Контакт

Забава

Крај на светот на Дубаи начин

Објавено пред

Архитектите од Дубаи замислиле како да направат совршен свет во мало, не далеку од брегот на градот.

dobivaj vesti na viber

Архитектите од Дубаи замислиле како да направат совршен свет во мало, не далеку од брегот на градот.  Но нивниот свет не само што не изгледа совршено туку се чини и дека е потопен од истото море во кое е издигнат.Фотографијата на овој уметнички архипелаг, ја снимил астронаутот од меѓународната вселенска станица, а таа говори сама за себе.Амбициозниот проект „Светски острови“, е лансиран во 2003 година, и неговата цел беше да се привлечат славните и богати клиенти кои би купиле околу 300 острови. Во наредните пет години, компанијата Nakheel Properties, ги направи темелите на архипелагот од 3,1 милијарди метри кубни песок и 47 милиони тони камен.

Како што моментално изгледа, работите се на работ на пропаст, бидејќи проектот е стопиран поради рецесијата, а „светот“ полека тоне и островите почнале да се спојуваат еден со друг. „Малку или скоро ништо не е видливо од инфраструктурата на тој архипелаг,“ пишува на веб страницата на НАСА. /крај/хи/ко.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Најзгодната српска манекенка предизвика хаос на интернет: позираше во минијатурно бикини

Објавено пред

Познатата српска манекенка Софија Милошевиќ е доста активна на социјалните мрежи. Таа често споделува разни семејни фотографии, романтични моменти, но и свои провокативни изданија.

dobivaj vesti na viber

Бидејќи е сезона на одмори, и убавата Софија одмара, но редовно ги информира своите обожаватели за сè.

Нејзините најнови фотографии предизвикаа хаос веднаш по објавувањето. Софија позираше во минијатурно бикини со леопардски принт во провокативни пози, а коментарите за нејзиниот изглед само се нижеа.

Атрактивната убавица уживаше на јахтата, но тоа беше апсолутно неважно кога нејзината зачудувачка фигура беше во кадарот.

„Бомба“, „Најубавата и најжешка манекенка“, „Гориш“, „Кукла“, „Многу си убава“, „Кралица“, беа дел од коментарите.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Тие не се плашат од емоции: непоправливите романтичари се родени во три знаци

Објавено пред

Во светот на хороскопите, секој знак има свои посебни квалитети, но некои едноставно блескаат кога станува збор за љубовта.

dobivaj vesti na viber

За нив, романсата не е само фаза или минлива емоција – тоа е начин на живот. Тие секогаш бараат подлабоки врски, сакаат срдечни изненадувања и не се плашат да ги покажат своите чувства.

Еве три хороскопски знаци кои често се сметаат за најголеми романтичари во Зодијакот.

Рак – нежност и посветеност на секој начин
Раковите се познати по нивната емоционална длабочина и способност да се поврзат со својот партнер на интимно ниво. Нивната романса не е само за големи гестови, туку и за мали, секојдневни знаци на внимание – топол оброк, срдечна прегратка или нежна порака во вистинско време.

Тие сакаат сигурност и чувство на дом во врската, и кога ќе најдат некого на кого можат да му веруваат, тие се трудат најдобро што можат да ја одржат и развијат таа врска.

Риби – сонувачи кои веруваат во вистинска љубов
Рибите се непоправливи романтичари, склони кон идеализирање на љубовта и верување дека постои таа совршена личност таму некаде. Нивната креативна природа често се изразува преку песни, писма, цртежи или мали изненадувања.

Тие се подготвени да инвестираат енергија и време во создавање посебни моменти, а во врската бараат партнер со кого можат да ги споделат своите соништа и внатрешен свет. Рибите сакаат да даваат, но исто така сакаат кога нивниот партнер им покажува колку ги цени.

Вага – Љубовта како уметност
За Вагите, љубовта е нешто што треба да се негува со истата грижа како најскапоценото уметничко дело. Тие се стремат кон хармонија, убавина и заедништво, и сакаат да го почастат својот партнер со романтични вечери, заеднички патувања или изненадувачки излегувања.

