Контакт

Бизарно

Јапонец ја истури пепелта од сопругата во клозетска шолја

Објавено пред

Шеесет иосумгодишен Јапонец ја истурил пепелта од својата покојна сопруга во клозетска шолја во еден трговски центар и потоа самиот се пријавил во полицијата, пренесуваа во неделата јапонските медиуми повикувајќи се на полициското соопштение.

dobivaj vesti na viber

Додека огорчениот маж не ја признал својата постапка, на полицијата не ѝ било јасно од каде делови од човечки коски, вклучително и од долната вилица, се нашле во јавниот тоалет во трговски центар во Токио.

Мажот рекол дека нивните односи со годините станувале само полоши. „Се повеќе ја мразев. До нејзината смрт животот ми беше пекол“, рекол сопругот, пренесува весникот Yomiuri Shimbun.

Сопругата починала на 64-годишна возраст од болест. По кремирањето, сопругот одлучил веднаш да се ослободи од нејзините посмртни останки.

Државното обвинителство може да подигне обвинение против него, бидејќи според јапонските закони пепелта од кремираните покојници може да се истура само на за тоа одредени места, изјавил за AFP портпаролот на токиската полиција./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова: Кочани нè доведе до ѕидот на срамот, од овој процес ќе зависи дали судството ќе ја стекне, или трајно ќе ја изгуби довербата на граѓаните

2025 ќе остане врежана во нашите мисли и срца како година на ужасната трагедија во Кочани. Сите ние до крајот...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Сметам дека...

Македонија2 часа

На Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до...

Македонија4 часа

Од 1 јануари повисоки сметки за струја, РКЕ објави за колку ќе поскапи

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека изврши корекција на доставената...

Македонија7 часа

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање....

Македонија8 часа

(Фото) Николоски: Интензивно работиме на реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да...

Свет10 часа

(Видео) Американската војска изврши нов напад врз брод во Тихиот Океан, едно лице загина

Американската војска изврши уште еден напад врз таканаречен „нископрофилен брод“ осомничен за шверц на дрога во источниот Тихи Океан, при...

Свет10 часа

Судот нареди враќање на депортираните Венецуелци од Ел Салвадор во САД

Американски судија пресуди дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп мора итно да организира враќање на околу 137 Венецуелци кои беа...

Македонија10 часа

Намалена видливост на неколку патни правци

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до...

Свет11 часа

(Видео) Масовен прекин на струјата во Сан Франциско: роботските такси-возила предизвикаа сообраќаен хаос

Масовниот прекин на електричната енергија во Сан Франциско во текот на викендот доведе до застој на робот-такси возилата на Waymo,...

Европа11 часа

Зеленски: Мировните преговори се многу блиску до вистински резултат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговорите со САД и европските земји со цел да се стави крај на речиси...

Економија1 ден

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија1 ден

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија1 ден

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија1 ден

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија1 ден

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија1 ден

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија1 ден

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа1 ден

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...