Контакт

Бизарно

Чилеанка на 92 години носела мумифициран фетус

Објавено пред

Рутинскиот преглед по пад открил дека чилеанска баба на 92-годишна возраст носела мумифициран фетус тежок речи два килограма најмалку 50 години, пренесуваат локалните медиуми повикувајќи се на медицински извори.

dobivaj vesti na viber

„Станува збор за случајно откритие кои немало никаква врска со причината за прегледот на пациентката“, изјавил во петокот за радиостаницата Bio Bio, претставник на болницата во пристанишниот град Сан Атнониo, западно од чилеанската престолнина Сантјаго.

Старата жена итно била донесена болница од членови на нејзиното семејство, откако паднала. На рендген снимката на колковите бил откриен фетусот во околу седмиот месец, според развиеноста, и тежина од два килограма.

Од засега непознати причини, фетусот се мумифицирал непредизвикувајќи други проблеми и пречки, а жената тогаш ниту знаела дека е бремена. Медиумите наведуваат дека се вратила дома неколку часа по хоспитализирањето, без операција, имајќи ја предвид нејзината возраст, пренесува AFP.

Оваа ретка состојба во медицината е позната како литопедија и се случува кога фетусот умира во текот на бременоста, а пота се калцифицира надвор од матката. Според американската Национална библиотека за медицина, само околу 330 вакви случаи се забележани во медицинската историја, и не е невообичаено таквата состојба да остане недијагностицирана со децении.

Едно истражување спроведено во Индија минатата 2014 година го опиша сличниот случај откриен откако 60-годишна жена, се пожалила на грутка во стомакот и болки во текот на два месеца. Хирурзите потоа го откриле скелетот на фетус, за кој заклучиле дека бил во стомакот на пациентката од 1978 година./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија10 минути

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија2 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија3 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа4 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ4 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет5 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа6 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет6 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија6 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет16 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија19 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија22 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија2 дена

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија2 дена

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...