Бизарно
Австралиски актер застрелан на снимање спот

Млад австралиски актер смртно е застрелан во понеделникот во текот на снимањето на музичко видео во бар во Бризбеј, соопшти локалната полиција.
Како што пренесува телевизијата ABC, сценариото на групата за клипот на хип-хоп бендот Bliss n Eso предвидувало престрелка во барот „Brooklyn Standard“. Во текот на снимањето еден од младите актери, според сценариото, бил погоден во градите од огнено оружје, но подоцна починал.
Лекарите го прогласиле мажот мртов откако се обидувале цел час да го реанимираат. Членовите на групата Bliss n Eso во моментот на инцидентот не биле на местото на настанот на кој се снимал спотот за нивната песна „Friend Like You“..
Полицијата го карактеризира настанот како „несреќа на работно место“. „Актерот се здобил со рана во пределот на градите и починал“, изјави портпаролот на полицијата Том Армит
Армит додаде дека уште не е познато со каква муниција, боева или маневарска, било наполнето оружјето на актерите. Истакна дека и при истрел со маневарски куршум од блиско растојание, може да се зададат сериозни повреди,
Претходно за овој спот групата на кастингот барала еден Азијат на возраст меѓу 11 и 14 години, белец во триесеттите години кој би бил дилер и еден маж кој би ја толкувал улогата на бездомник.
Хип-хоп групата Bliss n Eso е формирана во 2000 година. Досега издала пет студиски албуми од кои два се искачија на врвот на музичките топ-листи во Австралија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно
Библијата повлечена од училиштата во Јута: Содржи „вулгарност и насилство“ е образложението

Училишен округ во американската држава Јута ја отстрани Библијата од основните и средните училишта затоа што содржи „вулгарност и насилство“, пренесува Би-би-си.
Овој потег уследи по поплаката од родител дека Библијата (верзијата на кралот Џејмс) има содржини кои се несоодветни за деца.
Републиканската влада на Јута донесе закон во 2022 година со кој се забрануваат „порнографски или непристојни“ книги во училиштата.
Повеќето од книгите кои досега беа забранети се однесуваат на теми како што се сексуалната ориентација и идентитетот.
Забранувањето на Библијата доаѓа во време на поголеми напори на американските конзервативци во државите да ги забранат учењата за контроверзни теми како што се ЛГБТИ+ правата и расниот идентитет. Забрани за одредени книги кои се сметаат за навредливи се во сила и во Тексас, Флорида, Мисури и Јужна Каролина. Некои либерални држави, исто така, забранија книги во некои училишта и библиотеки, повикувајќи се на расна навредлива содржина.
Одлуката во Јута беше донесена неделава од училишниот округ Дејвис северно од Солт Лејк Сити по жалбата поднесена во декември 2022 година. Официјалните лица велат дека веќе ги отстраниле седумте или осумте копии од Библијата што ги имале на нивните полици, истакнувајќи дека текстот никогаш не бил дел од наставната програма на учениците.
Комитетот не го образложи својот потег или кои делови содржат „вулгарност или насилство“.
Според весникот Солт Лејк Трибјун, родителот кој се пожалил рекол дека Библијата на кралот Џејмс „нема сериозни вредности за малолетниците“ бидејќи е порнографска според нашата нова дефиниција“, повикувајќи се на законот за забрана на книги од 2022 година.
Бизарно
(Видео) Со автомобил по стрмни скали во тесните улички на историскиот медитерански град

Интернетот е место каде што можете да видите практично сè благодарение на сеприсутноста на паметните телефони опремени со камера. Така, интернетот е полн со „видео докази“ за различни ситуации во кои не би верувале без нив. Ова е еден таков случај – возачот на „рено меган“ се обидел да се спушти по стрмните скали во центарот на градот на историскиот град.
Инцидентот се случил во Авила, Шпанија, очигледно на еден од градските плоштади, каде неколку луѓе зачудено и збунето гледале што се обидува да направи возачот.
Видеото започнува кога автомобилот е веќе „заглавен“ на врвот од скалите, па не може да се каже што довело до оваа ситуација. Но овој потег на возачот е нелогичен, најмалку поради една причина – морало да му биде јасно на врвот од скалите дека се прилично стрмни и тесни. Како и да е, возачот решил дека е добра идеја да се спушти по нив.
Снимката е куса и не покажува како излегол возачот, но јасно е дека не било преку вратата.
Un conductor baja por unas escaleras con el coche y queda atrapado
📹 El Hoyo de Pinares, Ávila pic.twitter.com/oTQHMxnA8w
— SocialDrive (@SocialDrive_es) May 3, 2023
А дека не е единствен „оптимист“ покажува и оваа фотографија снимена на Санторини во Грција минатиот месец, кога турист заклучил дека сепак може да помине низ сокачето.
Бизарно
(Видео) Патник во авион направил драма за време на лет оти плачело бебе

На социјалната мрежа „Тик-ток“ се споделува видео од патник на летот на „Саутвест ерлајнс“ за Орландо, Флорида, кој вреска и арогантно им се однесува на родителите на бебето што плаче.
Бесот на човекот ги остави другите патници во тотална зачуденост. Како што пишува „Дејли мејл“, бебето непрекинато плачело 45 минути.
Неочекуваната ситуација се случила додека авионот бил во воздушниот простор во близина на Палм Бич и не можел да слета поради лошите временски услови.
Поради плачот на бебето, мажот почнал да зборува со повишен глас за тоа како ги платил билетите мислејќи дека ќе добие удобен лет, но не излегло ништо според планот поради вресокот на бебето. Видеото има повеќе од 167.000 прегледи на „Тик-ток“ откога беше објавено вчера.
Кога стјуардот се обидел да ја смири ситуацијата, тој му рекол: „Во ред, затоа што викаш…“, патникот го прекинал и рекол: „И бебето плаче“.
Стјуардот се обидел да му објасни дека е поинаку бидејќи тој всушност е возрасен, но нервозниот патник возвратил: „Дали тој кучкин син доплати за да може да вреска? Ј*** и замолчи.
Снимката е објавена пред два дена.
@mjgrabowski♬ original sound – bad_ideas_galore