Контакт

Бизарно

Американска фирма се извини за чизми со свастика, кои ги разграбаа неонацистите

Објавено пред

Американската компанија „Conal International Trading Inc“ издаде јавно извинување за чизмите чиишто ѓонови оставаат трага во форма на нацистичкиот кукаст крст.

dobivaj vesti na viber

На официјалната интернет страница на компанијата се соопштува дека целата пратка била повлечена од продажба, а челниците на компанијата „искрено се извинуваат на клиентите и на оние кои биле навредени од шарата на ѓонот“, пренесува британскиот весник The Sun.

Според претставникот на компанијата, шарата била погрешно отпечатена во кинеска фабрика. Притоа производителот истакнува дека во Азија свастиката се смета за еден од најстарите симболи на будизмот.

За „необичните“ чевли реагираше корисник на порталот Reddit. При купување на обувките тој заборавил да го погледне долниот дел и дури дома открил дека шарите имаат чуден изглед. „Обувките добро стојат на нозете. Тие се топли… Но не ми се по вкус“, напишал.

Се истакнува дека фотографијата приложена кон неговиот коментар за неколку дена ја виделе повеќе од три милиона луѓе.

The Sun пишува дека моделот особено станал популарен меѓу американските неонацисти. Така, еден од деснорадикалните блогери објавил дека секој неонацист кој држи до себеси, мора да набави барем еден чифт од овие чизми.

Откако обувките биле пуштени во продажба, до водството на компанијата се обратиле граѓански активисти и барале извинување, кое наскоро го добија. Компанијата, исто така, вети дека ќе спроведе внатрешна истрага и ќе ги казни виновниците./крај/мф/сн

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион48 минути

Вучиќ: Знаеме дека двајца снајперисти се во Белград, не можеме да ги најдеме веќе три дена

Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи во емисија на домашен медиум, изјави дека обоената револуција не успеала. Тој тврди дека блокадерите...

Свет2 часа

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите се одложени со часови

Повеќе од 3,2 милиони американски патници се соочуваат со одложувања и откажувања на летови, бидејќи отсуствата на контролорите на летање...

Европа2 часа

(Видео) Работник спасен од урната средновековна кула во Рим по 11 часа, починал во болница

Работникот кој беше заробен под урнатините на кулата Торе деи Конти во центарот на Рим повеќе од 11 часа почина...

Македонија14 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори. Гласањето како што информираше претседателот...

Топ16 часа

Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје. Тој околу 12:30 часот...

Македонија18 часа

За вакцинација против сезонскиот грип досега пријавени над 76 илјади граѓани, почна и вакцинацијата со комерцијалните вакцини за 700 денари

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонскиот грип за ризичните категории населени досега се пријавени над 76 илјади...

Македонија20 часа

(Видео) Мисајловски: Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори

Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. А владината коалиција, на овие...

Македонија21 час

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, поднесе оставка поради лошите резултати на локалните избори. Според...

Македонија21 час

Александар Стојкоски го доби уверението за втор мандат како градоначалник на општина Ѓорче Петров

Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров,...

Македонија22 часа

Глобален индекс на мирот 2025: Русија најнебезбедна земја во светот, Македонија на 51. место

Институтот за економија и мир (IEP) го објави својот годишен глобален индекс на мирот, сеопфатна анализа што рангира 163 земји...

Топ22 часа

Уапсен возач во Скопје: прегазил пешак и избегал од местото на несреќата

Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“...

Македонија23 часа

Во двор во семејна куќа во Битолско организирани борби со кучиња: поведена постапка против двајца

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233...

Македонија24 часа

„Влен“: Со еден глас Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!

„Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 мртви, а повеќе од 150 повредени во силниот земјотрес во Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро во понеделник, при што загинаа...

Регион1 ден

Брнабиќ: Поранешниот претседател на Србија, несреќа од човек, повикува на граѓанска војна

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро го критикуваше поранешниот српски претседател Борис Тадиќ откако тој ги повика граѓаните да...

Европа1 ден

Обвинител: Грабежот во „Лувр“ е дело на ситни криминалци, а не на професионалци

Спектакуларната кражба на накит од 88,4 милиони евра во музејот Лувр минатиот месец не е дело на професионални крадци во...

Свет1 ден

Трамп: Не размислувам да испратам ракети „томахавк“ во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел....

Македонија1 ден

(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60...

Македонија1 ден

(Видео) Фатмир Дехари падна од народот кој се обедини против раскалашеноста и недомаќинското работење, рече Мицкоски за победата во Кичево

Премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва многу порано отколку во првиот круг прогласи голема победа на...

Македонија1 ден

Орце Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја слави победата на денешните избори. Тој вели дека вечерва...