Контакт

Бизарно

Италијански студенти убиле колега за да видат како е да убиеш некого

Објавено пред

Голо тело на убиен италијански студент нашла полицијата во еден стан, во кој претходно имало забава на која се служело алкохол и дрога.
 

dobivaj vesti na viber

Голо тело на убиен италијански студент нашла полицијата во еден стан, во кој претходно имало забава на која се служело алкохол и дрога.

 

Лука Варани (23) бил убиен од двајца негови колеги, кои кога ги уапсила полицијата рекле дека сакале да почувствуваат како е да убиеш некого.Мануел Фофо и Марко Прато, биле уапсени во саботата, откако полицијата го пронашла голото тело на Варани во спалната соба во еден апартман во сопственост на Фофо во Колатино, во околината на Рим.Варани бил тортуриран, избоден и претепан со чекан, од двајцата студенти за време на дводневната забава во која се служело алкохол и кокаин.„Сакавме да убиеме некого само за да го видиме ефектот што ќе го има врз нас“, вели 30-годишниот Фофо пред јавниот обвинител. „Заминавме со автомобилот една ноќ претходно, со цел да запознаеме некого. Но, тогаш ни текна на Варани, кој го знаеше еден пријател на Марко Прато“, признава Фофо, студент по право, кој му го признал убиството на неговиот татко,  кој, пак, го пријавил злосторството во полиција.Во меѓувреме, Прато, сретнал мигрант во хотел близу плоштадот „Болоња“, кого планирал да го убие со барбитурати, јави  La Stampa. Дваесет и деветгодишникот сега е во болница, под надзор на полицијата.„Не знам што направивме“, рекол вознемирениот Прато низ солзи.Истражителите заплениле два кујнски ножа и еден чекан од станот во кој е извршено убиството./крај/мф/бб

Извор: Total



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ28 минути

МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди”...

Македонија58 минути

(Видео) Се’ уште чади во Трубарево преку песокот со којшто е затрупан отпадот, спречено е ширење на пожарот

Благодарение на брзата и координирана акција на скопските пожарникари, спречено е ширење на големиот пожар што вчера избувна во Трубарево,...

Свет2 часа

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до сојузниците во НАТО, барајќи воведување „големи“ санкции кон Русија и целосен прекин на...

Македонија2 часа

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем...

Македонија11 часа

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните супстанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија12 часа

Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи...

Македонија15 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија15 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија15 часа

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија17 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија19 часа

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија19 часа

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија20 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет23 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија1 ден

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија1 ден

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет1 ден

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет1 ден

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...