Забава
Бел тартуф од Италија продаден во Њујорк за 61.000 долари
Бел тартуф од Италија со тежина од 1,89 килограми е продаден на наддавање во Њујорк во организација на аукциската куќа Sotheby’s за сума од 61 илјада американски долари.
Според претставници на аукциската куќа, станува збор за најголемиот деликатес кој некогаш е продаден на наддавање. Сопственик на тартуфот е анонимен купувач од Тајван кој на аукцијата учествувал телефонски.
Ова големо парче од габата којашто е особено ценета меѓу кулинарите и гастрономите, било пронајдено во Италија во 2013 година. Белиот тартуф се наоѓа само во одредени области на Италија, и тоа во периодот од октомври до декември. Откривањето на овие печурки е можно само од искусни „ловци“ и со специјално обучени кучиња.
Покрај извонредниот вкус, реткиот бел тартуф во периодот на светската финансиска криза од 2008 година стана и добра можност за вложување, бидејќи неговата цена за килограм скокна од 1.500 на 3.000 евра за големите примероци, додека за малите и средните изнесуваше околу 2.500 евра за килограм./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Кралицата на латексот повторно се „стегна“ во фустан и го покажа своето совршено тело
Позната по своите атрактивни изданија, ријалити ѕвездата Кајли Џенер повторно го привлече вниманието на јавноста. Фотографите неодамна ја фотографираа на едно вечерно излегување, а за таа пригода таа одлучи да облече уште еден фустан од латекс.
Kylie Jenner parties in red latex dress after quashing Timothée Chalamet breakup rumours https://t.co/k2Ja3gFvYz
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) December 14, 2025
Ова е модел кој ги „прегрнува“ сите женски облини и ја нагласува нејзината витка фигура. Фустанот има и отворен грб, а овој детаљ дава доза на софистицираност на нејзиниот изглед.
KYLIE JENNER pic.twitter.com/t25j77E6f4
— acervo kylie jenner (@acervokyjenner) December 14, 2025
Својот стил го надополни со шминка во голи тонови од нејзината колекција за убавина „Kylie Cosmetics“, а своите долги црни прамени ги остави слободно да паѓаат по грбот.
Забава
Децата кои добиваат премногу подароци подоцна имаат 3 проблеми
Родителите обожаваат да им купуваат подароци на своите деца за време на празниците, но претерувањето може да доведе до несакани последици. Истражувањата покажуваат дека материјализмот е поврзан со пониски нивоа на среќа, а овие обрасци се формираат во детството, обликувајќи го начинот на кој децата учат благодарност, разбирање на трудот и чувство на задоволство.
Намерите на родителите се секогаш добри, но понекогаш подароците почнуваат да имаат спротивен ефект од наменетото. Психотерапевтот со повеќе од 25 години искуство, Шон Гровер, тврди дека родителите кои им купуваат на своите деца премногу подароци честопати ги забележуваат следниве проблеми подоцна.
1. Често деструктивно однесување
„Децата кои алчно зграпчуваат подароци за време на празниците честопати развиваат негативни социјални и емоционални обрасци подоцна. Една студија покажа дека таквите деца се посклони кон задолжување со кредитни картички, се посклони кон коцкање и компулсивно купување како возрасни. Краткиот наплив на среќа брзо исчезнува и тие остануваат со постојано чувство дека им треба повеќе“, објаснува Гровер за YourTango.
2. Пониска самодоверба
Трајната самодоверба се базира на идентитетот, а не на количината на работи што ги поседува детето.
Психотерапевтот истакнува: „Студиите потврдуваат дека нема врска помеѓу материјалните добра и среќата или самодовербата. Децата кои имаат помалку работи, но силни врски со родителите и врсниците, постигнуваат повисоки резултати на тестовите за самодоверба, имаат помалку проблеми во однесувањето и покажуваат поголема отпорност.“
3. Пад на долгорочната среќа
Истражувачите кои објавуваат во харвардскиот Journal of Happiness откриле дека луѓето ги ценат подароците што им ги даваат на другите повеќе од оние што ги купуваат за себе. „Оние кои даваат подароци, исто така, постигнуваат повисоки резултати на скалите за лично задоволство. Децата кои развиваат великодушност стекнуваат посилно чувство на поврзаност и поголема среќа, додека децата кои се фокусираат само на примање подароци, имаат поголема веројатност да развијат недостаток на емпатија и егоцентричност“, заклучи Гровер.
Забава
(Видео) За сите љубители на цветни дезени – оваа убавица има совршена комбинација
Позната по својот привлечен изглед, актерката Зои Салдана не погреши ни малку кога стануваше збор за избор на совршена комбинација за црвениот тепих.
Актерката неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“ во Мајами, а за таа пригода избра комбинација која „носи добра атмосфера“.
Станува збор за бел фустан украсен со цветни детали и дискретно деколте, кој ја нагласува витката фигура на актерката.
Треба да се напомене дека токму овие шарени цветни мотиви на фустанот придонесоа нејзиното појавување на црвениот тепих да го привлече вниманието на модните критичари, како и целата креација да биде окарактеризирана како уметничко дело.
Својот стил го надополни со златни додатоци, минимална шминка и класична фризура – ниска пунџа што го заокружи овој, навидум, едноставен изглед.
Со овој потег, Зои докажа дека цветниот дезен има многу поголема „моќ“ на црвениот тепих од кој било друг.

