Контакт

Забава

Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин на последната вечер на „Пиво фест“ Прилеп

Објавено пред

Манифестацијата „Пиво фест“ во Прилеп денеска влегува во завршницата и ова е последниот четврти фестивалски ден. Се очекува кулминација на фестивалската забава и на посетеноста, соопштија во сабота на прес-конференција организаторите, локалните власти и невладината „Центар за граѓански иницијативи“.

dobivaj vesti na viber

„Вечер ќе биде кулминацијата на годинашниов фестивал. Се очекува да се срушат сите досегашни рекорди на посетеност. За забавата на гостите од земјава и од странство ќе се погрижат Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин. Ги очекуваме гостите од сите страни, како впрочем и изминатите три фестивалски вечери“, рече градоначалникот Марјан Ристески.

 

Според организаторите, вчерашниот фестивалски ден беше за паметење.

 

Со големата забава на музичките ѕвезди Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ, градот беше преполн со гости.

 

Имаше околу 100.000 гости и фестивалската вечер помина мирно и без никакви инциденти. Сообраќајот се одвиваше без проблем. Плоштадот и 30-ината штандови со пиво и скара беа претесни да ги примат посетителите.

 

Фестивалот ќе заврши со спектакуларен огномет, а во недела организаторите ќе ги сумираат бројките од „Пиво фест 2015“ – во изедена скара, испиено пиво и во бројот на посетеноста во сите четири фестивалски дена./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ѕвездите од серијата „Емили во Париз“ повеќе не се заедно: „Згодните момци не се мој тип“

Објавено пред

Ѕвездите на „Емили во Париз“, Ешли Парк и Пол Форман, наводно, ја завршија својата врска, која ја започнаа за време на снимањето на популарната серија на Нетфликс.

dobivaj vesti na viber

Иако двојката сè уште не дала официјална изјава, гласините се чини дека се вистинити.

Ешли и Пол се запознаа на снимањето на „Емили во Париз“ и за прв пат беа видени заедно во 2023 година, иако ја потврдија својата врска дури следната година, на посебен начин.

Потоа Ешли откри на социјалните мрежи дека преживеала септичен шок, а меѓу другото, му се заблагодари на Пол, кој цело време бил покрај неа.

Интересно е и тоа што таа влегла во врска со Пол откако раскинала со еден актер, по што мислела дека никогаш повеќе нема да сака врска со колега.

„Првото нешто што Пол ми го кажа беше дека никогаш не бил во врска со глумица. Мислев дека се шегува“, изјави Ешли Парк за „Космополитен“, додавајќи дека згодните момци како него „не биле нејзин тип на маж“.

„Не знам зошто, но некако секогаш прво мислам дека овие мажи не се за мене и дека не можат да бидат за мене“, беше искрена актерката.

За време на нивната врска, тие често објавуваа заеднички фотографии на социјалните мрежи и имаа голем број обожаватели.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Актерката во центарот на вниманието поради нејзиното лице, изгледа сосема различно од претходно: „Која е оваа личност?“

Објавено пред

Холивудската актерка Ема Стоун предизвика бура од коментари на социјалните мрежи кога се појави на Неделата на модата во Париз.

dobivaj vesti na viber

Таа присуствуваше на модната ревија на Луј Витон и не беше во центарот на вниманието поради нејзиното модно издание. За таа пригода, таа избра елегантен бел памучен фустан без прерамки и додаде џемпер, но нешто друго беше во фокусот…

Нејзиното лице привлече внимание, па дури и ја засени ревијата, сè затоа што беше непрепознатлива.

„Каде е Ема Стоун?“, „Ова не е Ема Стоун“, „Што ѝ се случи“, „Нејзиното лице е сосема поинакво“, „Која е оваа личност“, „Сигурно направила нешто со лицето“, беа некои од коментарите.

И навистина, Ема е сосема поинаква. Иако изгледаше многу убаво, неверојатно е каква промена и се случила. Успеа да ги збуни сите свои обожаватели.

Актерката сè уште не се изјаснила за ова, па затоа сè уште не е познато дали претрпела некаква корекција или постигнала сè со добра шминка.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Тие имаат посебна моќ врз луѓето: најголемите манипулатори во хороскопот

Објавено пред

Манипулацијата често се прикажува како негативна особина, но во суштина е уметност на влијание врз другите.

dobivaj vesti na viber

Некои луѓе ја користат за да ги постигнат своите цели, додека други развиваат способност да читаат емоции и да пронајдат слаби точки кај своите соговорници.

