртви, 279 исчезнати во стравичниот пожар во Хонг Конг

Стравичниот пожар што беснееше во станбен комплекс во Хонг Конг одзеде најмалку 44 животи. Пожарникарите сè уште се борат со...

Свет13 минути

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање...

Свет16 минути

Хамас побара евакуација на неговите борци кои останаа заробени во тунелите

Палестинската екстремистичка група Хамас ги повика земјите-посредници да извршат притисок врз Израел да им дозволи на десетици нејзини борци да...

Македонија12 часа

Муцунски во Стразбур: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството на граѓаните не може да бидат предмет на преговарање

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен...

Македонија15 часа

ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето „Димо Хаџи Димов“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на...

Македонија16 часа

Гаши: Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат

Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со сите...

Македонија18 часа

Мицкоски: Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија18 часа

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв каква услуга ќе добијам, рече Беќаровски

Партизацијата тотално го деградира квалитетот на јавното здравство и затоа итно се потребни системски промени за кои мора посилно да...

Македонија19 часа

Повеќе од 900 жени годинава жртви на семејно насилство: „Оваа бројка е повик за итна акција“

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките....

Македонија20 часа

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачите, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија,...

Македонија21 час

Се зголемува бројот на напуштени кучиња со активен микрочип

Јавното претпријатие „Лајка“ предупредува на континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно...

Свет21 час

(Видео) Русија реагира на обелоденетиот телефонски разговор меѓу Виткоф и советникот на Путин

Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп...

Регион22 часа

(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што сѐ исфрли морето на брегот

Шокантни слики доаѓаат од Јадранот, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило...

Свет22 часа

(Видео) Дали, конечно, е блиску крајот на војната во Украина: остануваат три клучни пречки

Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“...

Свет23 часа

(Видео) Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што,...

Свет23 часа

„Донецк и размената на територии“: целиот транскрипт од разговорот меѓу луѓето на Трамп и Путин

Блумберг објави транскрипт од телефонски разговор помеѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии, и...

Свет1 ден

Трамп се откажа од ултиматумот за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се повлече од ултиматумот што ѝ го даде на Украина да го прифати американско-рускиот мировен...

Свет1 ден

Претседателот на Тајван: Ќе предложам да потрошиме уште 40 милијарди долари за одбрана

Тајван ќе воведе дополнителни 40 милијарди долари за одбрана за да ја нагласи својата решителност да се брани, изјави претседателот...

Свет1 ден

Кина: Ќе ги потиснеме сите странски обиди за мешање во ситуацијата за Тајван

Кина денес предупреди дека ќе ги „потисне“ сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван, откако Јапонија објави планови...

Свет1 ден

Објавени транскриптите, Виткоф до човекот на Путин: Знам што е потребно за да се постигне договор

Пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, по успехот на мировниот договор за Газа, минатиот месец оствари телефонски разговор со висок функционер...