Контакт

Бизарно

Ричард Брансон како стјуардеса поради облог

Објавено пред

Ричард Брансон го одржа ветувањето и преправен во стјуардеса сопственикот на Формула 1 тимот Вирџин ги служеше со пијалак патниците на летот на воздухопловната компанија „AirAsia” сопственост на неговиот ривал Тони Фернандес, чиј тим Лотус во првенството во 2010 година беше подобро пласиран.

Облечен во сако и кусо црвено здолниште, британскиот милијардер Ричард Бренсон беше стјуардеса на летот кој трае пет часови, меѓу Перт во Австралија и малезиската престолнина Куала Лумпур.

Меѓутоа, како што се гледа од фотографиите Брансон ја сочувал неговата славна светла брада.

Брансон и Фернандес, кој работеше за првиот во музичката индустрија, се обврза дека ќе ги послужуваат патниците во ривалската воздухопловна компанија, зависно од редоследот на крајот од сезоната во 2010 година во Формула 1. Тимот на Лотус беше 10-ти, додека екипата на Вирџин беше 12-то пласирана. Облогот беше одложен поради тоа што Брансон се повреди на скијање./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Четиригодишно дете за 2.618 долари нарачало лижавчиња со ликот на Сунѓерот Боб

Објавено пред

Четиригодишно дете од Њујорк направило голема сметка за семејството кога од „Амазон“ тајно нарачал лижавчиња во форма на цртаниот лик – Сунѓерот Боб, во вредност од 2.618 долари.

Ноа Брајант од Бруклин нарачал 51 пакет во кој имало 918 лижавчиња да бидат доставени до куќата на неговата тетка, објави „Гардијан“.

„Амазон“ најпрво соопшти дека нема да се откаже од нарачката, па затоа мајката на момчето, инаку студентка по социјални служби, Џенифер Брајант, треба да плати голема сума. Но, приказната добила среќен крај – од „Амазон“ рекле дека тие се во контакт со семејството Брајант и дека ќе донираат лижавчиња за локалната хуманитарна заедница.

Во меѓувреме, страницата „GoFundMe“ собра повеќе од 11.000 долари за да им помогне на момчето и на неговото семејство.

Мајката рекла дека сите дополнителни пари што ќе бидат собрани ќе се наменат за образованието на Ноа, кој има нарушување на аутистичниот спектар (АСД).

„ Како родител на дете кое има АСД, донацијата ќе биде наменета за неговото образование и дополнителна поддршка. Немаме зборови за да опишеме колку сме благодарни на вас, искрено”, напиша Џенифер Брајант на страницата „GoFundMe“.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Универзитетска библиотека затворена поради отровни пајаци

Објавено пред

Библиотека во студентска населба на Универзитетот во Мичиген е затворена, но не поради пандемијата на Ковид-19, туку поради закана од отровни пајаци.

Универзитетските власти неодамна, за време на рутинска проверка, откриле пајаци во подрумот и во оддалечените згради на студентската населба во Ен Арбор, кои ги нарекуваат медитерански пустиник, објави „Си-би-ес њуз“.

„Почна чистењето на деловите од кампусот, каде што се појавија пајаците“, изјавила портпаролката на универзитетот, Ким Брокхајзен, за Си-би-ес.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Разводнување на почвата – необичен феномен по земјотресот во Хрватска

Објавено пред

По земјотресот во Хрватска, беше снимен необичен феномен, при што земјата распука и почвата стана течна.

Разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди областа Петриња во Хрватска, а се почувствува и во соседните земји.

Покрај Петриња, кој е во урнатини, и Сисак беше оштетен од потресите во низа.

Вчера во тој град беше снимено видео што покажува необичен феномен на разводнување на почвата, што се случува за време на силни земјотреси, пренесува „Новости“.

На снимката може да се забележат исплашени мештани, кои стојат на отворено, додека во земјата се отвораат пукнатини под нивните нозе и почвата станува течна.

Иако на неупатените им се чини дека можеби се излеала канализацијата, всушност, механичките својства на почвата се менуваат, при што таа ја губи својата цврстина и станува течна.

Овој феномен настанува поради попуштање на сврзаноста меѓу честичките на почвата, а е предизвикан од зголемениот притисок предизвикан од земјотресот.

Феноменот е познат подолго време, особено неговиот негативен ефект, кога почвата целосно ги губи својата издржливост и капацитетот на носивост.

Во 1964 година, по земјотресите во Јапонија и на Алјаска, деструктивниот ефект бил забележан од сеизмолози и градежни инженери.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили,...

Македонија12 часа

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија15 часа

29 починати и 561 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.384 тестирања, а регистрирани се 561 нов случај на...

Македонија16 часа

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија18 часа

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија20 часа

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија21 час

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија21 час

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија21 час

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија22 часа

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија23 часа

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион24 часа

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет24 часа

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија2 дена

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија2 дена

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет2 дена

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија2 дена

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет2 дена

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија2 дена

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион3 дена

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Досие