Според ѕвездите, постојат хороскопски знаци кои имаат изразен дар за убедување и контрола на ситуацијата, понекогаш на суптилен начин што е тешко за другите да го забележат. Нивната комбинација од интуиција, интелигенција и снаодливост ги прави особено вешти во односите со луѓето.

Шкорпија
Шкорпиите се познати по нивната длабока емоционална интелигенција и способност да ги препознаваат скриените мотиви на другите. Тие лесно наоѓаат слабости и ги користат за да ја насочат ситуацијата во своја корист. Нивната страсна природа често им дава дополнителна моќ над луѓето околу нив.

Тие секогаш внимателно набљудуваат и анализираат, а кога ќе одлучат да дејствуваат, го прават тоа промислено и со цел да ја одржат контролата. Затоа често се сметаат за мајстори на манипулација.

Близнаци
Близнаците се исклучително комуникативни и знаат како да се прилагодат на секоја ситуација, што ги прави многу убедливи. Нивната способност за брзо размислување им овозможува лесно да пронајдат зборови што оставаат силен впечаток. Тие често користат хумор, шарм и интелигенција за да ги обликуваат мислењата на другите.

Иако нивните намери можеби не се секогаш лоши, тие лесно можат да ги заведат луѓето и да ги убедат во она што го сакаат.

Риби
Рибите имаат силна интуиција и емоционална чувствителност, што им овозможува длабоко да ги разберат другите луѓе. Кога сакаат, можат да ја искористат оваа способност за да ги свртат околностите во своја корист.

Нивната тенденција да драматизираат и да предизвикаат симпатија честопати гарантира дека ќе го добијат она што го сакаат. Рибите се вешти во создавање впечаток на жртва, што е моќно оружје во манипулацијата. Иако однадвор може да изгледаат благи и повлечени, зад ова лежи голема способност да влијаат на одлуките на другите луѓе.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек

Вечерва од Свети Николе, каде се одржа граѓанската трибина од караванот „Се бориме за нашиот дом“, Претседателот на СДСМ, Венко...

Македонија43 минути

Мицкоски: Црвените линии на СДСМ и Венко се нов подарок за Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Ѓорче Петров во рамки на кампања за локалните избори 2025 истакна...

Македонија46 минути

Филипче од Велес: Маја Хеско за урбан ред во Велес, нова сала, затворен базен и средено Езеро Младост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Велес го истакна разочарувањето на граѓаните од владеењето...

Македонија51 минута

Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, се обрати од денешниот народен митинг,...

Македонија59 минути

Димитровски: Скопје не треба да биде град кој ги мачи скопјани, туку град кој им служи на скопјани

Даме Димитровски, носител на листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во...

Македонија1 час

Стојкоски: Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за општина „Ѓорче Петров“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на...

Македонија1 час

Мицкоски: СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори...

Македонија1 час

Хеско: ДПМНЕ не направи ништо за Велес, време е да им го вратиме градот на граѓаните

Кандидатката за Градоначалничка Маја Хеско, од трибината во Велес, ја презентираше својата програма , со која вели дека Велес повторно...

Македонија2 часа

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа во...

Македонија3 часа

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025...

Македонија3 часа

Костадиноски: Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо за модерно Јегуновце со инвестиции во паркови, во спортот и во младите

Димитар Костадиноски, кандидат за градоначалник за општина Јегуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната...

Македонија3 часа

Стојаноска: Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Јегуновце во рамки на кампањата за локалните избори која...

Македонија5 часа

Мицкоски: На овие избори изберете 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за напредок и развој на Македонија

На денешниот народен митинг во Брвеница во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија5 часа

Илиевски: Приоритет за наредните четири години е градинка во село Челопек и дом за стари лица во Брвеница

Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник за општина Брвеница од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на...

Македонија5 часа

Максим Димитриевски: Мириса на победа уште во првиот круг

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на голема промотивна конвенција во Куманово ги претстави кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски и...

Македонија8 часа

(Видео) Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за...

Свет8 часа

(Видео) Десетици повредени по руски напад врз железничка станица во Украина

Руските сили ја нападнаа железничката станица во Сумската област на северот од Украина, а во нападот беше погоден и патнички...

Македонија9 часа

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Битола во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври која...

Македонија10 часа

(Видео) Петрушевски: СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која...

Македонија10 часа

(Видео) Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Кандидатот за советник во Град Скопје од СДСМ, Емил Николовски, денеска на прес-конференција го критикуваше кандидатот за градоначалник на Град...