Забава
Сомнителна табла со натпис „Даунинг стрит“ повлечена од продажба
Британската аукциска куќа „Бонамс“ одлучи да не ја понуди на продажба уличната табла од 19-ти век со натпис „Даунинг стрит“ за која се тврдеше дека некогаш била поставена на најзначајната улица во британската политика.
Британската аукциска куќа „Бонамс“ одлучи да не ја понуди на продажба уличната табла од 19-ти век со натпис „Даунинг стрит“ за која се тврдеше дека некогаш била поставена на најзначајната улица во британската политика. Според проценките експертите од „Бонамс“, таблата ќе достигнеше цена од 6.000 фунти (околу 10.000 евра). Таблата е повлечена од продажба по тврдењето на еден градски одборник од Кембриџ, кој изјави дека таблата потекнува од тој град, а не од Лондон. На „Даунинг стрит“ во Лондон веќе три века се наоѓа канцеларијата на претседателот на владата. Таа е именувана по името на трговецот со недвижности од 17-от век, Џорџ Даунинг. /крај/бе/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Пријателите на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли за правниот процес со Балдони: „Сè се одвива во позадина“
Пријателите на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли открија како двојката се носи со правниот процес со Џастин Балдони.
Британскиот актер Хамфри Кер, во интервју за „Телеграф“, објасни дека парот поминува низ големи проблеми.
„Рајан и Блејк поминаа низ тешка ситуација во последните 18 месеци и на некој начин сè уште поминуваат низ тоа“, рече тој.
Додаде дека интересот на јавноста се зголемува и намалува, но дека ситуацијата и понатаму се одвива во позадина.
Лајвли го тужеше Балдони за сексуално вознемирување, што тој го негираше. Исто така, се очекува Лајвли и Балдони да сведочат на новото судење во март 2026 година.
Адвокатот на Балдони претходно изјави дека тој знае што не направил, како и што направил.
„Тој сака вистината да излезе на виделина и сака тоа да го направи на соодветен начин. Го чека својот ден на суд, каде што ќе може да проговори и да ја каже вистината“, рече.
Забава
(Видео) Аца Лукас објави видео со „Јовано Јованке“ завиткан во македонското знаме и напиша „Ја сакам Македонија“
Српскиот пејач Аца Лукас, на „Инстаграм“ утрово околу 3.30 часот, сподели видео од изведба на песната „Јовано Јованке“.
На видеото од настапот тој е облечен во македонското знаме, и во описот на видеото порача „Ја сакам Македонија“, по што доби поддршка од македонските фанови во коментарите.
View this post on Instagram
Ова се случува откако синоќа беше приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект во овој град. МВР соопшти дека при акциска контрола спроведена од полицијата, во координација со инспектори и Управата за јавни приходи, било утврдено дека пејачот настапувал без потребната дозвола, по што му била изречена парична казна.
При контролата во истиот угостителски објект биле констатирани и прекршоци за неиздавање на фискална сметка и Законот за пушење. Констатирано било и дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволеното, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од Министерството за внатрешни работи. Пејачот засгеа не излезе со официјална изјава за инцидентот.
Забава
Како изгледале сестрите Кардашијан пред славата, oбјавена серија фотографии
Кортни Кардашијан сподели носталгични фотографии од 1999 година, од периодот пред семејството да стане светски познато. На Инстаграм објави серија од седум стари фотографии, меѓу кои најмногу внимание привлече божиќна слика на која таа, Ким и Клои позираат во исти пижами со леопардов дезен, држејќи подароци со идентичен украсен папир.
Во текстот се споменува и подкаст-интервју во кое Ким зборувала за раните години на славата и признала дека жали што таа и Кортни не застанале јавно многу порано во одбрана на Клои, бидејќи медиумите различно ја третирале поради изгледот.
Семејството Кардашијан стекна глобална популарност во 2007 година со стартот на реалити-серијалот „Keeping Up with the Kardashians“, коe брзо стана културен феномен и ги отвори нивните денешни медиумски и бизнис-успеси.
View this post on Instagram

