Контакт

Бизарно

Продадена куќата на озогласениот австриски монструм Јозеф Фрицл

Објавено пред

 

Куќата на озогласениот австриски монструм Јозеф Фрицл, инцестузниот татко кој во подрумот 24 години ја држеше заробена својата ќерка, е продадена и во неа ќе бидат уредени нови станови, објавиле локалните австриски медиуми.

 

Хербер Хуска, сопственик на локалната гостилница, изјавил дека заедно со сопругата и својот деловен партнер ја купил зградата во Амстетен, северна Австрија. „Таа не може засекогаш да остане празна. Во неа треба да се врати животот. За две години ќе биде куќа како и секоја друга“, рекол Хуска.

 

Куќата била продадена за 160 илјади евра, а подрумот во кој Фрицл ја чувал својата ќерка Елизабет и која за време на инцестуозната врска родила седум деца, веќе не постои, откако во 2013-та година целосно беше покриен со цемент.

 

Фрицл, кој сега има 81 година, во 2009-та беше прогласен за виновен за убиство на едно од децата на Елизабет, потоа инцест, заробеништво на својата ќерка, и му беше досудена казна од доживотен затвор./крај/мф/бс

Бизарно

Четиригодишно дете за 2.618 долари нарачало лижавчиња со ликот на Сунѓерот Боб

Објавено пред

Четиригодишно дете од Њујорк направило голема сметка за семејството кога од „Амазон“ тајно нарачал лижавчиња во форма на цртаниот лик – Сунѓерот Боб, во вредност од 2.618 долари.

Ноа Брајант од Бруклин нарачал 51 пакет во кој имало 918 лижавчиња да бидат доставени до куќата на неговата тетка, објави „Гардијан“.

„Амазон“ најпрво соопшти дека нема да се откаже од нарачката, па затоа мајката на момчето, инаку студентка по социјални служби, Џенифер Брајант, треба да плати голема сума. Но, приказната добила среќен крај – од „Амазон“ рекле дека тие се во контакт со семејството Брајант и дека ќе донираат лижавчиња за локалната хуманитарна заедница.

Во меѓувреме, страницата „GoFundMe“ собра повеќе од 11.000 долари за да им помогне на момчето и на неговото семејство.

Мајката рекла дека сите дополнителни пари што ќе бидат собрани ќе се наменат за образованието на Ноа, кој има нарушување на аутистичниот спектар (АСД).

„ Како родител на дете кое има АСД, донацијата ќе биде наменета за неговото образование и дополнителна поддршка. Немаме зборови за да опишеме колку сме благодарни на вас, искрено”, напиша Џенифер Брајант на страницата „GoFundMe“.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Универзитетска библиотека затворена поради отровни пајаци

Објавено пред

Библиотека во студентска населба на Универзитетот во Мичиген е затворена, но не поради пандемијата на Ковид-19, туку поради закана од отровни пајаци.

Универзитетските власти неодамна, за време на рутинска проверка, откриле пајаци во подрумот и во оддалечените згради на студентската населба во Ен Арбор, кои ги нарекуваат медитерански пустиник, објави „Си-би-ес њуз“.

„Почна чистењето на деловите од кампусот, каде што се појавија пајаците“, изјавила портпаролката на универзитетот, Ким Брокхајзен, за Си-би-ес.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Разводнување на почвата – необичен феномен по земјотресот во Хрватска

Објавено пред

По земјотресот во Хрватска, беше снимен необичен феномен, при што земјата распука и почвата стана течна.

Разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди областа Петриња во Хрватска, а се почувствува и во соседните земји.

Покрај Петриња, кој е во урнатини, и Сисак беше оштетен од потресите во низа.

Вчера во тој град беше снимено видео што покажува необичен феномен на разводнување на почвата, што се случува за време на силни земјотреси, пренесува „Новости“.

На снимката може да се забележат исплашени мештани, кои стојат на отворено, додека во земјата се отвораат пукнатини под нивните нозе и почвата станува течна.

Иако на неупатените им се чини дека можеби се излеала канализацијата, всушност, механичките својства на почвата се менуваат, при што таа ја губи својата цврстина и станува течна.

Овој феномен настанува поради попуштање на сврзаноста меѓу честичките на почвата, а е предизвикан од зголемениот притисок предизвикан од земјотресот.

Феноменот е познат подолго време, особено неговиот негативен ефект, кога почвата целосно ги губи својата издржливост и капацитетот на носивост.

Во 1964 година, по земјотресите во Јапонија и на Алјаска, деструктивниот ефект бил забележан од сеизмолози и градежни инженери.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион1 час

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт3 часа

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ5 часа

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија6 часа

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија6 часа

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија9 часа

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ11 час

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија11 час

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет11 час

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Македонија12 часа

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сѐ додека не бидат вакцинирани ризичните групи

Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 додека не се вакцинираат старите лица...

Македонија1 ден

Семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи ќе добие државен стан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи напиша дека на седница на Комисијата за станбени прашања било...

Македонија1 ден

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија1 ден

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија1 ден

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија1 ден

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија1 ден

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија1 ден

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија2 дена

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Досие