Бизарно
ВИДЕО.Женска тепачка во турскиот парламент

Дискусијата за уставните реформи во турскиот Меџлис кулминираше со тепачка меѓу жените пратенички, покажува видео материјалот објавен во саботата на социјалните мрежи.
Три пратенички се хоспитализирани ноќта кон саботата во меѓусебната тепачка која кулминираше откако независната пратеничка Ајлин Назлиака се врза со лисици за говорницата во знак на протест на усвојувањето на уставните реформи за проширувањето на овластувањата на шефот на државата, пишува весникот Hurriyet.
Назлиака ги повикуваше пратениците да ги отфрлат предлозите за уставните реформи предложени од владејачката Партија на правото и развојот (АКР) во текот на дискусијата за клучниот осмиот член од законот, но нејзините политички опонентки се обидоа да ја ѝ ги извадат лисиците и да ја отстранат од парламентарната говорница.
Во расправијата којашто премина во физичка пресметка се вмешаа повеќепратенички и пратеници од различни парламентарни групи, по што во мешаницата повеќето биле полесно повредени, а три се хоспитализирани, од кои две со повреди на нозете, а една поради аритмија откако добила удар во градите./крај/мф/сн
https://www.youtube.com/watch?v=G6lKwcjVEzA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно
(Видео) Бритни Спирс доживеала нервен слом среде полн ресторан, сопругот побегнал

Пејачката Бритни Спирс, доживеала нервен слом во ресторан во Лос Анџелес во петокот вечерта, поради што дури и нејзиниот сопруг Сем Асгари го напуштил ресторанот.
Спирс била забележана во ресторан во Лос Анџелес каде вечерала со сопругот Сем Асгари. Ресторанот бил полн со посетители, кои веднаш ја препознале пејачката и почнале да ја снимаат. Штом забележала дека сите ја снимаат со телефоните, таа доживеала нервен слом.
Почнала да вика и зборува глупости, како што тврдат другите гости во ресторанот, не на друг јазик, туку со непрепознатлив говор. Нејзиниот сопруг поради тоа се изнервирал и истрчал од ресторанот. Набргу потоа телохранителот на пејачката ја извадил Бритни од ресторанот и се вратил да ја плати сметката.
Бизарно
Змија направи хаос во авион: патниците врескаа

Патниците на авионскиот лет од Тампа до Њујорк при слетувањето сфатиле дека во авионот има непоканет гостин.
Еден од патниците во леталото забележал змија под неговите нозе во моментот кога авионот слетувал на аеродромот „Newark Liberty“.
Како што пишува Си-ен-ен, полицијата и вработените на аеродромот веднаш реагирале и ја отстраниле змијата, а никој не бил каснат.
Патниците од бизнис-класата почнале да врескаат и да ги креваат нозете во паника, сведочел еден од патниците.
„United Airlines“ соопшти дека членовите на екипажот побарале помош од службениците на аеродромот откако патниците ги предупредиле за змијата.
Според Здружението за диви животни во Северна Каролина се работи за змија која не била отровна.
Бизарно
Лавови убиле човек кој ја прескокнал оградата на Зоолошка градина

Во главниот град на Гана, Акра, лавови убиле човек кој прескокнал преку ограда во зоолошка градина.
Мажот бил забележан во заграден простор во кој имало лав, лавица и две младенчиња, неколку моменти пред лавовите да го нападнат и убијат, јавува „Би-Би-Си“.
Полицијата го истражува мотивот на човекот, а според локалната веб-страница Majjojonline, мажот наводно се обидувал да украде младенче лав.