Вагите го сакаат чувството на вљубеност и уживаат во фазата на освојување исто колку и во долгорочните врски. Нивната способност да го стават партнерот во центарот на вниманието ги прави еден од најпосакуваните знаци за романтична врска.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Лени Кравиц (61) позираше без маица и ги покажа стомачните мускули

Објавено пред

Лени Кравиц (61) ги воодушеви своите обожаватели со својата најнова објава на „Инстаграм“.

dobivaj vesti na viber

Тој позираше без маица и ги покажа стомачните мускули. „Лас Вегас. 43 степени“, стои во описот на објавата кадешто собра еден куп комплименти.

„Како е овој човек на 61 година?“, „Не можам да кажам ништо пристојно“, „Би сакал да го запознаам“, „Изгледаш одлично“, „Сите зумираме како да нема утре“, напишаа следбениците во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)

Музичарот го одржува својот младешки изглед со здрав начин на живот и редовен тренинг, за што често зборуваше во претходните интервјуа.

Тој одгледува поголем дел од својата храна, а неговото мени е претежно растително.

„Јадам многу чисто“, рече музичарот, нагласувајќи дека внимава што внесува во своето тело.

Вежбањето е подеднакво важен дел од неговата рутина – тој сака кардио, особено возење велосипед, и тренира каде што може. Подготовките за турнејата подразбираат целосен фокус: без алкохол, цигари и ноќни излегувања, со задолжителни осум часа сон.

„Тоа е комбинација од гени, грижа за себе, напорна работа и дисциплина“, објасни Кравиц, додавајќи дека доследноста во овие навики ги зајакнува сите други аспекти од неговиот живот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион42 минути

(Фото/Видео) Просториите на СНС во Нови Сад се целосно демолирани во вчерашните протести

Вчера вечер, нови големи протести се одржаа на улиците на Србија, во сите поголеми градови. 21.20h nema vise sns prostorija...

Македонија15 часа

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се вратија на работа, се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот за здравство, Азир Алиу, информираше...

Македонија15 часа

Демократската партија на Турците го напушти „Европскиот фронт“, на локалните избори ќе настапи сама

Демократска партија на Турците на Македонија, соопшти дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, ќе настапи...

Македонија15 часа

(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под...

Македонија16 часа

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет16 часа

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина сугерирајќи дека Москва...

Топ17 часа

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во...

Македонија17 часа

Пуштена клучката Подмоље, власта уверува дека на автопатот Охрид – Кичево се работи забрзано

Денеска е пуштена во употреба клучката Подмоље, која го спојува Охрид со Струга, како и Македонија со Албанија, информира потпретседателот...

Македонија18 часа

Откриена царинска измама со увоз на месо во висина од 7 милиони денари

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги при контрола на 21 увоз на месо од увозник открија царинска измама...

Европа20 часа

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј...

Македонија22 часа

„Филипче да одговори дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„На лицемерието на СДС му нема крај. Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот...

Македонија23 часа

Активни два пожара на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно...

Македонија24 часа

ДОМ: Катастрофално однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран, Владата ги заборави работниците

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на „катастрофалното однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран“. ДОМ...

Регион24 часа

Вучиќ: Тешка вечер за граѓаните на Србија, со некое чудо успеавме да го зачуваме мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека...

Европа24 часа

(Видео) Украинците нападнаа рафинерија за нафта во Волгоград, избувна пожар

Во напад со дронови во текот на ноќта беше погодена рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и...

Свет1 ден

Откриено е што ѝ понуди Трамп на Украина во замена за прекин на огнот; Оптимизам во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери и на украинскиот претседател дека САД се подготвени да обезбедат безбедносни...

Свет1 ден

Каде ќе се одржи самитот Трамп – Путин? Локацијата има големо историско значење

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин в петок ќе се одржи во Елмендорф-Ричардсон, воена база...

Регион1 ден

(Видео) Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ...

Свет1 ден

Британски „Тајмс“: Новиот план на Трамп – Украина ќе ги зачува своите граници, но територијата ќе биде окупирана од Русите?

Русија и САД разговарале за израелската окупација на Западниот Брег како можен модел за завршување на војната во Украина, дознава...

Свет1 ден

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...