Бизарно
Мажи во Шведска вршеле стриминг од силување на жена

Тројца мажи се уапсени во Шведска под сомнение дека силувале жена, а еден од нив вршел стриминг во живо на затворена фејсбук група.
Според шведскиот таблоид Aftonbladet, наводниот криминал се случил во стан во шведскиот град Упасала, во недела наутро. Жртвата била речиси без свест.
Јозефине Лундгрен, на возраст од 21 година, ја алармирала полицијата во 8.24 часот во неделата наутро, откако сфатила што се случува на затворената група, која брои 60.000 членови.
„Тој и ги искина алиштата ја легна и тој легна врз неа“, вели Лундгрен.
„Ти беше силувана“, ѝ вели еден од мажите на жртвата на крај и почнува да се смее. „Три против една, ха, ха, ха“, коментира еден од членовите во групата.
Според телевизиската мрежа SVT, мажите направиле уште едно јавување во живо што траело и кога полицијата влегла да интервенира.
Маркус Свенсон од полицијата во Упсала потврди дека полицијата има копија од последната објава и дека има многу сведоци за случајот.
Жртвата била пренесена во болница да и се укаже помош и да се соберат докази.
„Срцето ми се скрши. Девојката седеше пред камера, додека момчето кое снимаше ја тераше да каже дека не била силувана“, вели Линда Јохансон, која го гледала вториот стрим.
И други кои гледале што се случува се чудат како може такво нешто да се прави и како тие луѓе ќе живеат понатаму.
Уапсените се родени 1992,1996 и 1998 година, што значи дека се на возраст од 18 до 25 години, и се помлади од жртвата која е родена 1986 година и има 31 година. Според Expressen, најстариот од момчињата има претходни пријави за дроги и насилство.
Истата фејсбук група и претходно го привлече вниманието на полицијата, кога ученици пренесуваа како се закануваат дека ќе убијат друг ученик./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно
Британец поставил замка за возачите кои паркирале пред неговата куќа

Сопственик на куќа во Велика Британија поставил голем камен како стапица за возачите кои паркираат на неговиот премин. Видеото е објавено на ТикТок и за кратко време стана вирално.
На двете видеа се гледа како автомобилите се обидуваат да се свртат и да го заобиколат каменот, но на крајот удираат во него и си го оштетуваат возилото. Иако возачите ги оштетиле возилата на тој камен, интересно е што во коментарите под видеото луѓето ја изразуваат својата поддршка за ваквиот начин на справување со возачите кои паркираат на туѓо место.
„ Веднаш набавувам камен“, „Најдобар начин да не го оштетите вашиот автомобил е да избегнете паркирањето на туѓ приватен имот. Едноставно е“, „Кој им дал на овие луѓе возачка дозвола?“, „Ова е одлично“ , „Ги сакам овие видеа“, „ Би можел да го гледам ова цел ден“, се само дел од коментарите.
Бизарно
Завршил на Ургентен центар оти го „погодила“ песна на Шабан Шаулиќ – лекарски извештаи од соседството мета на потсмев

На социјалните мрежи се појавија два наводни лекарски извештаи од Србија и Хрватска, во кои се опишани повредите со кои се здобиле две млади момчиња кои завршиле во Ургентен центар.
Еден белграѓанец по име Вељко завршил во ургентен центар поради песна на Шабан Шаулиќ. Имено, како што пишува во извештајот причина за посетата на лекар е „песната поради која скршил шише од главата“. Тој наведува дека се удрил со шише по глава бидејќи го погодила песната „Дојди да остариме заедно“ од Шабан Шаулиќ“, и тоа стои во описот како дошло до повредата.
Еден загрепчанец, пак, завршил во ургентен центар поради јагнешка коска со која го повредил окото. Имено, додека јадел самиот случајно се удрил во левото око.
„Денеска за време на ручек го удрило парче јагнешка коска во пределот на левото око. Држел мраз околу 20 минути, видот му е заматен, го гребе и има болки. Негира какви било други тегоби. Негира каква било алергија на лекови“, се наведува во извештајот.
Набргу по објавувањето на двата медицински извештаи, корисниците на социјалните мрежи масовно почнаа да споделуваат фотографии, најчесто со опис „Ќе живее овој народ додека има јагниња и песни на Шабан“.
Бизарно
Објавена листата на најглупавите земји: Хрватска е на прво место, а по неа – Србија

Веб-страницата „Топ-тенс“ објави листа на најглупавите земји во 2023 година.
Хрватска е на прво место, Србија е на четврто, а Босна и Херцеговина е на 18. место.
18 отсто од гласачите сметаат дека Хрватска е најглупава. Во коментарите зборуваше и корисник што тврди дека живеел таму.
„Луѓето ги мразат буквално сите нации и религии. Само прочитајте ги нивните коментари на социјалните мрежи, кои го потврдуваат тоа. Тие навистина не се двоумат да шират омраза на нтернет. Тоа е нормално за хрватскиот народ“, напиша тој.
Зад Хрватска се САД и Северна Кореја, а Србија е на четврто место со четири отсто од гласовите.
„Тие сакаа да бидат голема Србија на штета на нивните соседи, но станаа територијално намалени. Постои голема неписменост, општо незнаење и верување дека Србите се небесниот народ“, вели еден гласач.
Босна и Херцеговина освои два отсто од гласовите и со тоа го зазеде 18. место. Еден коментатор вели дека „голема казна е да ѝ се припаѓа на таа нација“.
„Луѓето се полни со омраза, завидливи и лажат дека се религиозни и морални, а 90 проценти од нив се вистински лицемери. Сакаат да изневеруваат и да зборуваат лошо еден за друг. Кога некој е успешен во БиХ, повеќето ќе направат сѐ за да го оспорат неговиот успех“, се наведува во коментарот.