Бизарно
Бразилче со каснување усмрти отровница
По ненадејната „средба“ на 17-месечно дете со опасна отровна змија во Бразил, момченцето со каснување го усмртило рептилот, додека самото тоа не било повредено, пренесуваат во средата локалните медиуми.
Според радиото Gaucha, несекојдневниот случај се одиграл во градот Мостардас во сојузната Риу-Гранди-ду-Сул. Малечкото по име Лоренцо си играло во дворот, кога покрај него минала змија од видот жарарака, распространет во јужниот дел на Бразил, Аргентина и Парагвај, чиешто каснување за возрасни луѓе, а особено за деца, предизвикува мозочна хеморагија, бубрежна инсуфиенција и честопати може да биде фатално. Засега не е познато како момченцето успеало со каснување да ја усмрти змијата.
Мајката на детето, Џејн Фериера, изјавила за порталот G1 News дека кога излегла од куќата го видела својот син како си игра со змија и ја гризнува, а неговите рачиња и устата биле окрвавени. Додала дека морала да го повика сопругот за да ѝ помогне од рацете и од устата на малиот Лоренцо да ја истргнат змијата. Смета дека малиот најверојатно сметал дека отровницата е една од неговите играчки.
Веднаш по инцидентот Лоренцо бил однесен во болница, стравувајќи дека и тој самиот бил каснат. Сепак, лекарите не нашле знаци дека во неговиот организам има отров, уверувајќи ги неговите родители дека детенцето не настрадало и оти неговата здравствена состојба не е загрозена.
„Момченцето ја каснало змијата во близина на нејзината глава, со што ја парализирало и спречило да го касне. Беше многу вознемирено, и мислам дека тоа било инстинкт на самоодбрана, или можеби мислело дека е само играчка“, изјавил за порталот Глимар Калтери, доктор во болницата во којашто бил примен Лоренцо.
Претходните години светските медиуми известуваа за неколку слични случаи кога човек каснал отровница. Еден од нив беше случајот од август 2012 година во Непал, кога 55-годишниот Мохамед Салмо Мијија, при работење во оризово поле на околу 200 километри од главниот град Катманду откако бил каснат од индиска кобра ја усмртил, исто така, каснувајќи ја. „Можев да ја убијам со стап, но бидејќи бев толку разгневен, наместо тоа ја каснав“, раскажа тогаш Непалецот, кој исто така, не настрада во овој инцидент.
Медиумите го одбележаа и неверојатниот случај регистриран во јули 2010 година, кога отровница каснала жител на индиското село Санџаји. Неговите соселани веднаш со камења ја убиле змијата, по што се обложиле и 35-годишниот Завер Ратход ја проголтал мртвата змија за што добил 100 рупии, ниту 1,5 евро. Само неколку минути подоцна почнал неконтролирано да повраќа и побарал лекарска помош. Според докторите, отровот така не успеал да се прошири низ организмот, а веќе следниот ден тој се чувствувал многу добро. Дури и побегнал од болницата пред толпата новинари насобрани за да дознаат од него повеќе за бизарниот облог./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Бизарно
Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа
Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.
Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.
Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.
Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.
Бизарно
(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр
На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.
Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.
Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.
Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.
Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.
Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.
Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.
ALERTE – Des militantes pour le climat jettent de la soupe sur le tableau de La Joconde au musée du Louvre. @CLPRESSFR pic.twitter.com/Aa7gavRRc4
— CLPRESS / Agence de presse (@CLPRESSFR) January 28, 2024
Бизарно
УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена
Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!
Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.
Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.