Контакт

Бизарно

Мечка среде емисија нападна руска водителка

Објавено пред

 

Мечката Боња среде емисија на една руска телевизија нападна водителка, која пак, иронично, во тој момент говорела за тоа колку овие животни можат да бидат опасни, пренесуваат руските медиуми.

 

Мечката, носејќи црвено-жолт фустан и шешир, гостувала во емисијата „Про Љубов“ заедно со својот дресер и изведувала трикови на кои публиката аплаудирала. Животното повеќе изгледало како големо плишано мече отколку како опасно животно, коментираат медиумите.

 

Во моментот, пак, кога водителката сакала да ја погали Боња, таа инстинктивно се завртела и ја закачила со шепите со огромни канци, кои се закачиле за облеката на водителката и потоа ја соборила на земја.

 

„Те предупредив, не и приоѓај на мечката“, рекол дресерот. Жената поминала без никакви повреди, а откако станала од подот се извинила за инцидентот./крај/мф/бс

https://www.youtube.com/watch?v=qGHiyyBWvz0

Бизарно

Универзитетска библиотека затворена поради отровни пајаци

Објавено пред

Библиотека во студентска населба на Универзитетот во Мичиген е затворена, но не поради пандемијата на Ковид-19, туку поради закана од отровни пајаци.

Универзитетските власти неодамна, за време на рутинска проверка, откриле пајаци во подрумот и во оддалечените згради на студентската населба во Ен Арбор, кои ги нарекуваат медитерански пустиник, објави „Си-би-ес њуз“.

„Почна чистењето на деловите од кампусот, каде што се појавија пајаците“, изјавила портпаролката на универзитетот, Ким Брокхајзен, за Си-би-ес.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Разводнување на почвата – необичен феномен по земјотресот во Хрватска

Објавено пред

По земјотресот во Хрватска, беше снимен необичен феномен, при што земјата распука и почвата стана течна.

Разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди областа Петриња во Хрватска, а се почувствува и во соседните земји.

Покрај Петриња, кој е во урнатини, и Сисак беше оштетен од потресите во низа.

Вчера во тој град беше снимено видео што покажува необичен феномен на разводнување на почвата, што се случува за време на силни земјотреси, пренесува „Новости“.

На снимката може да се забележат исплашени мештани, кои стојат на отворено, додека во земјата се отвораат пукнатини под нивните нозе и почвата станува течна.

Иако на неупатените им се чини дека можеби се излеала канализацијата, всушност, механичките својства на почвата се менуваат, при што таа ја губи својата цврстина и станува течна.

Овој феномен настанува поради попуштање на сврзаноста меѓу честичките на почвата, а е предизвикан од зголемениот притисок предизвикан од земјотресот.

Феноменот е познат подолго време, особено неговиот негативен ефект, кога почвата целосно ги губи својата издржливост и капацитетот на носивост.

Во 1964 година, по земјотресите во Јапонија и на Алјаска, деструктивниот ефект бил забележан од сеизмолози и градежни инженери.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Селото со најбезобразно име повторно цел на крадци

Објавено пред

Веднаш по објавата на веста дека властите на селото „Факинг“ во Австрија, донеле одлука да го променат името во „Фугинг“, таблата со името на местото повторно е цел на крадци.

Ловците на сувенири ја искористиле можноста, пред да биде променето името од 1 јануари, ја украле таблата со називот „Факинг“, кое има свое значење на англиски јазик, поради што ова место во Австрија стана познато ширум светот.

Некои крадци, кои допатувале од соседна Германија, биле фатени на дело.

На порталите за продажба преку интернет се појавиле понуди за таблата со името на местото „Факинг“, за која се бара 2.499 евра. Откако лицето што ја поставило понудата, било навредувано од многумина и барале од него да го повлече огласот, соопштено е дека се работи за копија на знакот тежок 4,5 килограми, изработен во Виена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија4 часа

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија5 часа

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа5 часа

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија5 часа

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија7 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион7 часа

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет8 часа

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет8 часа

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет9 часа

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет9 часа

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија21 час

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија1 ден

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија1 ден

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија1 ден

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија1 ден

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет1 ден

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион1 ден

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет1 ден

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Досие