Контакт

Забава

Во метеор откриени материјали поцврсти од дијамант

Објавено пред

Два вида на јаглеродни кристали пронајдени во метеорот Хаверо, кој во 1971 година падна во Финска, се наоѓаат на прво место на табелата на најцврсти природни материјали на Земјата.

dobivaj vesti na viber

Два вида на јаглеродни кристали пронајдени во метеорот Хаверо, кој во 1971 година падна во Финска, се наоѓаат на прво место на табелата на најцврсти природни материјали на Земјата. Тристан Феро, професор на Универзитетот во Лион, во списанието Earth and Planetary Science Letters, соопшти за откритието на неговиот тим кој го пронашол новиот материјал поцврст  од дијамант. Феро го открил материјалот кога дијамантската бушилка не успеала да го пробие материјалот што се наоѓал во метеорот. Феро вели дека гледал јаглеродни соединенија кои дополнително се зацврстувале од високата температура и притисокот што се создаваат при влезот на метеорите во Земјината атмосфера и на кои ниту дијамантската бушилка не им можела ништо. Новооткриените минерали се првите кои остануваат рамномерно имуни на дупчење од било која насока. Од двата откриени минерала, еден е од видот дијаманти за кои научниците претпоставуваа дека постои уште пред неколку децении, но до сега не бил пронајден во природата. Вториот е целосна енигма, а првите истражувања покажуваат дека настанал со соединување на слоеви графит и тоа на начин сличен на оној при производството на вештачките дијаманти. /крај/дн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Ана Ивановиќ ги „крши“ правилата во смел фустан на Вимблдон

Објавено пред

Ана Ивановиќ не престанува да објавува фотографии на социјалните мрежи, а во секоја изгледа сè поубаво.

dobivaj vesti na viber

Познатата тенисерка Ана Ивановиќ ужива во животот. Убавата Србинка никогаш не била толку активна на социјалните мрежи, но откако се појави веста за нејзиниот наводен развод од Бастијан Швајнштајгер, Ана сврти нов лист.

Таа веќе импресионираше со своите модни изданија неколку пати, и се чини дека ужива во поминувањето време со семејството и пријателите повеќе од кога било.

Како една од најдобрите тенисерки во светот во еден момент, Ана присуствуваше на женското финале на Вимблдон и уште еднаш воодушеви со своето модно издание.

Фустан со средна должина со цветни мотиви, но овој пат со малку посмело деколте, ја направи поранешната тенисерка една од најдобро облечените на турнирот.

Таа го комплетираше својот летен изглед со кафеави сандали со потпетици и беж шапка. Нејзината облека остана софистицирана и покрај тоа што отстапуваше од класичните правила на Вимблдон.

Не требаше долго време коментарите под нејзината објава да „експлодираат“, што стана редовна практика во последните месеци.

Прикажи повеќе...

Забава

Можеби не се најубави, но… Неодоливите мажи се родени во неколку хороскопски знаци

Објавено пред

Некои мажи дури и не мораат да зборуваат, тие само влегуваат во соба и сите очи се вперени во нив.

dobivaj vesti na viber

Не затоа што се нужно најубави, најсилни или најгласни, туку затоа што го поседуваат тоа нешто недостижно. Шарм. Таа комбинација од изглед, однесување, тон на гласот и внатрешна енергија што се задржува во умовите на луѓето долго откако ќе си отидат.

Кои се овие хороскопски знаци?

Вага
Мажот Вага не мора многу да зборува за да остави впечаток. Неговиот стил, дотеран изглед и нежно однесување ги освојуваат луѓето уште од првиот контакт. Вагите знаат како да слушаат, да ги гледаат луѓето во очи и имаат тој џентлменски пристап што ве тера да се чувствувате како да сте во сцена од стар црно-бел филм.

Нивниот шарм лежи во елеганцијата, внимателноста и природната способност да ја балансираат енергијата во општеството. Тие не се наметливи, туку секогаш се забележани. А комплимент од Вага? Тој секогаш доаѓа во вистинско време и звучи искрено.

Лав
Лавот не мора да се обидува да биде шармантен, тој едноставно е. Неговото однесување, самодоверба и топлина се магнетни. Лавот знае како да се претстави, знае кога да влезе во простор и знае што да каже за да остави впечаток. Но, неговиот вистински шарм лежи во неговата дарежливост и искрен интерес за другите.

Кога Лавот покажува внимание, тоа не е површно. Тој сака да ве импресионира, но сака и да ве заштити. Неговото присуство често носи чувство на сигурност и забава во исто време. И да, тој знае како да се насмевне на начин што е незаборавен.

Близнаци
Никогаш не е здодевно со маж Близнак. Неговиот шарм е брз, духовит и лесен. Може да води разговор за сè, секогаш има подготвено нешто и знае како да ги насмее сите околу него. Луѓето ја сакаат неговата веселост, неговата опуштена природа и неговата способност да создава забава во најобичните моменти.

Иако се чини дека постојано скока од тема на тема, токму оваа спонтаност и леснотија го прават неодолив. Никогаш не знаете што го чека, а тоа е шарм на кој е тешко да се одолее.

Риби
Мажите родени под знакот на Риби не привлекуваат внимание поради нивната гласност, туку поради нивната длабочина. Тие имаат поглед што како да ги чита вашите мисли и начин на зборување што звучи како да сте ги чекале цел ден. Рибите пленат со емоции, чувствителност и чувството дека некој навистина ве гледа.

Нивниот шарм е поетски. Тие знаат како да слушаат без да прекинуваат, знаат како да допираат со зборови без да наметнуваат. И иако често се чувствуваат непријатно кога се во центарот на вниманието, токму оваа скромност ги прави уште попривлечни.

Шкорпија
Шкорпијата не ве освојува со широка насмевка. Ве гледа како да знае сè за вас и не кажува многу бидејќи знае дека веќе направил доволно. Неговиот шарм не е за секого, но оние кои го чувствуваат знаат дека е тешко да се заборави. Шкорпијата делува самоуверено, длабоко и малку мистериозно. И токму оваа комбинација буди љубопитност.

Мажот Шкорпија знае што сака и не се плаши да покаже интерес. Но, секогаш умерено, секогаш во вистинско време. Неговата привлечност не е случајна, тоа е моќта на тивката самодоверба и емоционалната контрола.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Џастин Бибер објави нов албум

Објавено пред

Од

Пејачот Џастин Бибер го издаде својот прв албум по четири години, насловен Swag. Седмиот албум со 21 песна беше неочекувано објавен денеска, а пејачот зборува за своите искуства како сопруг и татко, среде онлајн шпекулациите за неговиот брак со Хејли Бибер.

dobivaj vesti na viber

Бибер почна да објавува тизери на Инстаграм синоќа, а мистериозни билборди се поставени на локации низ целиот свет. Новиот албум е опишан како „едно од неговите најлични музички дела досега“.

 

Хејли, ќерка на американскиот актер Стивен Болдвин и сопруга на Бибер од 2018 година, за Vogue во мај изјави дека постпородилниот период бил „многу тежок“ и дека раѓањето на нивниот син Џек Блуз Бибер во август минатата година било „едно од најтешките нешта“ низ кои морала да помине.

Swag го следи албумот Justice од 2021 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица, се чека околу половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Топ11 часа

11-годишно дете и маж се тешко повредени откако возилото излетало низ дупка во оградата кај Прилеп

11-годишно дете и маж се здобиле со тешки телесни повреди, откако попладнево нивниот автомобил излетал од експресниот пат Прилеп–Градско и...

Македонија13 часа

Границите во колапс, по еден час се чека на Табановце и на Богородица

Зголемена фреквенција на возила и чекање од околу еден час се евидентирани на граничните премини Табановце и Богородица, информира Авто-Мото...

Свет14 часа

Зеленски: 1.800 дронови и 1.200 бомби врз Украина за една недела, Русија го засилува теророт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за ескалација на теророт врз цивилното население, откривајќи дека во последната недела врз...

Топ14 часа

Охриѓанка тешко повредена откако ја удрило комбе додека била на велосипед

56-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата рано наутро,...

Македонија15 часа

Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и годинава беше дел од манифестацијата „Галичка свадба“, каде што одблизу ги проследи свадбарските обичаи...

Македонија17 часа

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот од трагичниот настан што се случи на 12 јули 2025 година...

Економија17 часа

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево-Охрид

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, денеска се пуштени во употреба. Овој...

Македонија19 часа

Петрушевски: Приведени осомничени за подметнување пожари, дел поврзани со опозицијата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека последните пожари што ја зафатија околината на Скопје, според досегашните информации, не биле...

Македонија22 часа

МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со...

Македонија22 часа

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа...

Култура22 часа

(Видео) Охридското лето се отвори, и уметноста прозборе – музиката и мајчинството во хармонија на Античкиот театар

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, синоќа величествено беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ со...

Топ23 часа

Семејна драма во Прилеп, убиени малолетно дете и неговиот татко, напаѓачот си пресудил сам

Во семејна трагедија што се случи синоќа во прилепската населба Точила, животот го загубија три лица, меѓу кои и едно...

Македонија24 часа

Македонија под топлотен бран, температурите до 38 степени

Македонија денеска е под влијание на топол воздушен бран што носи високи температури и претежно сончево време. Според Управата за...

Македонија2 дена

Ангелов: Најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори...

Македонија2 дена

Обезбедување од МВР ќе ја чува Данела Арсовска 24 часа

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка...

Македонија2 дена

ОЈО сомничи двајца за насилство врз градоначалничката Арсовска

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја...

Македонија2 дена

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товор на Фондот за здравствено осигурување...

Македонија2 дена

Пожарникарите се бореа со огнови на 38 места во државава, 30 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30...

Македонија2 дена

Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д....